Промовирани огласи »

Во ЈСП – Скопје за оваа година се планираат 233 нови вработувања. Како што се предвидува во Одлуката за изменување на Годишниот план за вработување во ЈСП за 2019 година, што денеска се најде на одобрување пред советниците на Град Скопје, вработувањата се предвидени да одат по етнички клуч.

Најмногу, или 128 лица се планира да се вработат од албанската етничка заедница, потоа 38 од ромската, како и 14 Турци, 11 Бошњаци, 4 Власи, двајца Македонци, еден Србин и 13 од други националности. Интересно е дека во Секторот за поддршка на директорот на ЈСП, односно одделот за односи со јавност и меѓународна соработка ќе се вработат 10 извршители.

Новите вработувања во Годишниот план се оправдуваат дека се прават поради зголемен обем на работа, но и поради, како што се вели, планирани пензионирања и најавени заминувања од работа на 30 лица.

Граѓаните реагираат на вработувањата по етнички клуч. Велат дека не е само ЈСП случај туку речиси секаде во државните инстутуции, општините и јавните претпријатија, наместо вработување по стручност и квалитет, се добива работа по етничка застапеност.

Промовирани огласи »

Скопје ќе добие ново место за квалитетен урбан живот што ќе ја поддржи и унапреди таа позната скопска потреба од  „живеење со многу салтанати“.

Просторот околу старата железничка станица долги години бил центар на на скопските случувањата. По него Скопје било препознатливо, а од тука започнувале патувањата, средбите со различни култури и народи. Од тука започнувало познатото скопско “корзо” кое продолжувало до Ристиќевата палата, камениот мост и старата турската чаршија. На овој простор карактеристичен со својата автентичност со години се чувствувала размената на енергии и мешањето на различните култури, религии и народи што поминале низ овие простори. Во таа смисла Старата железничка станица, сегашен Музеј на град Скопје е симбол кој потсетува на отвореноста на Скопје да ја прифати различноста, промената, солидарноста и пријателството, потсетувајќи со својот сегашен изглед на големиот земјотрес од 1963 година.

Старата железничка станица е отворена во 1873 година, а му служела на градот повеќе од шест децении. Дело е на српскиот архитект Велимир Гавриловиќ и важела за една од поубавите железнички станици во Европа. Имала капацитет од 24 воза со околу 1.000 патници дневно што одново реферира на Скопје како една од главните балкански сообраќајници. Денес, Станицата и часовникот над главниот влез застанат во 5.17 часот, стојат како споменик на трагичниот момент на скопската историја, претставувајќи еден од најмаркантните градски симболи и урбани топоними, влезени во животите на многу скопјани.

А токму околината на овој простор со години наназад е несредена, неурбанизирана, избегнувана од граѓаните на Скопје. Простор кој е во централното градско јадро, а зјае празан, и го нагрдува целокупниот изглед на овој дел од Скопје.

Но, наскоро на ова место, Скопје ќе добие нова урбана компонента која ќе му овозможи одново поврзување на оската север-југ и исток-запад и ќе стане ново културно обележје и симбол на „новото Скопје“.  До 2021 година, овој дел од градот повторно ќе ги вклучи луѓето од Скопје, но на сосема поинаков начин. Околината ќе се обнови, но сепак ќе ги вклучува главните симболи на минатото.

На овој простор отсекогаш се чувствувала размената на енергии и мешањето на различни тенденции, религии и народи, така што заживување на овој дел од градот кој со децении беше во мирување ќе значи  многу. Со новата, функционална, а истовремено и  естетски возбудлива архитектура и ова ново комплексно, хармонично архитектонско дело, Скопје ќе добие европско,, актуелно собиралиште, кое ја реактуелизира разбирливата архитектура и ја обновува врската со пејзажот и контекстот на Старата железничка станица, отворените простори, циркулацијата на движењето, визурите и амбиентот што го опкружува. Комплексот ќе има резиденцијален дел, трговски центар, хотел, простор за културни активности сместени во Музејот, места со фина храна, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет од околу 3.000 автомобили.  

Комплекс го гради турската корпорација Лимак една од најголемите градежни компании во светот, која има успешно реализирано проекти во вредност од над 7 милијарди УСД, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, брани, автопатишта, хидроцентрали, гасоводи и други енергетски објекти, како и хотели, станбени комплекси. Лимак се најде и на листата на најголемите градежни компании, според  Engineering News-Record. Новиот аеродром во Истанбул, изградбата на мостот во Чанаккале, Интернационалните аеродроми во Кувај и Волгоград-Русија, се само дел од поголемите проекти успешно реализирани од Лимак. Компанијата е исто така една од клучните во дситрибуција на енергија, производство ан цемент, како и во сегментот на туризам.

Комплексот кој го гради Лимак е комплексен. Ќе вклучува и тунел со 6 коловозни ленти кој ќе ги спојува примарните градски сообраќајни јазли, на површина од 325,000 квадратни метри.  Дополнително, комплексот ќе обезбеди над 2800 паркинг места во самиот центар на градот.

Промовирани огласи »

Богатите поединци повеќе нема да може да купуваат бугарски државјанства.

Ова станува јасно од информациите од Министерството за правда во Бугарија од каде се додава дека тој систем не ја донел очекуваната финансиска корист.

Податоците укажуваат дека не е постигната целта на зголемување на реалните странски инвестиции и економски развој. Не се отворени нови работни места и не е забележан економски раст, се наведува во соопштението на Министерството.

Како што пренесуваат медиумите повикувајќи се на бугарското министерство за правда, од 2013 година, околу 50 странци од Русија, Израел и Пакистан купиле бугарско државјанство.

Македонските граѓани пак се меѓу оние кои плаќаат околу 500 па до 1500 евра за бугарско државјнство.

Промовирани огласи »

Претседателот на Здружението на пензионерите, реагира дека власта го кочи растот на најмалите пении во Македонија со новото законско решение и дека како што следуваат тековите тие ќе бидат помали од социјалната помош, што според него тоа е апсурдна ситуација.

Покачувањето со новото законско решение ќе биде минимално без да се почувствува, бидејќи со измените пензиите повеќе нема да растат согласно просекот на платите во земјава во висина од 50%, туку само според растот на трошоците на живот.  Повеќе од половина од пензионерите во земјава имаат потпросечни примања, односно помалку од 14.421 денар.

“Тоа е добро во услови на инфлација, но кога нема инфлација не се зголемуваат трошоците на живот, а со тоа и пензиите. Тоа најмногу ги погодува пензионерите со најниски примања. Најважно е сега да не се погодени тие пензионери, бидејќи ќе излезе дека имаат пониски примања од социјалната помош што се исплаќа во земјава”, вели Драги Аргировски, претседател на Здружение на пензионери на Македонија.

За ова решение реагираше и лидерот на опоициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според кој две години по ред нема осетно големување на пензиите, чиј процент на усогласување сега ќе биде скратен.

„Пензиите повеќе нема да растат како последица на просечно нето исплатената плата за сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Со ова уште еднаш се потврдува шарената лага на Зоран Заев и оваа влада за реформи во економијата и воведување на таканаречената минимална нето исплатена плата за вработен, бидејќи гледаме дека Буџетот не може да го следи исплатувањето на пензиите во Република Македонија. Тоа сега се укинува и се анулира. Така ќе се крати од пензиите. А се работи за 300 илјади граѓани на нашата земја кои ќе бидат оштетени“, смета Мицкоски во својата последна реакција.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »