Промовирани огласи »

Богатите поединци повеќе нема да може да купуваат бугарски државјанства.

Ова станува јасно од информациите од Министерството за правда во Бугарија од каде се додава дека тој систем не ја донел очекуваната финансиска корист.

Податоците укажуваат дека не е постигната целта на зголемување на реалните странски инвестиции и економски развој. Не се отворени нови работни места и не е забележан економски раст, се наведува во соопштението на Министерството.

Како што пренесуваат медиумите повикувајќи се на бугарското министерство за правда, од 2013 година, околу 50 странци од Русија, Израел и Пакистан купиле бугарско државјанство.

Македонските граѓани пак се меѓу оние кои плаќаат околу 500 па до 1500 евра за бугарско државјнство.

Промовирани огласи »

Претседателот на Здружението на пензионерите, реагира дека власта го кочи растот на најмалите пении во Македонија со новото законско решение и дека како што следуваат тековите тие ќе бидат помали од социјалната помош, што според него тоа е апсурдна ситуација.

Покачувањето со новото законско решение ќе биде минимално без да се почувствува, бидејќи со измените пензиите повеќе нема да растат согласно просекот на платите во земјава во висина од 50%, туку само според растот на трошоците на живот.  Повеќе од половина од пензионерите во земјава имаат потпросечни примања, односно помалку од 14.421 денар.

“Тоа е добро во услови на инфлација, но кога нема инфлација не се зголемуваат трошоците на живот, а со тоа и пензиите. Тоа најмногу ги погодува пензионерите со најниски примања. Најважно е сега да не се погодени тие пензионери, бидејќи ќе излезе дека имаат пониски примања од социјалната помош што се исплаќа во земјава”, вели Драги Аргировски, претседател на Здружение на пензионери на Македонија.

За ова решение реагираше и лидерот на опоициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според кој две години по ред нема осетно големување на пензиите, чиј процент на усогласување сега ќе биде скратен.

„Пензиите повеќе нема да растат како последица на просечно нето исплатената плата за сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Со ова уште еднаш се потврдува шарената лага на Зоран Заев и оваа влада за реформи во економијата и воведување на таканаречената минимална нето исплатена плата за вработен, бидејќи гледаме дека Буџетот не може да го следи исплатувањето на пензиите во Република Македонија. Тоа сега се укинува и се анулира. Така ќе се крати од пензиите. А се работи за 300 илјади граѓани на нашата земја кои ќе бидат оштетени“, смета Мицкоски во својата последна реакција.

Промовирани огласи »

Со цел одобрување на услугите за граѓаните и фирмите надлежните работеа на дигитализација на процесите .

Имено, навремен и неселективен поврат на ДДВ преку модул за автоматски поврат, електронско следење на плановите за јавните набавки, како и електронско обработување на царинските декларации и акцизните документи.

Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање даноци кон сите даночни обврзници. Главната цел е прецизно и навремено извршување на повратот и пребивањето даноци кон даночните обврзници, информира министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Модулот за автоматски поврат и пребивање, како што соопштува Министерството за финансии, ќе стартува во текот на оваа година.

Паралелно, во насока на подобрување на услугите за фирмите, минатата година Министерството заедно со Царинската управа работеше и на Системот за управување со царински декларации.

Промовирани огласи »

Основачот на Алибаба Џек Ма го отворил панелот во Давос одговарајќи на прашањето во својот стил.

Зборувал за тоа како се соочил со страв, но и како го изградил Алибаба.

-Не постои експерт за утре. Експерт е оној од вчера-рекол Алибаба.

За сомневањата

„Во бизнисот, никогаш не би требало да се грижите за конкуренција, никогаш не грижете се поради притисок. Ако се грижите за притисок , немојте да бидете бизнисмен. Денес е голема работа сите да се грижат за се“ .

Неговиот пристап, вели, воглавно бил таков да се реши проблемот и да продолжи понатаму.

За вработување

„Кога ги вработувам луѓето, изнајмувам луѓе кои се попаметни од мене, луѓето после 4-5 години може да биде мој шеф. Сакам да вработам луѓе кои ми се допаѓаат, кои се позитивни и кои никогаш не се откажуваат“.

Најдобрите луѓе се оптимисти и не се жалат, вели тој.

За образование

-Мораме да ги научиме децата да бидат креативни и иновативни, да го работат она што машините не можат да го направат. За да ги контролирате паметните луѓе, мора да користите култура, систем на вредности, се она што ќе ги наведе да веруваат во она што го работат-.

Машините на иднината имаат чипови, но луѓето имаат срца. Образованието мора да се движи во тој правец. 

На еден од панелите во Давос, младите лидери и претставници на технолошки заедници имале прилика да разговараат со Џек, кој инаку е член и на управниот одбор на Светскиот економски форум.


Foto: Epa/GIAN EHRENZELLER

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »