Промовирани огласи »

Министерството за економија на Црна Гора испрати предлог до Владата за измени и дополнувања на Законот за внатрешна трговија, со кој се воведува неработен ден во недела. Од ова министерство велат дека во малопродажниот сектор, кој вработува 37.000 лица, нема да се работи во маркетите.

Преку подзаконски акти ќе бидат донесени решенија за исклучоци и според основните потреби на граѓаните, се вели во соопштението.

Се очекува со овој закон и самите работодавци да ги намалат трошоците, а работниците ќе може да одмораат на самиот ден недела исто како што тоа го прават од другите професии.

Од таму се додава дека ова решение позитивно ќе влијае врз општите економски активности и квалитетот на животот на поединецот, семејството и општеството.

Промовирани огласи »

Вториот круг преговори за нов регионален договор за роаминг за Западен Балкан, организиран од Советот за регионална соработка (РСС), се одржува во Брисел, од каде што произлегува дека од 2021-ва Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, БИХ и Косово нема да си наплатуваат меѓусебен роаминг за комуникација преку мобилните телефони. 

Со новиот регионален договор за роаминг од јули 2021 година нема да има дополнителни роаминг трошоци за сите крајни корисници во економиите на Западен Балкан, а граѓаните ќе плаќаат редовната цена како овие услуги да се користат кај нив  дома.

Во своето обраќање на состанокот, генералниот секретар на Советот на Мајлинда Брегу истакна дека во интерес на стопанството, граѓаните и политичарите е да се финализира во најкраток можен регионален договор за роаминг, која до јули 2019 година дополнително ќе ги намали трошоците за роаминг и да го отвори патот кон нула цена за роаминг во 2021 година.

Ако сакаме луѓето да го признаат вистинското влијание на нашите напори за унапредување на регионалната соработка, тогаш овој договор треба да биде потпишан во април. Ова е логиката на европскиот единствен пазар без граници, основана повеќе од 50 години, и тоа треба да биде конкретен резултат на СРС за цени на роаминг исти како дома што се однесува на влијанието на интерперсоналните односи меѓу граѓаните на шест економиите на земјите од Западен Балкан, кои имаат тенденција да имаат корист исто како обичните граѓани на Европската унија, рече таа.

Таа додаде дека на Европската унија и требаше десет години за да се воведе концептот на роаминг услугите за нула-цена за Западен Балкан, и затоа "треба да се пофалат економиите на земјите од Западен Балкан за амбицијата и храбростра за да се заврши овој процес за речиси две и пол години."

"Со потпишувањето на договор оваа година, граѓаните ќе се поврзаат кога патуваат без страв од зголемување на патни трошоци. Пресметано е дека трошоците за роаминг се некогаш поскапи од цената на самото патување", рече Брегу.

Промовирани огласи »

Капацитетот на лекарката која замина да работи во хрватското гратче Суќурај, во Хвар нема да биде искористен. Ова е ставот на министерот за здравство Венко Филипче даден во интервју за Радио Слободна Европа.

Филипче смета дека лекарката згрешила што заминала а тоа го поткрепува со тоа што како вели, се работи за мало место со мал број на жители а потенцира и дека во државава се разработува модел што треба да обезбеди здравствена заштита за граѓаните во руралните средини и во помалите општини преку мобилни патронажни сервиси на домашна посета. 

Според медиумите, во земјава докторката Војновска  работела 11 месеци во село Бојане каде што имала плата од 330 евра.

Медиумите од Хрватска пред неколку дена објавија дека само една лекарка била заинтересирана за огласот кој го објавиле.

Таа таму покрај плата и бесплатен стан, од општината ќе има и бонус од 6 728 евра годишно.  

Докторката Војновска испадна херој во очите на хрватската јавност откако по подолго време се нафати да ги лекува жителите на гратчето Саќурај по положувањето на дополнителните испити кои се бараат според хрватските прописи. Таа веќе изјави дека и се допаѓа мирниот живот на море, наспроти метежот во Скопје.

Коментарите пак на оваа тема во јавноста се разни. Едни ја поддржуваат, други пак негодуваат.

Промовирани огласи »

Задолжително породилно отсуство ќе има за мажите во земјите на ЕУ.

 Ова станува јасно од последната прифатена директива наречена „рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот“ која за прв предвидува задолжително породилно отсуство за мажите.

Иако постигнатиот компромис многумина го сметаат како минимален, усвојувањето на директивата вчера беше поздравено од Европската Комисија како чекор кон „поквалитетен живот за граѓаните на ЕУ“, чекор кон поголема родова еднаквост и „убав ден за социјална Европа“, изјавила комесарката која ги водела преговорите, Маријан Тејсен.

Како што пренесува МИА највпечатлив дел од компромисот е воведувањето на задолжително породилно отсуство за татковците од десет дена минимум во цела ЕУ. Породилното за мажите ќе изнесува онолку колку што чини ден боледување во секоја земја. Европскиот Парламент во преговорите бараше породилното за татковците да изнесува 80 отсто од бруто платата, но земјите членки одбија.

Досегашната директива не предвидуваше ништо за отсуството на мажите по раѓањето на нивното дете и во многу земји сѐ уште се смета за “природно“ мајката да биде единствениот родител кој зема породилно. Во одредени земји членки пак овој компромис не менува ништо суштинско бидејќи тие веќе предвидуваат отсуство за татковците во своето национално законодавство.

Важно е да се напомене дека во директивата концептот е наречен “втор родител“ за да можат да бидат покриени и хомосексуалните двојки. На оваа тема преговорите биле најтешки поради источноевропските земји кои не признаваат геј бракови. Директивата нема да може да се применува на хомосексуалните двојки кои живеат во земји каде ваквата заедница не се признава законски.

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »