Промовирани огласи »

РКЕ одлучи по две недели да ги зголеми цените на горивата.

Се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,41%, односно за 2,60% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 21.01.2019 година.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,41%. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,60%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,50 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,599 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 31,121 ден/кг. 

Промовирани огласи »

Во САД минатиот месец се отвориле скоро 304.000 работни места. 

Ова е најмногу за период од скоро една година, објави Министерството за труд. 

Невработеноста од друга страна  е зголемена на 4 отсто од 3,9 отсто во декември.

До скок на невработеноста дојде од технички причини, затоа што 175.000 државни службеници беа класифицирани како невработени поради привремената блокада на владата во Вашингтон, додаваат медиумите.

Бројот на првичните пријави за парична помош поради невработеност бил 213 илјади и се намалил на три илјади во споредба со бројот на пријавите од претходната недела, соопшти американското Министерство за труд.

Промовирани огласи »

Teкстилците се охрабруваат  да пријават неисплата на К-15, објаснуваат од штипското здружение „Гласен Текстилец“.  Во  јануари годинава, до нив се пристигнати 100-тина пријави од работници, најголем дел не се анонимни.

Работодавачите лани не исплаќале или платиле минимални суми за регрес на годишен одмор од 100 до 500 денари. Ова е последица на тоа што фирмите пријавуваат загуба, а не е утврден минималниот износ кој мора да го исплатат. 

До средината на месецов ќе се знае колку газди се казнети. 

Промовирани огласи »

Покусо работно време би имало низа погодности за работниците и работодавачите, а светот би требало да прифати четиридневна работна недела, порачаа психологот Адам Грант и економистот и историчар Рутгер Брегман на Светскиот економски форум во Давос, пренесе Плусинфо.

Мислам дека имаме некои добри експерименти кои покажуваат дека ако го намалите работното време, луѓето подобро и поефикасно го насочуваат своето внимание, па работат исто колку и за подолго работно време, а тоа често е поквалитетно и покреативно. Тие исто така се и полојални кон организациите кои се подготвени да им дадат флексибилност за да се грижат за својот живот вон работата – рече Адам Грант, психолог од Вортон школата на Универзитетот во Пенсилванија.

Економистот и историчар Рутгер Брегман, автор на книгата „Утопија за реалисти“ се согласува со Грант и објаснува дека покуса работна недела всушност и не е толку радикална, пишува Плусинфо.

Со децении, најзначајните економисти, филозофи, социолози, веруваа, се до 1970 -те, дека помалку ќе работиме. Во дваесеттите и триесеттите години од минатиот век постоеја големи капиталистички претприемачи кои открија дека ако ја скратите работната недела, вработените стануваат попродуктивни. Хенри Форд, на пример, открил дека ако ја смени работната недела од 60 на 40 часа, вработените стануваат попродуктивни затоа што не биле толку уморни во своето слободно време – рече Брегман.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »