Промовирани огласи »

Различните културни ставови и социо-економски фактори играат клучна улога во износот на часови што работодавачите очекуваат од работниците.

Мексиканците работат најдолго, додека германците ги намалуваат работните часови. Новите податоци од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), чии 35 членови вклучуваат голем дел од развиениот свет и некои земји во развој, покажа дека просечниот Мексиканец троши 2.255 часа на работа годишно – што е еквивалентно на околу 43 часа неделно.

Грците работат најдолго време во Европа, во просек 2.035 часа годишно.

На другиот крај од спектарот, германските работници ставаат релативно скромни 1.363 часа годишно. Тоа е 892 помалку часа поминати на работа годишно од Мексиканците.

На третата позиција е Јужна Кореја, подолгото работно време беше дел од желбата за зајакнување на економскиот раст. Меѓутоа, по загриженоста за социјалните проблеми, вклучувајќи ја и ниската стапка на наталитет и забавувањето на продуктивноста, претседателот Мун Џеј-ин доведе до притисок да го намали работното време на земјата и да им даде на работниците “право на одмор”.

И покрај уживањето во најкраткото работно време меѓу земјите-членки на ОЕЦД, Германија успева да одржи високи нивоа на продуктивност. Всушност, просечниот германски работник е 27% попродуктивен од британскиот колега.

Холанѓаните, Французите и Данците исто така работат во просек помалку од 1.500 часа годишно.

Промовирани огласи »

Владата на денешната седница го усвои новиот Оперативен план за вработување за 2019 година, за кој се издвоени рекордни 1,1 милијарда денари, што е највисок износ досега и е за речиси три пати поголем од 2014 година, кога за истата намена беа исплатени 406 милилони денари, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Мерките се фокусираат на доквалификација, вработување на најранливите категории, поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи. Во процесот на креирање на овие мерки за првпат се вклучени сите чинители.

Врвен приоритет на МТСП и на Владата е обезбедување нови работни места. За Оперативниот план за вработување 2019 година издвојуваме рекордни 1,1 милијарда денари и се фокусираме на преквалификација и доедукација. Во 2019 да дадеме шанса за сите оние кои имаат образование, а се без работа, да ги прилагодиме на фактичката состојба и да ги активираме на пазарот на трудот. Новите работни места ги планиравме заедно со работодавците, односно за првпат мерките ги работевме во соработка со сите чинители и според реалните потребите во државата и на локално ниво, се вели во соопштението од МТСП.

Со Оперативниот план за 2019 година особен акцент се става на младите невработени лица до 29 години, како и на корисниците на гарантирана минимална помош.

Оваа година Оперативниот план ги опфаќа и физичките лица, нуди силна поддршка за самовработување, но и за отворање нови работни места, раст на платите, како и поддршка за вработување на лица со попреченост. Со ОП 2019, меѓу другото, овозможуваме обуки за побарувани занимања и занаети, за дигитални вештини, како и обуки за дигитални вештини. Исто така, се продолжуваат програмите „Практиканство“,„Општинско-корисна работа“ и „Јавни работи“, велат од Министерството.

Од МТСП потсетуваат дека Оперативниот план за вработување за 2018 година имал високи 95 отсто реализација.

Со него за првпат е воведена „Гаранцијата за млади“, преку која се се вработија 1.839 лица. Преку учество во програмата Самовработување, сопствен бизнис отвориле 1.191 лица, а една од најбараните била програмата „Практиканство“, во која се вклучиле 1.263 невработени лица до 34 годишна возраст.

Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во партнерство со други одговорни институции.

Промовирани огласи »

Учениците во Англија веќе учат за математика, наука и историја, но стотици училишта се подготвуваат да ја прошират традиционалната наставна програма со нов предмет: медитација.

Во 370 англиски училишта, студентите ќе почнат да практикуваат медитација како дел од студијата за подобрување на менталното здравје на младите, објави британската влада во понеделникот.

Тие ќе работат со експерти за ментално здравје за да научат техники за релаксација, вежби за дишење и други методи за „да им помогнат да ги регулираат своите емоции“, се вели во соопштението на владата за програмата.

Целта на оваа програма е да се проучи кои пристапи најдобро функционираат за младите луѓе во свет на брзи промени. Владата вели дека студијата, која ќе трае до 2021 година, е една од најголемите од ваков вид во светот.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Промовирани огласи »

Утре во светот ќе се одбележи интернационалниот Винтер бајк то ворк деј (Winter Bike to Worк Day). Овој ден има цел да повика и мотивира што повеќе луѓе во ист ден да го изберат велосипедот како начин на транспорт до работа или училиште.

Оваа иницијатива, треба да важи за поттик што повеќе луѓе да созададат навика да го користат точакот како превозно средство, не само на овој ден, туку секојдневно, до работното место или училиштата.

Иницијативата која се организира секоја година на почетокот на февруари, годинава се случува по седми пат, а Скопје како град се придружува на истата по петти пат. На овој ден, многу продавници, локали, институции, ресторани и сл., нудат попусти и поволности за сите кои ќе ги посетат на велосипед, а многу фирми доделуваат подароци за своите вработени кои тој ден пристигнале на работа со точак, во знак на поддршка.

Лани Скопје беше истакнат од страна на организаторите поради големиот број на луѓе кои се обврзаа да го одбележат денот, со преку 1.000 поддржувачи и покрај магливото и студено време, што го стави на листата на топ 10 градови по масовност во однос на бројот на жители. Регистрацијата на учесници се одвива преку интернационалниот вебсајт преку кој поддржувачите „ветуваат“ дека навистина ќе возат на овој ден, а на самиот ден на социјалните мрежи постираат фотографии и постови со #winterbiketoworkday #WBTWD.

И оваа година, на овој ден, ресторани, продавници и кафулиња во главниот град ќе понудат поволности за велосипедистите: бесплатни пијалоци или на попуст, подароци, основен сервис на велосипедот и слично, информираат од неформалното здружение за урбан велосипедизам На Точак.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »