Промовирани огласи »

Учениците во Англија веќе учат за математика, наука и историја, но стотици училишта се подготвуваат да ја прошират традиционалната наставна програма со нов предмет: медитација.

Во 370 англиски училишта, студентите ќе почнат да практикуваат медитација како дел од студијата за подобрување на менталното здравје на младите, објави британската влада во понеделникот.

Тие ќе работат со експерти за ментално здравје за да научат техники за релаксација, вежби за дишење и други методи за „да им помогнат да ги регулираат своите емоции“, се вели во соопштението на владата за програмата.

Целта на оваа програма е да се проучи кои пристапи најдобро функционираат за младите луѓе во свет на брзи промени. Владата вели дека студијата, која ќе трае до 2021 година, е една од најголемите од ваков вид во светот.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Промовирани огласи »

Утре во светот ќе се одбележи интернационалниот Винтер бајк то ворк деј (Winter Bike to Worк Day). Овој ден има цел да повика и мотивира што повеќе луѓе во ист ден да го изберат велосипедот како начин на транспорт до работа или училиште.

Оваа иницијатива, треба да важи за поттик што повеќе луѓе да созададат навика да го користат точакот како превозно средство, не само на овој ден, туку секојдневно, до работното место или училиштата.

Иницијативата која се организира секоја година на почетокот на февруари, годинава се случува по седми пат, а Скопје како град се придружува на истата по петти пат. На овој ден, многу продавници, локали, институции, ресторани и сл., нудат попусти и поволности за сите кои ќе ги посетат на велосипед, а многу фирми доделуваат подароци за своите вработени кои тој ден пристигнале на работа со точак, во знак на поддршка.

Лани Скопје беше истакнат од страна на организаторите поради големиот број на луѓе кои се обврзаа да го одбележат денот, со преку 1.000 поддржувачи и покрај магливото и студено време, што го стави на листата на топ 10 градови по масовност во однос на бројот на жители. Регистрацијата на учесници се одвива преку интернационалниот вебсајт преку кој поддржувачите „ветуваат“ дека навистина ќе возат на овој ден, а на самиот ден на социјалните мрежи постираат фотографии и постови со #winterbiketoworkday #WBTWD.

И оваа година, на овој ден, ресторани, продавници и кафулиња во главниот град ќе понудат поволности за велосипедистите: бесплатни пијалоци или на попуст, подароци, основен сервис на велосипедот и слично, информираат од неформалното здружение за урбан велосипедизам На Точак.

Промовирани огласи »

Косовската влада потпиша договор за реконструкција на пругата од Приштина до Хани Елезит (Генерал Јанковиќ). Договорот за рехабилитацијата на железничката инфраструктура е потпишан меѓу косовското државно претпријатие „Инфракос“ и италијанскиот изведувач ГЦФ (Generale Construzioni Ferrovarie).

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вети дека реконструктивниот зафат ќе трае 24 месеци, при што најдоцна до почетокот на 2021 година Косово би добило квалитетна железница со движење на возовите од речиси 150 километри на час.

Проектот вреден 210 милиони евра е заедничка инвестиција на косовска влада, Европската банка за обнова и развој и средствата обезбедени од ИПА фондовите на ЕУ.

Станува збор за проект со кој Косово повторно би се приклучило со сопствен железнички крак на паневропскиот Коридор 10.

Агрон Тачи, директор на Косовските железници изјави дека следната недела ќе следи почетокот на рехабилитацијата на друга секција со должина од 40 километри, со што Косово во првата половина од 2021 година би добило санирана железничка инфраструктура во должина од речиси 100 километри.

Промовирани огласи »

Иако одамна не се произведува, и може да се сретне покриен со церада во некои од дворовите, ова возило повторно оживува, овој пат како прв македонски електричен автомобил ЗАС Г20 чија промоција беше денеска.

Тој е резултат е на тимот специјалисти на ББ Класик Карс, во соработка и со поддршка на повеќе домашнипретпријатија и занаетчии, а особено со германската фабрика Кеслер – производителот на електро мотори вградени и во ова возило, пренесува Вечер.

Популарниот “Фиќо” од 60-тите до 80-тите години од минатиот век повторно ќе се врати на скопските улици. Иако одамна не се произведува, и може да се сретне покриен со церада во некои од дворовите, ова возило повторно оживува, овој пат како прв македонски електричен автомобил ЗАС Г20 чија промоција беше денеска од страна на тимот на ББ Класик Карс, а со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.

ЗАС Г20 привлекува внимание со ретро дизајнот и конкурентноста во доменот на малите електрични
автомобили. Резултат е на повеќегодишно професионално ангажирање на тимот специјалисти на ББ Класик Карс, во соработка и со поддршка на повеќе домашни претпријатија и занаетчии, а особено со германската фабрика Кеслер – производителот на електро мотори вградени и во нашите возила. Кеслер отворија своја фабрика во Македонија со тоа обезбедувајќи ја можноста нашиот електричен автомобил да ја носи етикетата “Произведено во Македонија“ – рече на промоцијата Ален Јегени од ББ Класик Карс.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »