Промовирани огласи »

Иако одамна не се произведува, и може да се сретне покриен со церада во некои од дворовите, ова возило повторно оживува, овој пат како прв македонски електричен автомобил ЗАС Г20 чија промоција беше денеска.

Тој е резултат е на тимот специјалисти на ББ Класик Карс, во соработка и со поддршка на повеќе домашнипретпријатија и занаетчии, а особено со германската фабрика Кеслер – производителот на електро мотори вградени и во ова возило, пренесува Вечер.

Популарниот “Фиќо” од 60-тите до 80-тите години од минатиот век повторно ќе се врати на скопските улици. Иако одамна не се произведува, и може да се сретне покриен со церада во некои од дворовите, ова возило повторно оживува, овој пат како прв македонски електричен автомобил ЗАС Г20 чија промоција беше денеска од страна на тимот на ББ Класик Карс, а со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.

ЗАС Г20 привлекува внимание со ретро дизајнот и конкурентноста во доменот на малите електрични
автомобили. Резултат е на повеќегодишно професионално ангажирање на тимот специјалисти на ББ Класик Карс, во соработка и со поддршка на повеќе домашни претпријатија и занаетчии, а особено со германската фабрика Кеслер – производителот на електро мотори вградени и во нашите возила. Кеслер отворија своја фабрика во Македонија со тоа обезбедувајќи ја можноста нашиот електричен автомобил да ја носи етикетата “Произведено во Македонија“ – рече на промоцијата Ален Јегени од ББ Класик Карс.

Промовирани огласи »

„Ако најдеме работа ќе можам денеска да купам дома за  јадење, ако не нема. Автолимар сум се случува три дена да работам, па две недели да нема работа“, вели Цобе Божиновски.

Над 20.000 домашните работници во Македонија не се заштитени според Законот за безбедност и здравје при работа и нивната работа не е доволно прецизирана во Законот за работни односи. Немаат пензиско и инвалидско осигурување и се дел од сивата економија.

Тој се плаши дека ако продолжи вака нема да успее да добие ниту пензија. Се надева дека државата ќе најде начин за домашните работници како него да ги внесе и нив во системот.

Но според НВО секторот кој се занимава со оваа проблематика само 30% од домашните работници во Македонија сакаат да бидат внесени во системот, останатите сакаат да работат на црно. За да се стопира сивата економија и овие работници да добијат пензиско и инвалидско осигурување се бара нивно поголемо вклучување во новиот закон за работни односи.

Синдикалците велат дека овој проблем може да се реши само со вистинска одлучност на државата да го реши проблемот, a не како досега.

Од Министерстовото за труд само потврдија дека домашните работници ќе биделе дел од новиот закон за работни односи, но без да прецираат повеќе детали.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи побара од Министерството за здравство документација за истрагата што ја отвори Обвинителството околу вакцините на кои имаше декларации со истечен рок.

Сè уште нема информации за кои документи биле заинтересирани инспекторите на МВР и дали имало пропусти во текот на постапката за снабдување на вакцините против мали сипаници, морбили.

Од Обвинителството велат дека до нив не пристигнал извештај за истрагата на МВР. Во меѓувреме, во зависност од извештајот на обвинителството, се очекува да се изречат казни за лекарите на здравствените установи кои на децата им ставале од овие вакцини.

Во меѓувреме, сè уште не се знае ниту кога ќе бидат уништени спорните вакцини. Иако Агенцијата за лекови најави дека тоа се планира за четврток во скопската депонија Дрисла, од Обвинителството пред неколку дена соопштија дека вакцините ќе останат во просториите на Македонија Лек до завршување на истрагата.

Од друга страна, бројот на заразени од мали сипаници расте секој ден. Во последните 24 часа на Инфективната клиника во Скопје биле примени 14 нови пациенти, а еден е хоспитализиран. Станува збор за 39-годишна жена од Гостивар. Во моментов, 22 пациенти се хоспитализирани, но нивната состојба е стабилна.

Промовирани огласи »

Денеска светот го одбележува „Меѓународниот ден за поголема безбедност на интернет за сите“. 

Како општествено одговорна компанија, препознатлива по своите заложби за понуда на дополнителна вредност за сите свои корисници, партнери, вработени и општеството во целина, оваа година, во глобалните напори се приклучува и телекомуникациската компанија Вип со својата Вип едукативна програма „Интернетот не е само игра...Кликај безбедно“ наменета за учениците од четврто одделение.

Имено, Вип едукативната програма „Интернетот не е само игра...Кликај безбедно“ започна во учебната 2017/2018 година и опфати повеќе од 700 четврто-одделенци, од 28 македонски и албански паралелки од 10 училишта од 8 општини на територијата на град Скопје, а активно беа вклучени и повеќе од 70 наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Програмата продолжува и оваа учебна година и ќе ги опфати учениците од 4-то одделение од 12 основни училишта од општините Битола, Штип, Кочани, Струмица, Гостивар, Охрид, Струга, Прилеп, Неготино и Гевгелија, како и Куманово и Тетово, каде вработените од Вип веќе ги одржаа интерактивните предавања за повеќе од 150 четврто одделенци. Денеска, Вип се домаќини на учениците од 4-то одделение при СОС Детско Село Македонија, кои ќе имаат можност да ги проследат интерактивните предавања кои компанијата и вработените ги подготвија за нив.

„Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно активно и безбедно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата, но и наш активен придонес во обликувањето на подобро образование на децата и стекнување на вистинските вештини за безбедно влегување во дигиталниот свет во кој живееме денес. Нашата цел целосно соодветствува и со годинешниот слоган на меѓународниот ден за побезбеден интернет ‘Заедно за подобар интернет’,  чија цел пак е да ги повика на акција сите засегнати страни, секој во својот домен и можност, да ја одиграат својата улога во создавањето на подобар интернет за сите, особено на децата. Во оваа насока, Вип, како општествено одговорна компанија ја чувствува таа одговорност да придонесе во рамките на своите можности, бидејќи само заедно, и како наставници, и како родители и како претставници на институциите и компаниите можеме да ги направиме промените и да ги подготвиме нашите најмлади за светот на можностите кој им претстои“ – изјави Елена Димовска, раководител на одделот за корпоративни комуникации на Вип. 

Проектот “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година. Партнери на проектот се Министерството за образование и наука на Република Македонија, Бирото за развој на образованието, како и менаџментот и наставниот кадар на основните училишта каде се реализираат предавањата. Освен од страна на граѓаните, родителите и учениците, Вип едукативната програма беше и јавно препознаена и наградена со признание од страна на координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија во категоријата „Однос кон заедницата”. 

Повеќе информации за Вип и едукативната програма “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни на веб страницата на Вип - www.vip.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »