Промовирани огласи »

Денеска светот го одбележува „Меѓународниот ден за поголема безбедност на интернет за сите“. 

Како општествено одговорна компанија, препознатлива по своите заложби за понуда на дополнителна вредност за сите свои корисници, партнери, вработени и општеството во целина, оваа година, во глобалните напори се приклучува и телекомуникациската компанија Вип со својата Вип едукативна програма „Интернетот не е само игра...Кликај безбедно“ наменета за учениците од четврто одделение.

Имено, Вип едукативната програма „Интернетот не е само игра...Кликај безбедно“ започна во учебната 2017/2018 година и опфати повеќе од 700 четврто-одделенци, од 28 македонски и албански паралелки од 10 училишта од 8 општини на територијата на град Скопје, а активно беа вклучени и повеќе од 70 наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Програмата продолжува и оваа учебна година и ќе ги опфати учениците од 4-то одделение од 12 основни училишта од општините Битола, Штип, Кочани, Струмица, Гостивар, Охрид, Струга, Прилеп, Неготино и Гевгелија, како и Куманово и Тетово, каде вработените од Вип веќе ги одржаа интерактивните предавања за повеќе од 150 четврто одделенци. Денеска, Вип се домаќини на учениците од 4-то одделение при СОС Детско Село Македонија, кои ќе имаат можност да ги проследат интерактивните предавања кои компанијата и вработените ги подготвија за нив.

„Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно активно и безбедно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата, но и наш активен придонес во обликувањето на подобро образование на децата и стекнување на вистинските вештини за безбедно влегување во дигиталниот свет во кој живееме денес. Нашата цел целосно соодветствува и со годинешниот слоган на меѓународниот ден за побезбеден интернет ‘Заедно за подобар интернет’,  чија цел пак е да ги повика на акција сите засегнати страни, секој во својот домен и можност, да ја одиграат својата улога во создавањето на подобар интернет за сите, особено на децата. Во оваа насока, Вип, како општествено одговорна компанија ја чувствува таа одговорност да придонесе во рамките на своите можности, бидејќи само заедно, и како наставници, и како родители и како претставници на институциите и компаниите можеме да ги направиме промените и да ги подготвиме нашите најмлади за светот на можностите кој им претстои“ – изјави Елена Димовска, раководител на одделот за корпоративни комуникации на Вип. 

Проектот “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година. Партнери на проектот се Министерството за образование и наука на Република Македонија, Бирото за развој на образованието, како и менаџментот и наставниот кадар на основните училишта каде се реализираат предавањата. Освен од страна на граѓаните, родителите и учениците, Вип едукативната програма беше и јавно препознаена и наградена со признание од страна на координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија во категоријата „Однос кон заедницата”. 

Повеќе информации за Вип и едукативната програма “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни на веб страницата на Вип - www.vip.mk

Промовирани огласи »

Сопствениците на домашни миленици, односно на кучиња и на мачки од септември минатата година можат бесплатно да ги регистрираат своите љубимци. Агенцијата за храна и ветеринарство им нуди бесплатно микрочипирање на домашните миленици, а за таа намена има набавено 100.000 микрочипови.

Чипирањето на кучињата и на мачките ќе се реализира преку принципот „прв дојден, прв услужен“, во рамките на кампања за бесплатна идентификација и регистрација на домашните миленици. Чипирањето на животните ќе значи создавање база на податоци што е само почеток на решавањето на проблемите со домашните миленици. Граѓаните што нема да ја искористат бесплатната апликација за микрочипирање ќе треба да платат 800 денари само за микрочипот и дополнителни средства за апликацијата. Проверка дали некое домашно милениче е чипирано ќе се прави доколку биде заловено и однесено во прифатилиште. Ако се утврди кој му е сопственик ќе се стапи во контакт со него, а доколку не било микрочипирано се плаќа казна од 50 до 75 евра. Микрочипирањето многу ќе помогне и при пронаоѓање изгубени миленици, а според процените на АХВ ќе придонесе и за намалување на проблемот со кучињата-скитници.

Кампањата за чипирање АХВ ќе трае до 31 март или како што беше најавено до потрошувањето на набавеното количество од 100.000 микрочипови. Чипирањето ќе го вршат 135 ветеринарни друштва, со кои АХВ склучи договори и со тоа е покриена цела територија на земјава. При реализацијата на оваа кампања податоците за животните и нивните сопственици ќе бидат внесени во информативниот систем на АХВ.

Сопствениците ќе треба да платат само 120 денари за издавање пасош за домашен миленик што ќе можат да го употребат при патување надвор од државата. На веб-страницата на АХВ е објавена листата на ветеринарни друштва со кои е склучен договор во која стојат телефонските броеви и електронската пошта на ветеринарното друштво за да можат сопствениците да стапат во контакт. Секој сопственик има законска обврска да го микрочипира својот миленик и доколку не ја спроведе предвидена е санкција од 30 евра во денарска противвредност.

По завршувањето на кампањата, како што беше најавено, АХВ ќе реализира засилени контроли преку кои ќе може да утврди дали сопствениците извршиле идентификација и регистрација на нивните домашни миленици.

Од АХВ ги повикуваат сопствениците на кучиња и на мачки масовно да ја искористат еднократната донација и да ги микрочипираат своите миленичиња.

Апелирам до сопствениците да ја искористат оваа ретка шанса да можат бесплатно да ја исполнат својата обврска и до 31 март да ги донесат своите домашни миленичиња и да се изврши постапката на идентификација и регистрација. Тоа е безболна процедура што не носи никакви ризици, бидејќи микрочипот е со големина на зрно ориз и е направен од биoкомпатибилен материјал и не создава никакви реакции при апликацијата.

Промовирани огласи »

Само околу 1.000 Македонци се останати и живеат во Македонија со бугарски пасош, додека другите 49.000 се во странство, според бугарското министерство за надворешни работи кои ја објави бројката на бугарски државјани кои во моментов живеат зад своите граници на барање за информација од јавен карактер од страна на медиум.

Од 2011 па наваму безмалку сите (од 50.000 до 1.000) си заминале од Македонија. Тоа би значело дека сите луѓе кои имале бугарски пасош во моментов не живеат во земјата. 

Голем пад има и во Турција, по првичните 500.000, сега 150.000 луѓе недостасуваат. Но, во Молдавија, на пример, каде има силна бугарска дијаспора, носителите на бугарски пасоши се зголемија - од 20 до 31 илјади.

За седум години бугарската заедница нараснала од 100.000 на 200.000 во Велика Британија, од 75 на 416 илјади во Германија и од 30 на 60-80 илјади во Франција. 

2,4 милиони бугарски државкани живеат зад националната граница.

Промовирани огласи »

РКЕ одлучи по две недели да ги зголеми цените на горивата.

Се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,41%, односно за 2,60% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 21.01.2019 година.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,41%. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,60%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,50 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,599 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 31,121 ден/кг. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »