Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека дефектот ул.Новопроектирана (реонски Центар) саниран,
водоснабдувањето е нормализирано во 12:40 часот.

Промовирани огласи »

Правото на социјална пензија од 6.000 денари ќе важи од почетокот на годинава

Oколу 6.000 постари жители на Република Македонија кои не успеале да остварат право на старосна пензија, а немаат никакви други приходи ќе добијат социјална пензија.

Право на шест илјади денари социјална пензија и на уште една илјадарка во грејната сезона и тоа почнувајуќи од 1 јануари годинава, ќе добијат околу 6.000 постари жители на Република Македонија кои не успеале да остварат право на старосна пензија, а немаат никакви други приходи.

Предлог-законот за социјална сигурност за стари лица со кој е предвидено ова право е влезен во Собранието и чека ред кај пратенците за прво читање.

Но, исплатата на средствата може да се оддолжи повеќе месеци, особено затоа што е оставен простор неопходниот правилник да се донесе во рок од три месеци по неговото стапување во сила. Како и да е, во последниот член од Предлог-законот стои дека влегувањето во сила е осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник#, а примената од 1 јануари 2019 година.

Според предложениот закон, право на популарно наречената социјална пензија имаат државјани на Република Македонија со навршени 65 години возраст, кои во последните 15 години имаат постојано место на живеење во државата, немаат имот и имотни права од кои можат да се издржуваат, не се корисници на пензија од Република Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава, не остваруваат приходи и имаат пријавен пензиски стаж во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, или стаж на осигурување во траење помалку од 15 години.

Но, во заедниците во кои во брак или вонбрачно живеат две лица кои ги исполнуваат овие услови, социјална пензија ќе може да добие само едно од нив.

Македонија повторно се најде на “30 под 30” листата на Форбес за 2019 година

На листата се најдоа и Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија “социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub 👏

На 12 февруари, со отворање на Лондонската Берза магазинот Форбес ја објави листата “30 под 30” за 2019 година за Европа. Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а на листата се најдоа и Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија “социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Токму овој модел на иновативен тренинг хаб во областа на маркетинг и пр, човечки ресурси, веб и графички дизајн, адвертајзинг итн, фокусиран на тоа да учесниците стекнат вештини и компетенции што им се потребни денес ги донесе овие двајца млади како дел од елитното друштво на Форбес по 30.

Покрај нив, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф ( познат по улогата во Хари Потер), фудбалерот на Атлетико Мадрид Антони Гризман, наследникот на гигантот Луи Витон, Антоан Арно и многу други.

Само да потсетиме ова е втора година Македонија да се најде на оваа листа, лани беше претставена од Нина од “Групер” и Жаре “Еден на Еден”.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »