Минималната плата годинава нема да биде над 13.000 денари.
Ако се подобри економијата, ќе се зголеми минималната плата, вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Таа не кажа колку ќе изнесува минималната плата, но потврди дека е обезбедена финансиска поддршка за да можат помалите компании да го издржат притисокот.
Премиерот Зоран Заев на почетокот на годинава најави ново едно зголемување на минималецот, но не кажа за колку. Анализите на Министерството за труд и социјална политика, покажале дека е можно минималната плата до крајот на 2019 да се зголеми за дополнителни 1.000 денари.
Владата пред една и пол година изгласа минимална плата од 12.000 денари.