Промовирани огласи »

Централниот регистар ги потсетува фирмите и други субјекти дека се наближува рокот за поднесување на завршната годишна сметка и финансискиот извештај за 2018-та година.

Приемот на годишни сметки и финансиски извештаи за 2018 година во хартиена форма ќе биде во деновите 26.02.2019 (вторник), 27.02.2019 (среда) и 28.02.2019 (четврток), додека поднесувањето во електронска форма е на 15.03.2019 (петок) година од 08:00 до 21:00 часот.

Микро и мали субјекти кои нема да  достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15.03.2019 година, велат од Централниот регистар.

Правните субјекти во градовите во кои регистарот нема свои канцеларии ќе може да ги поднесат во објектот на Општина Кратово, во објектот на Општина Демир Хисар и во објектот на Уни банка во Крушево.

Промовирани огласи »

Од денеска Грција почна да ги прифаќа македонските пасоши.

Македонските граѓани од денеска влегуваат во оваа соседна земја само со пасош. Грција веќе ги исфрли од употреба листовите кои дополнително им ги даваше на македонските граѓани, затоа што не го прифаќаше пасошот.

Грчките власти вчера издале наредба до пограничните служби за примена на новите правила за влез на македонски државјани.

Грција сега ги прифаќа македонските пасоши на кои пишува Република Македонија, но има ставено печат со натпис: „Оваа патна исправа ѝ припаѓа на Република Северна Македонија“.

Граѓаните до 2024 година треба пасошите да ги заменат со нови. 

Промовирани огласи »

Голем број на работни места им се нудат на невработените лица во земјава преку Агенцијата за вработување.

И покрај тоа стапката на невработеност во Македонија се уште е висока и според последните објавени податоци изнесува 22,6 проценти.

Од она што најмногу се бара на пазарот на труд се продавачи и работници во преработувачката индустрија, но и градежни работници и во финансиската дејност.

Никој не сака да работи како продавач. Постојано има отворени нови работни места, но заинтересираноста е мала, а особено ако станува збор за продавач во прехрамбена индустрија.

Платите таму најчесто се минимални, а се работи многу. И на празник и на делник.

Промовирани огласи »

На плоштадите и тротоарите во градовите многу луѓе продаваат компакт-дискови, чорапи, детски играчки и разни дребулии.

Илјадници млади со разни степени на образование, или без стручни квалификации, пишуваат семинарски трудови, чуваат деца, но работат и како физички работници во градежништвото и сезонци во земјоделството. Многу голем број од нив работат повеќе од 10 часови во денот, непријавени, без договори и без платени пензиски и здравствени придонеси.

-Завршив економски факултет пред две години, но се уште не можам да најдам рабоа. Почнав да пишувам семинарски или дипломски работи. Цената е различна. Не велам дека заработувачката е добра, но подобро нешто, отколку ништо. За мене имам по некој денар, за да не барам од дома, раскажува Тамара. 

-Претходно работев во кожарска фирма, но таа се затвори пред некои 15 години. Бидејќи сум возразна, никој не сака да ме вработи во својата фирма. Еднаш една моја пријателка ме повика, да работам кај неа, односно дома да и ги чувам внучињата, секако за плата, Прифатив, и од тогаш до денеска, се занимавам со тоа. Многу дечиња поминаа низ моите раце. Плата е минимална, но без здравствено и пензинско осигурување, вели Лиле. 

Ваквата судбина ја делат многу луѓе. Едни работат како сезонци во земјоделство, други се градежници, трети работат непријавени во некоја од нашите македонски фирми. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »