На плоштадите и тротоарите во градовите многу луѓе продаваат компакт-дискови, чорапи, детски играчки и разни дребулии.
Илјадници млади со разни степени на образование, или без стручни квалификации, пишуваат семинарски трудови, чуваат деца, но работат и како физички работници во градежништвото и сезонци во земјоделството. Многу голем број од нив работат повеќе од 10 часови во денот, непријавени, без договори и без платени пензиски и здравствени придонеси.
-Завршив економски факултет пред две години, но се уште не можам да најдам рабоа. Почнав да пишувам семинарски или дипломски работи. Цената е различна. Не велам дека заработувачката е добра, но подобро нешто, отколку ништо. За мене имам по некој денар, за да не барам од дома, раскажува Тамара.
-Претходно работев во кожарска фирма, но таа се затвори пред некои 15 години. Бидејќи сум возразна, никој не сака да ме вработи во својата фирма. Еднаш една моја пријателка ме повика, да работам кај неа, односно дома да и ги чувам внучињата, секако за плата, Прифатив, и од тогаш до денеска, се занимавам со тоа. Многу дечиња поминаа низ моите раце. Плата е минимална, но без здравствено и пензинско осигурување, вели Лиле.
Ваквата судбина ја делат многу луѓе. Едни работат како сезонци во земјоделство, други се градежници, трети работат непријавени во некоја од нашите македонски фирми.