Промовирани огласи »

Околу сто талентирани ученици од 9 до 16 години од Штип, Кочани, Скопје, Струмица и Виница вчера беа дел од првиот државен натпревар „Прва лего лига“ што се одржа на Факултетот по информатика на штипскиот Универзитет. Десетте тимови преку изработка на роботи и роботски дизајн решаваа различни проблеми за астронаутите во вселената.

Продеканот на Факултетот по информатика при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Александра Милева изјави дека севкупен шампион на натпреварот е екипата „Space Walkers“ од СТЕМ академијата во Скопје, кои се обидоа да ги заштитат космонаутите од дејството на радијацијата во вселената. Тие заедно со второпласираниот тим „ROBO Adventures“ од основното училиште  „Свети  Кирил и Методиј” од Кочани ќе ја претставуваат Македонија на регионалниот натпревар што ќе се одржи во Целје, Словенија, на 16 март годинава.

Наградата за проект ја доби тимот „RoboNK“ од средното општинско училиште „Никола Карев„ од Струмица, наградата за роботски дизајн тимот „The MakBot Pioneers“ од  СОУ „Ѓошо Викентиев” од Кочани, а тимот од „Transformers“ од општинското основно училиште „Ванчо Прке” од Штип ја доби наградата за основни вредности. Наградените добија пехар направен од лего коцки и медали.

Натпреварите од оваа лига се организираат во цел свет, а годинава учествуваат околу 40.000 тимови од 98 земји. Факултетот за информатика при УГД-Штип лиценцата за натпреварот ја доби од својот партнер Завод Супер Главче од Словенија, кој е одговорен за овој регион. Првата лего лига е меѓународна мултидисциплинарна истражувачка програма што ги инспирира младите луѓе да истражуваат во науката и да решаваат реални проблеми.

Промовирани огласи »

Најголемиот шопинг центар во Скопје деновиве воведува нови правила за паркирање. Наместо досегашниот еден час бесплатен паркинг, сега само првите триесет минути се бесплатни, а првите четири часа ќе ве чинат 40 денари. По истекување на првите првите четири часа, потоа секој час се наплаќа по 40 денари. 

Паркингот како и до сега е бесплатен за лицата со инвалидност, со приложување на инвалидската книшка при влез и излез од Трговскиот Центар на лицата од обезбедување.

Со секое перење на Вашиот автомобил во City Wash добивате 1 час гратис од Skopje City Mall и 1 часа гратис од City Wash. Поништување на билетот се врши на касата на City Wash. Со секоја сметка од Ramstore со вредност над 300 денари се добива 1 час бесплатен паркинг и добивате 1 час гратис од Skopje City Mall

Со цена од 40 денари за 4 часа паркинг Сити Мол и понатаму останува најевтин паркинг во Македонија. 

Промовирани огласи »

Направен е избор на најскапи градови за живот во 2019 година. 

Истражувањето Annual Demographia International Housing Affordability Survey покажа кои се најскапите градови за живот. Во истражувањето беа опфатени 309 пазари за недвижности (од кои 92 со популација над 1 милион жители) во Австралија, Канада, Хонгконг, Ирска, Нов Зеланд, Сингапур, Обединетото Кралство и во САД.

Изборот е направен врз основа на податоци од третиот квартал од 2018 година и тоа со споредба на просечната цена на куќите и становите и просечните месечни примања по домаќинство. Најскапите пазари се во Австралија, Нов Зеланд и во Кина.

1. Хонг Конг

2. Ванкувер

3. Сиднеј

4. Мелбурн

5. Санта Круз

6. Сан Хозе

7. Лос Анџелес

8. Тауранга

9. Оукленд

10. Сан Франциско

Дел од овие градови беа на листата најскапи за живот и во 2018 година. 

Главниот град на Ангола,  Луанда беше најскап во 2017 година, а ова го покажа истражувањето на Mercer.

Промовирани огласи »

Министерството за надворешни работи на својата веб страница објави прирачник за медиумите за употреба на новото име, Република Северна Македонија, согласно Договорот од Преспа.

Официјалното име, како што се наведува во прирачникот, е Република Северна Македонија, скратено Северна  Македонија.

Националноста (државјанството) е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, официјалниот јазик е македонски јазик, кодовите се МК и МКД, а придавката македонски се употребува во однос на етничкиот и културниот идентитет, јазикот, историјата, културата, наследството, територијата и останатите атрибути.

Овие термини во тој контекст се сосема различни во однос на оние кои се користат за означување на регионот Македонија во Грција.

Во прирачникот се наведуваат примери за точна и неточна примена на придавката.

Правилно: македонски етнички идентитет, македонски јазик, македонска култура, македонска територија, македонски граѓани, македонска историја, македонски планини, македонска литература, македонско кирилско писмо, македонска храна, македонски цркви…

Неточно: придавки како „северно македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.

Во прирачникот се дава појаснување и за употребата на придавката во однос на државата, нејзините органи, јавни и приватни институции и се што е поврзано со државата, основано согласно закон и финансирано од државата за активности во странство. Придавката тука треба да гласи „од Република Северна Македонија“ или од „Северна Македонија“.

Правилно: Влада на Република Северна Македонија, претседател на Северна Македонија, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на Северна Македонија.

Неточно: „северно македонски“, „македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.

Во однос на активностите, придавката може исто така да гласи „македонски“.

Правилно: македонска економија, здравствениот сектор на Република Северна Македонија, македонска уметност, македонска музика, македонско земјоделство, македонска артихтектура, прехранбена индустрија на Северна Македонија.

Неточно:  „северно македонски“, „с. Македонски“ и „северномакедонски“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »