Промовирани огласи »

Министерството за надворешни работи на својата веб страница објави прирачник за медиумите за употреба на новото име, Република Северна Македонија, согласно Договорот од Преспа.

Официјалното име, како што се наведува во прирачникот, е Република Северна Македонија, скратено Северна  Македонија.

Националноста (државјанството) е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, официјалниот јазик е македонски јазик, кодовите се МК и МКД, а придавката македонски се употребува во однос на етничкиот и културниот идентитет, јазикот, историјата, културата, наследството, територијата и останатите атрибути.

Овие термини во тој контекст се сосема различни во однос на оние кои се користат за означување на регионот Македонија во Грција.

Во прирачникот се наведуваат примери за точна и неточна примена на придавката.

Правилно: македонски етнички идентитет, македонски јазик, македонска култура, македонска територија, македонски граѓани, македонска историја, македонски планини, македонска литература, македонско кирилско писмо, македонска храна, македонски цркви…

Неточно: придавки како „северно македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.

Во прирачникот се дава појаснување и за употребата на придавката во однос на државата, нејзините органи, јавни и приватни институции и се што е поврзано со државата, основано согласно закон и финансирано од државата за активности во странство. Придавката тука треба да гласи „од Република Северна Македонија“ или од „Северна Македонија“.

Правилно: Влада на Република Северна Македонија, претседател на Северна Македонија, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на Северна Македонија.

Неточно: „северно македонски“, „македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.

Во однос на активностите, придавката може исто така да гласи „македонски“.

Правилно: македонска економија, здравствениот сектор на Република Северна Македонија, македонска уметност, македонска музика, македонско земјоделство, македонска артихтектура, прехранбена индустрија на Северна Македонија.

Неточно:  „северно македонски“, „с. Македонски“ и „северномакедонски“.

Промовирани огласи »

Ова се неработните денови за годинава. Има многу споени викенди, но губиме неколку неработни денови кои се паѓаат во викенд, а еден од нив беше Бадник, а го изгубивме Водици во Недела.

Неработни денови во 2019 година се:

За сите граѓани на РМ

1 јануари (вторник), Нова година, 7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 1 мај (среда), Ден на трудот, 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители, 4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 2 август (петок), Ден на Републиката, 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба, 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици), 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 јануари (недела), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (четврток), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Италијанските власти ги казнија авиокомпаниите „Ryanair“ и „Wizz Air“ за нивната нова политика за кабински багаж.

Првата компанија ќе мора да плати 3 милиони евра, а втората 1 милион евра.

Агенцијата за заштита на конкуренцијата во земјата (AGCM) објави дека давачките од 5 до 25 евра, кои авиокомпаниите им ги наплаќаат на патниците, ако сакаат да земат поголем куфер во кабината на авионот е кршење на законот.

Новата политика стапи на сила на 1-ви ноември минатата година, а еден ден подоцна, италијанските регулатори забранија привремено да се спроведуваат во земјата.

Според нив, „Ryanair“ ги задолжил своите клиенти да платат куфери со тежина до 10 кг, што претходно било бесплатно.

Според новите правила на „Wizz Air“, секој патник има право да носи во кабинскиот простор еден бесплатен рачен багаж (40x30x20 см), а оние кои ќе го купат „WIZZ Priority“, ќе можат да качат во авинот и багаж со тркалца (55х40х23 см).

„Рачниот багаж е суштински елемент од услугата и неговото пренесување треба да им биде дозволено без наметнување на дополнителни трошоци“, гласи одлуката на „AGCM“.

Агенцијата смета дека двете авиокомпании треба да ги вклучат во цената на билетот таксите за поголеми куфери, за да бидат во целосна согласност со правилата во Европската унија.

Промовирани огласи »

До платежната агенција поднесени се 1.164 барања за сума од 33 милиони евра од последниот повик за добивање на средства од ИПАРД 2 програмата за рурален развој од мерките 1 и 3.

Рокот заврши пред две недели и сите мерки ќе се исплатат во време кога корисниците имаат најмногу потреба од овие субвенции, а целта е подобрување на генетскиот потенцијал што ќе влијае врз зголемување на продуктивноста на сточарското производство.

– За мерката еден „Инестиции во материјални средства за земјоделски стопанства" пристигнати се 1.099 барања за добивање на финанскиска поддршка од 17,1 милион евра, а од мерката три „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибини производи" пристигнати се 65 барања со вкупна побарана финансиска поддршка од 15,9 милиони евра. Од претходниот повик од ИПАРД 2 програмата склучени се 953 договори со побарана сума од 22,4 милиони евра. Реализирани се барањата за 667 повратни средства, а висината на средства кои треба да се вратат е 6,6 милиони евра. Од овие барања исплатени се 158 инвестиции кои биле реализирани во овој период и износот на вратени средства кај инвеститорите е два милиони евра, посочи директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) Николче Бабоски на денешната на прес-коференција.

Тој објасни дека за мерката директни плаќања за обележување на грла на овци се исплатени 2.768 корисници со 507 милиони денари.

– На 2.053 одгледувачи на кози исплативме 59 милиони денари, за 13.024 одгледувачи на обележани грла на говеда исплативме 344,5 милиони денари и на 60 одгледувачи на несилки исплативме 71,7 милиони денари. Во рок од десет дена на земјоделците, лозарите и сточарите вративме 25 милиони евра. Пред почетокот на производствената сезона ги исплативме субвенциите за лозарите. Вчера и денеска се исплатија околу 16 милиони евра за 17.905 сточари за мерките за обележени грла на овци, кози, говеда и одгледувачи на несилки, појасни Бабоски.

Државниот секретар во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Нефрус Челику истакна дека на 28-ми овој месец истекува рокот за јавниот повик за набавка на приплоден добиток за последниот квартал од 2018 година.

– Ги повикувам сточарите да го запазат овој рок со цел Платежната агенција да ги обработи барањата за да може навремено да се изврши исплатата. Во новата програма за рурален развој оваа година токму за оваа мерка вкупната финансиска поддршка ја зголемивме од 14 милиони денари на 90 милиони денари. Дополнително, по барање на фармерите ги променивме и критериумите за ова мерка со што државата покрива 50 отсто од трошоците за набавка на приплоден добиток, посочи Челику.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »