За компанијата: Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, во Република Словенија 1 продажно место, додекa во Северна Македонија 7. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори. На тој начин имаме вработено преку 2000 работници од разни профили и подрачја на стручност.
Поради отворање на нов салон во Битола во склоп на новиот трговски центар Bliss Битола, имаме потреба за проширување на тимот, бараме компетентни и добро обучени луѓе насочени кон остравување на резултати, склони на тимска соработка со желба за нови знаења и вештини, и кои би биле заинтересирани за работната позиција:
Доставувач-Монтер во Битола
Потребни способности и квалификации:
- Mотивирана и стабилна личност;
- Организираност, систематичност и темелност во работата;
- Навремено исполнување на обврските зададени по налог на претпоставениот;
- Способност за тимска работа и одговорност;
- Позитивен став и професионално однесување;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Пожелно е поседување на возачка дозвола Ц категорија;
- Претходно работно искуство во магацин ќе се смета за предност;
Опис на работни обврски:
- Превоз и дистрибуција на роба низ Битола и Македонија;
- Прием, складирање и издавање на производите во магацинот;
- Пакување на роба по соодветен работен налог;
- Монтажа на мебел во салоните на Прима мебел;
- Монтажа на мебел во домовите на потрошувачите.
Нудиме:
- Едукација и опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
- Стимулативни примања;
- Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
- Систем на наградување на успешните вработени;
Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.
Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Доставувач-Монтер во Битола.
Слични огласи »