Промовирани огласи »

Во Бугарија 112 родители се казнети за невакцинирање на своите деца притив морбили, објави државниот здравствен инспекторат според податоците собрани од регионалните инспекции.

Во текот на минатата година направени биле 16.000 проверки. Казните се од 50 до 100 лева, а санкции има и за доктори.

Епидемијата на морбили тргна од Украина, продолжи и во Романија, Франција, Италија и Грција, а во последно време и во Македонија.

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили иако пред два месеца само во Скопје беа регистрирани 15.000 невакцинирани деца.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) објасни дека се уште нема казни поради недостиг на податоци од вакциналните пунктови.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите документи, почна со издавање потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од министерството кои не го содржат новото име на државата “Република Северна Македонија”.

Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име ,,Република Северна Македонија“. Потврдите се издаваат во Одделот за граѓански работи за државјани на Република Северна Македонија и лица кои уживаат меѓународна заштита во земјата, а во Одделот за гранични работи и миграции за странци кои по било кој основ престојуваат во државата.

Оваа постапка следува по Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот на безбедност на Обединетите нации, а која се однесува за престанок на важење на референцата ФИРОМ, како и уставните измени за новото име на државата Република Северна Македонија.

Промовирани огласи »

Советниците на Град Скопје денеска ќе гласаат за предлог одлуката на градоначалникот, Петре Шилегов, од каде до каде да се протега адреналинската жичница, или попозната како зиплајн.

Овој проект предвидува да се поврзат скопското Кале и Старата скопска чаршија како културно-историски амбиенти со музејот на Современа уметност и Градскиот парк.

Адреналинската жичница,  ќе биде опремена со соодветна безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето.

За изградбата на оваа нова туристичка и рекреативна содржина предвидено е да се потрошат меѓу 2 и 3 милиони денари. При тоа процесот на градење не предвидува градење на објекти кои непотребно би зафаќале дополнителен простор на почетната и крајната точка од жицата, изјавија од Град Скопје.

Од Град Скопје изјавија дека ја разгледуваат можност за изградба на уште една жичница која е предвидено да биде сместена кај кањонот Матка, но заради административните пречки кои предвидуваат вклучување на повеќе институции, за реализацијата на овој проект ќе биде потребен подолг временски период.

Зиплајнот во Скопје ќе ја зголеми туристичката и рекреативна понуда на градот и несомнено ќе го стави Скопје во редот на модерните европски градови кои посветено работат на унапредувањето на туризмот преку изградба на атрактивни објекти со потенцијал да привлечат нови туристи од земјата и регионот, додаваат од Градот.

Промовирани огласи »

Општинските советници во Венеција одобрија влезна такса за туристите, кои влегуваат во популарниот италијански град распослан во Венецијанската лагуна, пренесуваат светските агенции.

Уште не е јасно кога усвоената шема ќе стапи во сила. Првичните планови беа да се воведе надомест од 3 евра  (2,65 долари) за еднодневен престој од мај.

Во следната година, надоместокот ќе се зголеми на 6 евра и може да се зголеми на 10 евра кога ќе има гужва во некој туристички ден.

Масовниот туризам одамна е проблем во Венеција, иако е главен извор на приходи за градот. Туризмот се смета за главна причина за пренатрупаноста, зголемувањето на цените на имотите и намалувањето на локално население.

Според италијанската Ностра, 2016, невладина организација за заштита на културното наследство, 30 милиони луѓе го посетуваат градот на светско наследство на УНЕСКО со просечен дневен прилив на над 82.000 луѓе.

Според шемата за влезници, посетителите кои се сместени во хостели ќе бидат ослободени од плаќање. Гостите на хотелите веќе плаќаат локална туристичка такса за нивниот престој.

Ние не сме заинтересирани за собирање пари, изјавил градоначалникот на Венеција Луиџи Брунаро претходно овој месец. Целта е да се поддржи плаќањето за одржување и чистота во историскиот град, тврди тој.

„Мораме да му кажеме на светот колку е тешко да управувате со такво посебно место“, вели градоначалникот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »