Промовирани огласи »

Општинските советници во Венеција одобрија влезна такса за туристите, кои влегуваат во популарниот италијански град распослан во Венецијанската лагуна, пренесуваат светските агенции.

Уште не е јасно кога усвоената шема ќе стапи во сила. Првичните планови беа да се воведе надомест од 3 евра  (2,65 долари) за еднодневен престој од мај.

Во следната година, надоместокот ќе се зголеми на 6 евра и може да се зголеми на 10 евра кога ќе има гужва во некој туристички ден.

Масовниот туризам одамна е проблем во Венеција, иако е главен извор на приходи за градот. Туризмот се смета за главна причина за пренатрупаноста, зголемувањето на цените на имотите и намалувањето на локално население.

Според италијанската Ностра, 2016, невладина организација за заштита на културното наследство, 30 милиони луѓе го посетуваат градот на светско наследство на УНЕСКО со просечен дневен прилив на над 82.000 луѓе.

Според шемата за влезници, посетителите кои се сместени во хостели ќе бидат ослободени од плаќање. Гостите на хотелите веќе плаќаат локална туристичка такса за нивниот престој.

Ние не сме заинтересирани за собирање пари, изјавил градоначалникот на Венеција Луиџи Брунаро претходно овој месец. Целта е да се поддржи плаќањето за одржување и чистота во историскиот град, тврди тој.

„Мораме да му кажеме на светот колку е тешко да управувате со такво посебно место“, вели градоначалникот.

Промовирани огласи »

По долго очекување од обожаватели и експерти од целиот свет, Huawei го претстави новиот Mate X на овогодинешниот Mobile World Congress во Барселона. Овој модел е првиот 5G смартфон на компанијата и поставува нови стандарди за дизајн на паметни телефони.

Новиот Huawei Mate X има Falcon Wing, кој овозможува едноставно преклопување на екранот и Balong 5000 7-нанометарски чип систем. Батеријата од 4500 mAh која се полни за неколку минути со SuperCharge технологијата на Huawei, испорачува брзина од 55W.Кога Mate X е преклопен, изгледа како 6.6-инчен смартфон и по отворањето, уредот се претвора во таблет со 8-инчен дисплеј.

Falcon Wing – помеѓу технологијата и естетиката

Благодарение на бројните тестови на Huawei за максимални перформанси на Mate X, новиот телефон комбинира паметен телефон и таблет. Телефонот има високо-отпорен OLED екран и иновативен Falcon Wing преклопен механизам.

Иновативниот Falcon Wing механизам овозможува непречено и нежно преклопување на уредот. Раширената површина на Mate X е совршено мазна и кога е преклопена, двата дела на екранот се вклопуваат совршено. Транзицијата помеѓу двата мода (паметен телефон и таблет уред) е многу брза.

Екранот со 6,6-инчи на Mate X е вистински FullView дисплеј со извонредни карактеристики. Сликите се светли и детални. По отворањето уредот веднаш се трансформира во таблет со 8-инчен дисплеј, со дебелина од само 5,4 mm. Телефонскиот панел е корисен, издржлив и брзо се лади дури и со интензивна употреба. Покрај светлината и функционалноста, Mate X е исто така многу убав и извонреден. Моделот е достапен во целосно  футуристичка и модерна меѓуѕвездена сина боја.

Единствено 5G искуство

Со првиот 5G смартфон, Huawei отвори нова 5G страница во развоjот на компанијата. Едночиповиот систем Balong 5000 на потрошувачите им дава целосно ново искуство во смисла на удобност, брзина и оперативна моќност.

Поголемиот екран на корисниците им овозможува да вршат задачи кои се поврзани со работата, но исто така и за забава во слободно време. Благодарение на режимот на поделен екран, корисниците ќе можат да работат заедно со две апликации истовремено. Ова ќе овозможи, на пример, да преместите фотографии од вашата галерија и да ги префрлите директно на е-пошта.

Водечките паметни телефони на Huawei отсекогаш имале моќни камери, па Mate X не е исклучок. Новата „Leica“ камера нуди најнови технологии во мобилната фотографија, кои неизбежно ќе го претворат Mate X во логичен избор за љубителите и професионалните фотографи. Преклопниот дизајн му овозможува на системот на камерата да ги изведува предната и задната камера. Mate X, исто така, има интегрирано копче за напојување со сензор за отпечатоци.На тој начин корисниците можат да го активираат уредот со само еден допир, истовремено зголемувајќи ја заштитата на нивните лични податоци.

Следна генерација на 5G чипсет

Huawei Mate X е опремен со револуционерниот чипсет Balong 5000, со неверојатна брзина на преземање од 5G од 4.6GB во секунда. Две сим картички на Huawei Mate X овозможуваат мрежна поддршка од 4G и 5G. Покрај тоа, во компактното куќиште на телефонот има четири вградени супермодерни 5G антени кои дополнително го подобруваат квалитетот на врската.

Моќна батерија со HUAWEI SuperCharge

Новата специјално развиена 4.500 mAh батерија е вградена во Huawei Mate X телото со дебелина од 5.4 мм. Таа ги комбинира паметните AI технологија за да ја задоволи 5G ерата за подобри перформанси на батеријата. Телефонот се полни многу брзо, задоволувајќи ги барањата на сите луѓе кои претпочитаат динамичен животен стил. За само 30 минути, Huawei SuperCharge може да ја наполни батеријата до 85%.

Со појавата на 5G ерата, Huawei е посветена на обезбедување на сите корисници со целосно ново, интелигентно искуство.

Промовирани огласи »

Цените на верските обреди што ги извршуваат свештениците на Македонската православна црква-ОА постојано наидуваат на лавина лоши реакции од страна на луѓето. 

Наплаќањето за свештенодејства е грев и канонски прекршок, се вика симонија. 

Но тоа што му го даваат верниците на свештеникот е доброволна награда. Тоа значи дека свештеникот е должен да ја изврши тајната и во случај верникот да нема ниту денар да плати.

Ова се цените на верските обреди во скопската епархија:

  • крштевка                                        4.000 денари
  • венчавка со еден свештеник          6.000 денари
  • венчавка со тројца свештеници      7.000 денари
  • погреб                                           3.000 денари

Промовирани огласи »

“Безбедноста во сообраќајот е еден од главните приоритети на Министерството за внатрешни работи. Оттаму и како министер за внатрешни работи, но и како граѓанин, апсолутно ја поздравувам и поддржувам иницијативата на Автомото сојузот на Македонија за приклучување кон проектот за зголемување на степенот на сообраќајна безбедност, особено на оние популациски групи како што се во конкретниов случај бремените жени, односно мајките и дечињата до тригодишна возраст“.

Ова денеска, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на презентацијата на проектот “Безбедни семејни паркинг зони“, при што беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу МВР и носителот на проектот Авто мото сојузот на Македонија, како и Министерството за транспорт и врски, ЗЕЛС, Факултетот за безбедност и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство за заеднички активности околу негова реализација.

Според Спасовски проектот “Безбедни семејни паркинг зони“ го заслужува должното институционално внимание.

 “Како министер за внатрешни работи сакам веднаш да нагласам дека полицијата како и претходно, така и сега, е целосно отворена за соработка, за заедничко разгледување на сите идеи и предлози - како, кога, на кој начин ќе може сето тоа да се операционализира, а првенствено во интерес на нашите граѓани, односно во интерес на подигањето на нивото на сообраќајна безбедност“, нагласи министерот Спасовски.

Во склоп на проектните активности, планирано е обележување на посебно паркинг- место на паркинзите, резервирано за бремени жени и возачи на возила во кои се превезуваат деца до тригодишна возраст. Возилата на целните групи ќе бидат обележани со налепници.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »