Промовирани огласи »

Новиот автопат Штип-Миладиновци веќе е пуштен во пробна употреба.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев  најави дека неделава конечно ќе се пушти во употреба автопатот од Скопје до Штип.

Она што требаше да се сработи со кинеската компанија „Синохидро“ е готово и заврши во декември. Во тек се работите околу правењето на пристапните патишта што се прави со пари на Јавното претпријатие за државни патишта за да може сите населени места да се приклучат на автопатот. Ова не беше дел од кредитот и проектот со „Синохидро“. Тоа воопшто не било ни размислувано како ќе се случи. Сега и тоа е речиси завршено, така што автопатот ќе го пуштиме неделава – изјави за Дојче веле Анѓушев.

Од Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта за СДК, велат дека новиот автопат е пуштен во пробна употреба, до наредната година ќе бидат изградени и патарините кои што со основниот проект не биле предвидени, па бидејќи треба време за измени и тендери, дотогаш граѓаните ќе возат бесплатно. Едната патарина треба да се гради меѓу Кадрифаково и Три Чешми.

Промовирани огласи »

Со проектот за поврат на 15 проценти од ДДВ кој е најавен дека ќе стартува од 1 јули, премиерот Зоран Заев очекува дека на самиот старт граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно.

Загубите од приходите на ДДВ, според премиерот, сега се движат околу 30 милиони евра, а штетата е уште поголема бидејќи се создава нелојална конкуренција.

Ќе имаме одличен систем и очекувањата се дека граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно на самиот старт, а зависно од процентот на успешност, толку повеќе ќе раснат и вкупните пари што ќе одат кај граѓаните, но и во буџетот, рече Заев, додавајќи дека доцна синоќа имал состанок со претставници на Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.

Со воведувањето на повратот на ДДВ се очекува граѓаните сами да бидат контролори и да добијат значителни приноси, но и да се подобри наплатата на ДДВ.

Промовирани огласи »

Вакцината против мали сипаници, заушки и рубеола не предизвикува аутизам, покажа новото истражување кое било спроведено со намера да ги уверат оние кои се сомневаат во вакциниррањето, пишува „Гардијан“.

Европските застапници предупредуваат на здравствените ризици од опаѓање на бројот на вакцинирани деца во ЕУ.

Сомнежите дека вакцината МРП (против заушки, рубеола и паротитис односно сипаници) предизвикува аутизам ги отвори гастроентерологот Ендрју Вокфилд кој во 1998 година ја постави хипотезата дека примањето на оваа вакцина предизвикува аутизам. Симптомите на аутизам почнале да се манифестираат меѓу 12 и 15 месеци.

Оваа теорија не е докажана, а на Вокфилд подоцна му било забрането да практицира медицина. Но, со појавата на социјалните мрежи повторно се појави сомнежот за вакцинирање.

УНИФЕЦ неодамна предупреди дека бројот на случаи на новозаболеми со мали сипаници се екстремно се зголемил, а епидемијата се шири меѓу децата кои не се вакцинирани Светската здравствена организација соопшти дека невакцинирањето е една од десетте најголеми закани на светското здравје.

Дански истражували спровеле едно од клучните истражувања за да покажат дека не постои врска меѓу вакцините и аутизам. Со истражување почнале во 2002 година, а нивното најново истражување вклучува 6.517 случаи на аутизам, најголем број до сега, а спроведено е меѓу 650 илјади деца во Данска кои ги следеле 10 години.

Д-р Андрес Петер Хвид од Институтот Серум во Копенхаген изјави дека студијата од 2002 година е објавена пред 16 години во списанието „Њу Ингланд џрнал оф медисин“, но не ја елиминирала идејата дека вакцината не предизвикува аутизам.

Истажувачите имале намера да се занимаваат со критиките кои ги апосторфираат противниците на вакцинацијата, како што е тврдењето дека некои групи деца се подложни на аутизам откако биле вакцинирани со МРП. Научниците ги анализирале децата кои имале близок сродник кој е аутистичен и оние кои имаат зголемени фактори на ризик за аутизам, како што се постари родители. Исто така зеле во предвид дека имало повеќе аутизам меѓу деца кои примиле други вакцини, пред МРП. Противниците на МРП вакцината исто така утврдиле дека постои еден вид регресивна форма на аутизам која е предизвикана од вакцинирање, а која не се појавува во истражување на комплетната популација. Сите овие теории се тестирани во ова истражување и се покажале како неточни, изјави Хвид.

Не најдовме потврда на хипотезата за зголемен ризик од појава на аутизам по вакцинирање со МРП на неселектираната популација кај данските деца, никаква потврда на хипотезата дека МРП предизвикува аутизам во некои подгрупи кои ги карактеризираат семејни или фактори од околината и никаква потврда за групирање на случаи на аутизам во специфичен временски период по вакцинирање со МРП, пишува во истражувањето.

Промовирани огласи »

Околу 200.000 невработени, а повеќе од 6.000 активни огласи за вработување, покажуваат статистичките податоци. Работодавачите се жалат на недостиг од кадар, а невработените не сакаат да работат за минимална плата.

Според познавачите на пазарот на труд, постојат неколку фактори што придонесуваат бројката на огласи за работа постојано да е голема. Речиси половина, односно 45% од слободните работни места се во услужни дејности и продажба, како и елементарни занимања. Експертите велат дека овие работни позиции тешко се пополнуваат бидејќи платите претежно се колку минималниот, или нешто над тој износ. Младите не се решаваат да се запишат во средните стручни училишта од истата причина, платите не се атрактивни за нив. Од друга страна, во одредени сектори, како што е текстилната индустрија, работодавачите велат дека немаат услови да ги зголемат платите.

Спротивно на оваа, на пример, е ситуацијата во ИТ секторот. И таму има недостиг од кадар и покрај тоа што таа индустрија е меѓу најбрзорастечките, а платите се атрактивни и постојано растат. Статистиката покажува дека просечната нето плата за компјутерско програмирање, на пример, лани во споредба со претходната година пораснала за 12,4% и во декември изнесувала 75.546 денари. И покрај тоа, во секторот има повеќе од 300 слободни работни места. Познавачите сметаат дека една од причините за ваквата состојба на пазарот на труд е тоа што образовниот систем не произведува доволно стручен кадар, односно теоријата не е поткрепена со практична настава за да креира квалитетни кадри.

Податоците покажуваат дека на крајот од минатата година активни биле дури 674 огласи за вработување на стручњаци и научници, а единствено кај воените занимања нема слободно работно место.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »