Промовирани огласи »

Кожуф и Поткожувјето како еден од најубавите делови на општина Кавадарци да не бидат  слепа точка и крај на светот, туку поврзани со Европа и Република Грција,  рече кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, по македонско-грчката средба во неговиот кабинет, на која се разговараше за граничен премин во Кавадаречко. Покрај тиквешките  пратеници, на синоќешниот состанок  беше и грчкиот парламентарец Сифакис Јанис.

– Разговаравме на таа тема, на наша заедничка иницијатива разработивме физибилити студија и врз основа на добрососедските односи и потпишувањето на Преспанскиот договор,  сме веќе во завршна фаза да почнеме со техничка документација и одобрување на граничен премин Пуљевац, приказна од пред 20-30 години. Ова е од големо значење за двете страни и за движењето во овој  и грчкиот регион,  од другата страна на границата. Очекуваме локален и економски бенефит, целокупен развој. Тоа многу ќе значи за нас, рече Јанчев, одговарајќи на прашање од МИА, што ќе значи за Кавадарци отворањето на преминот,  кој е дамнешна желба на тиквешани.

Во делот на развојот на туризмот, нагласи, поврзувањето ќе значи поголема раздвиженост и повеќе туристи, враќање на живот во нашите села, услови за развој на бизниси.

Тој појасни дека Агенцијата за патишта за годинава има предвидено буџет од 50 милиони денари за реконструкција на постоечкиот пат Р108 од месноста Мушов Гроб до Мајден. Самиот премин планирано е да се финансира преку европски фондови.

Задоволство од средбата изрази и Сифакис Јанис. – Премиерот Заев е многу позитивно расположен за овој граничен премин помеѓу Кавадарци и Аридеја. Во наредните два месеца се очекува да се потпише договор за отварање на премин. Во наредниот период ќе се разговара и за финансирањето и имплементирање на тој проект. Од 27 кулометри од грчка страна, четири се со асфалт. Од 57 километри во Кавадарци, 43 се асфалтирани. Има поволна клима и овој пат многу ќе им помогне на двете земји, нагласи тој.

Патот  за земјоделските производи, граѓаните и туристите, како што истакна, ќе биде скратен за сто километри.

Извор: МИА, фото: rtk.mk

Промовирани огласи »

Минималната бруто плата се усогласува за 3,3 проценти и ќе изнесува 17.943 денари, односно нето 12.507 денари, најави денеска Министерството за труд и социјална политика.

Согласно со Законот за минимална плата, наведува МТСП, усогласувањето ќе започне да се применува со исплатата на платата за април годинава. Бруто минималната плата во државава моментно изнесува 17.370 денари, односно 12.165 денари во нето износ.Со последното усогласување минималната плата ќе порасне за 573 денари во бруто износ.

Минималната плата, според Законот, се усогласува со по една третина од порастот на просечно исплатената плата, трошоците на живот и бруто домашниот производ.

Од МТСП информираат дека за усогласувањето на висината на минималната плата денеска свое мислење дал и Економско-социјалниот совет, во кој освен владини претставници учествуваат и синдикатите и работодавачите

Промовирани огласи »

Во текот на овој месец, телекомуникацискиот оператор НЕОТЕЛ претстави специјална понуда со цел зголемување на еколошката свест кај граѓаните. Имено, со склучување на нов договор на некој од пакетите за домашни корисници и активирање на електронска сметка, операторот им овозможува 30% попуст на сметките во првите шест месеци од договорот. Како општествено одговорна компанија, НЕОТЕЛ ги повикува граѓаните заеднички да се вклучат во заштитата на животна средина. Електронските сметки корисниците ги добиваат на својата е-маил адреса, на почетокот од тековниот месец, без доцнење и воедно им се овзоможува на едно место да имаат евиденција за пристигнатите сметки. Сите сметки корисниците може да ги плаќаат преку електронскиот систем за плаќање директно на веб- страницата на НЕОТЕЛ со што им се овозможува брзо процесирање на уплатата без никакви банкарски провизии.

Неотел веќе 15 години нуди висококвалитетни телекомуникациски услуги на своите приватни и деловни корисници. Во рамките на својата понуда нуди супер брз оптички интернет, бежичен ЛТЕ интернет, интерактивна телевизија со бројни ТВ-канали како и Android ТВ-уред кој овозможува пристап до бројни апликации директно на телевизорот.

Повеќе информации за понудата дознајте на следниот линк
 

Промовирани огласи »

Македонија и Бугарија мора да работат симетрично за железнички да се поврзат, вели бугарскиот министер за транспорт. Но, на Бугарија и фалат само 2 и пол километри до граница, а нам шеесетина километри. Остатокот од пругата до Софија ќе се модернизира. Македонија досега има изградено само дваесетина километри.

Во моментов се гради само до Бељаковце, се тендерира втората траса, а за третата допрва ќе се бараат пари. Според проекциите, од Скопје до Софија со воз ќе може да се патува во 2026 година.

Според најавите, ќе се воведуваат и авиолинии Скопје-Софија и Охрид-Варна. Прво во текот на туристичката сезона, а потоа и трајно.

Бугарија е петти трговски парнер на државава. Лани извозот бил 305, а увозот 329 милиони евра. Министерот Бектеши смета дека трговската размена ќе се зголеми за над 10 проценти по првата седница на меѓувладината комисија за економски работи.

На состанокот не се разговарало за укинување на царините меѓу двете земји. За тоа ќе треба да пресечат двајцата премиери. Освен поврзувањето и трговската размена, двете земји ќе соработуваат и за поддршка на претприемачите, енергетиката и туризмот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »