Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Нови правила: Пензија ќе добиваат и оние без услови и ден работен стаж, а ова се критериумите

Државата ќе им дава пензија на оние кои не работеле ниту еден ден 💶

Сите граѓани на Северна Македонија постари од 65 години, кои не ги исполниле условите за пензија и не работеле ниту ден, оваа година ќе добијат државна пензија.

Тоа нема да се однесува на оние кои се во брак или живеат во вонбрачна заедница, а чиј партнер веќе ужива пензија. Таа категорија граѓани, според Владата , не е социјално загрозена и нема да може да добива социјална пензија.

Законот за социјална сигурност на постари лица стигна во Собрание и за него ќе се гласа по скратена постапка. Имено, со него е пропишано државната социјална пензија да изнесува 6000 денари месечно или (96,7 евра) и еднаш годишно да се усогласува со трошоците на живот.

Услов за добивање на оваа пензија е лицето да биде државјанин на Северна Македонија и во земјава да живее во последните 15 години.

Покрај тоа, услов е граѓанинот да нема сопствен имот и имотни права од кои може да се издржува, да не е корисник на пензија или некој вид примања по основ на старост, инвалидност или издржување од друга држава...

Оние кои ќе примаат социјална пензија ќе имаат право и на надомест за греење во износ од 1000 денари (16 евра) од октомври до март. Не постои проценка колку луѓе ги исполнуваат условите ниту пак колку пари ќе се издвојат од буџетот за таа намена.

Социјалната пензија нема да ја исплаќа ПИО фондот , туку центрите за социјална помош.

Минималната пензија која ја исплаќа фондот на граѓаните кои работеле најмалку 15 години изнесува околу 8 800 денари (околу 142 евра), што е само 2800 денари (45 евра) повеќе од новата социјална пензија.

Тагови: пензија

Промовирани огласи »

Од први април комунални инспектори на терен – казни за сопствениците кои немаат вградено чип на миленикот

Високи парични казни за сопствениците кои немаат вградено чип на своите миленици.

Од први септември минатата година официјално започна кампањата за бесплатно микро чипирање на домашните миленици во Република Македонија. 

Чипот кој се вградува содржи бројче и преку него се обезбедуваат основните податоци на миленикот со што се овозможува негово следење. Ова помага во случај на губење со што кучето може да се лоцира, да се пронајде и да му се врати на сопственикот. Оваа кампања на бесплатно чипирање завршува во април. За да се вгради чипот потребно е миленикот да прима вакцина од 600 денари која е задолжителна и да се извади пасос од 120 денари.

Веќе од први април на терен излегуваат комунални инспектори кои со високи парични казни ќе ги казнуваат сопствениците кои немаат вградено чип на својот миленик.

Очекувањата од оваа акција е значително намалување на бројот на бездомните кучиња и мачки бидејќи при евиденција на животното, комуналниот инспекторат ќе има право да му го врати на неодговорниот сопственик.

Инаку чипирањето е целосно безболно и се поставува во пределот на плеќките. Станува збор за мал електронски уред со големина на зрно ориз. Чипот ги содржи информациите за сопственикот, расата на кучето, полот, редовна вакцинација и третирање со паразити. Паралелно се чипот има и налепница која се поставува во пасошот на миленикот.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk дел од шестото по ред издание на Саемот за вработување и пракса ,,КОНТАКТ 2019"!

KARIERA.mk дел од шестото по ред издание на Саемот за вработување и пракса ,,КОНТАКТ 2019"!

Денес, во холовите на Факултетите од техничкиот кампус (ФЕИТ, МФС, ФИНКИ, ТМФ) се одржува шестото по ред издание на Саемот за вработување и пракса "КОНТАКТ 2019". 

Најголемите компании од областа на информатиката, енергетиката, електрониката и машинството се претставија со свои штандови и подетално ги информираа присутните околу можностите за вработување во истите.

На KARIERA.mk и беше огромна чест и задоволство што беше дел од овој настан. Со нашето присуство и кафе-дружбата со студентите и присутните на саемот им посочивме како да го изработат своето CV и да отидат чекор напред во нивната идна професионална кариера.

Доделивме и по некој совет за тоа како да се претстават себеси во најдобро светло на првото интервју, како да направат мотивационо писмо и како да пребаруваат соодветни огласи за работа.

Саемот започна од денес - 12ти Март, а ќе трае и наредните два дена - 13 и 14 Март.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »