Промовирани огласи »

Коалиционите партнери СДСМ и ДУИ донесоа одлука за социјалниот пакет „Трето дете“. Пратеникот Артан Груби објасни дека кој ќе добива, а кој не  ваков додаток.

Во однос на третото дете, сите оние кои до крајот на годинава земаат додаток за трето дете, ќе продолжат да земат и во следните 10 години. Исто така, сите оние деца кои ќе се родат во текот на оваа година ќе земаат на ист начин како и досега, додека од следната година па натаму, додатокот за трето дете ќе земаат само најсиромашните категории на нашето општество, социјалните категории, односно семејството на детето кои земаат минимална плата, изјави Груби.

Груби рече дека се надева наскоро, односно на следната седница ќе се усвои овој закон. Истото го кажа и премиерот Заев во врска со законите кои се очекува на 25 март да се најдат на собраниска седница.

Освен за “Трето дете“, владините партнери се договорија и за пензијата за лицата над 65 години кои немаат ниту еден ден работен стаж. 

Промовирани огласи »

Најбогатите семејства ќе имаат најголем ќар од мерката поврат на 15% од платениот данок на додадена вредност. Тие што годишно трошат по 20.000 евра ќе успеат да вратат нешто помалку од просечната плата, односно 22.238 денари, покажува анализата на Институтот за економски истражувања Фајнанс Тинк.

Според нивните пресметки, најсиромашните ќе добијат назад само 738 денари.

Средната класа во земјава преку повратот на ДДВ ќе добие меѓу 50 и 100 евра годишно.

Од Министерството за финансии велат дека сите детали ќе ги објават по  изборите, но уверуваат  дека се подготвени за спроведување на мерката.

“Според програмата на Владата предвиден е поврат на 15% од платениот ДДВ за граѓаните. Во тек се подготовките и мерката, како што беше најавено, ќе почне во јули годинава.
Мерката има 2 главни цели: првата е поврат на средства кај граѓаните кои одговорно го плаќаат данокот на додадена вредност, додека втората е намалување на даночното затајување.
Односно на граѓаните откако ќе побараат фискална сметка и ќе ја внесат во системот за истата ќе им биде пресметан поврат на 15% од платениот ДДВ.
Министерството за финансии ќе излезе со сите детали и анализи за повратот на ДДВ навремено, како и за секоја мерка досега”, пишува во соопштението од Министерството за финансии.

Неодамна премиерот Заев најави дека секое лице со важечка лична карта ќе може да врши поврат на ДДВ преку телефон.

Оваа мерка беше предизборно ветување на сегашната Влада. Тогаш Заев изјави дека повратот на 15% ДДВ ќе обезбеди годишно 30.000 денари, уште една плата повеќе во секое семејство.

Промовирани огласи »

Од денеска нискобуџетната авиокомпанијата „Визер“ од охридскиот аеродром почнува да оперира и со редовна линија кон италијанскиот град Милано.

Новите директни линии ќе сообраќаат во текот на целата година, со две неделни фреквенции.

Министерот Сугарески најави дека за периодот до 2020 година за финансиска подршка за нови авио линии кои ќе овозможат развој на туризмот се предвидени 312 милиони денари.

Со додавањето на Малме и Милано, како нови дестинации, сега од Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид има 5 редовни линии, Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано, како и 8 сезонски дестинации.

Промовирани огласи »

Велосипедист или возач на мотоцикл за време додека управува со возилото не смее да води животни со себе, во спротивно ќе биде казнет со 50 евра. 

Освен оваа мерка Законот предвидува и глоба од 50 евра ако возач на велосипед со помошен мотор, мопед, се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина над 25км/час.

Исто толкава глоба ќе заработи и велосипедистот или мотоциклистот ако ги симне рацете од управувачот, се придржува за друго возило или влече предмети. Казна од 50 евра ќе заработи детето до 14-годишна возраст и неговиот родител поради превезување на други лица на велосипедот. Задолжителен е шлемот на глава, рефлектирачки елек во ноќни услови, а глобата е исто така 50 евра.

Велосипедистите коишто, особено кога е потопло времето, сакаат да ги растрчаат своите миленичиња возејќи истовремено велосипед велат дека никому не пречат со тоа што го носат кучето со себе.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »