Промовирани огласи »

ВИДЕОНАДЗОР НА РАБОТНОТО МЕСТО: Камерите предизвикуваат негативно чувство кај вработените и непријатна работна атмосфера

Видеонадзорот и следењето преку монитори е во постојан пораст и во Македонија, велат од Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Податоците кои се собираат при видеонадзорот, образложуваат од Дирекцијата, најчесто се слики кои се однесуваат на идентификувано лице или на лице кое може да биде идентификувано, директно или индиректно, со цел да се следи неговото однесување. Како што се шири следењето на луѓето преку видеонадзор така се намалува слободата на движење и однесување на луѓето и нивната приватност.

Посебно треба да се внимава на видеонадзорот на работните места, истакнуваат од Дирекцијата. Следењето на работниците на работните места преку видеокамери, подвлекуваат од оваа институција, предизвикува негативно чувство, губење на концентрацијата и непријатна работна атмосфера.

Работодавецот треба да ја почитува приватноста на сите вработени

Новата технологија може да влијае на здравјето и физичката состојба на работниците и на работната способност. Видеонадзорот на работното место може да се инсталира само ако е потребно за заштита на животот или здравјето на луѓето, за заштита на сопственоста, за заштита на животот или здравјето на вработените поради природата на работата или поради обезбедување на контрола над влегувањето или излегувањето од службените или деловни простории, образложуваат од Дирекцијата.

Вработените треба да бидат информирани доколку се под видеонадзор. Вработените, исто така, треба да бидат информирани за целта и за причините за снимањето доколку нивниот претпоставен има поставено видеонадзор во работните простори.

Вработените, нагласуваат од Дирекцијата, не треба да се под постојан видеонадзор. Работодавецот треба да ја почитува приватноста на сите вработени додека се на работното место, односно работодавецот мора да го почитува начелото на пропорционалност во однос на целта заради која се поставува видеонадзорот.

Промовирани огласи »

По воодушевувањето што го предизвика новата верзија на легендарниот мобилен телефон „нокиа 3310“, многумина кои планираа да го купат би можеле да останат разочарани.

Иако новата во споредба со оригиналната верзија е значително подобрена, сепак уредот со мрежите комуницира преку застарената 2Г-технологија, која во многу делови на светот е веќе згасната, пренесува магазинот „The Lad Bible“.

 

Nokia 3310 (2017) vs Nokia 3310 (2000) #Nokia3310

A post shared by Agoez Bandz (@agoez_bandz) on

Доколку некој во Европа го набави новиот телефон 3310, но живее на друго место во светот или, пак, отпатува на некоја дестинација, нема да биде во можност да користи интернет на бидејќи не ќе може да се поврзе на локалната мрежа.  

Досега Канада, Австралија, Швајцарија, САД и Тајван имаат затворено повеќе од 2Г-мрежите на своја територија, а тој тренд го следат и други земји. Според ова, на многу од пазарите кон кои „Нокиа“ се стреми, телефонот едноставно би бил застарен.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk добива огромен број на CV во текот на денот и многу од нашите апликанти веќе се повикани на интервјуа со атрактивни работодавци кои се дел од нашата листа на партнери.

Сепак да видиме какви биле почетоците на интервјуата во минатото:

Промовирани огласи »

Многу од нас се нашле во ситуација да се заљубат во својот колега или уште поинтересно во својот шеф. Дали треба да си дозволиме да ни се случи тоа или пак треба тотално да заборавиме на такво нешто?
Доколку не можете да одолеете, погледнете како да се движите низ таква врска - сепак некои компании не дозволуваат врски меѓу вработени.
Ова видео на кратко ги дава сите аспекти од една таква ситуација.

На вас останува да одлучите дали вашето работно место е локацијата каде можете и треба да го најдете вашиот животен сопатник.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »