Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика смета дека мерката за додадок за трето дете не ги дава посакуваните резултати во зголемувањето на наталитетот. Според податоците, велат од МТСП, наталитетот во Македонија во 2010 година бил 11,8, а во 2017 година 10,5 проценти.

Оваа мерка, додаваат, имало можност 10 години да се имплементира, но таа очигледно не дава резултати. Заедно со бројот на корисници на мерката, растат и трошоците на државата. И покрај фактот што наталитетот опаѓал, Владата потрошила безмалку 208 милиони евра за исплата на додатокот за трето и четврто дете.

-Сите овие податоци потврдуваат дека мерката за трето дете е неефикасна и лошо дизајнирана од самиот почеток. Така на пример, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова па го добивале и семејства кои имаат многу високи приходи. Социјалната реформа која ја изработи актуелното раководство на МТСП воспоставува целосно нов, правичен и ефикасен систем на социјална заштита. Со него, се обезбедува еднакво општество за сите и се насочуваат парите кон оние граѓани на кои им се најпотребни, се посочува во денешното соопштение од МТСП.

Од Министерството реагираат на ставот на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска, која, како што велат, зборувајќи за ефикасноста на додатокот за трето дете, покажала фундаментално неразбирање за системот и самиот термин „демографска мерка“.

-Повикувајќи се на растечкиот број на корисници, пратеничката тврди дека „мерката сама по себе има дадено резултати“, што е целосно погрешен заклучок. Напротив, и покрај зголемениот број корисници мерката не дава никави демографски резултати. Наталитетот во времето на ВМРО-ДПМНЕ драстично опадна и по воведувањето на мерката „трето дете”, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Промовирани огласи »

Земајќи ги предвид комуникациските потреби на корисниците за што повеќе интернет, телекомуникациската компанија Vip со задоволство ја најавува најновата промотивна понуда наменета за сите пост пејд корисници на мобилната телефонија со која овозможува неограничено користење мобилен интернет за омилените социјални мрежи без при тоа да го трошат месечниот интернет предвиден во претплатата.

Ова е единствена можност за сите резидентни корисници кои ќе склучат нов или ќе го обноват веќе постоечкиот договор во Vip Neo M тарифниот модел да ги искористат погодностите на новата промоција и  бесплатно да го добијат Vip Go Social, пакет со неограничен интернет со кој корисниците можат да ги користат омилените социјални мрежи Facebook, Instagram, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp.

“Vip повторно ја докажува својата посветеност за обезбедување најдобра понуда за неограничена комуникација согласно со навиките и потребите на корисниците во дигиталната ера. Со Vip Go Social корисниците можат опуштено да споделуваат фотографии, видеа, да се допишуваат со пријателите, да гледаат и да постираат на инстаграм и фејсбук сторис без притоа да го трошат интернетот вклучен во нивната месечна претплата“, изјави Елена Панова маркетинг директорка во Vip.

Дополнително, со склучувањето нов договор корисниците добиваат можност да изберат меѓу атрактивните смарт телефони меѓу кои и Samsung Galaxy J4+ 2018 за 169 денари месечна рата.

Сите постоечки корисници, пак, ја добиваат можноста да станат корисници на пакетот Vip Go Social со едноставна активација преку СМС или апликацијата Mojot Vip со месечен надоместок од 199 денари.

За повеќе информации јавете се во Контакт центар на 077 1234.

Промовирани огласи »

Најновите податоци од статистика покажуваат дека вработените во секторот на воздухопловството земаат најголеми плати . 

Имено, според официјалната статистика од ДЗС,  84 656 денари  е сумата на просечната нето плата исплатена во јануари во сектрот на воздухопловен транспорт.

Веднаш потоа следат програмерите со просечни нето плати од 56.664 денари а толкава плата во јануари земале и вработените во консултантски и сродни дејности.

На трето место највисоки просечни нето плати во јануари се исплатени во секторите складирање и помошни дејности во превозот или 45.068 денари .

Четвртото и петото место им припаѓаат на вработени во  производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати кои земале 43.859 денари просечна нето плата, и вработени во финансиско-услужни дејности чија нето плата во јануари била 42.259 денари.

Статистиката пресмета дека просечната исплатена нето пораснала за два отсто и изнесува 24.517 денари.

Промовирани огласи »

Нова трета компанија доби дозвола да основа друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС соопшти дека дала дозвола на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија.

Друштвото ќе има дозвола да собира пари и во задолжителниот втор пензиски столб но и во доброволниот односно третиот пензиски столб. Досега, а уште од времето кога се воведе двостолбниот пензиски систем пред повеќе од 12 години постоеја само две пензиски друштва кои управуваа со фонд во вториот столб - КБ Прво и НЛБ Нов Пензиски фонд кој на крајот на 2017 година беше продаден на словенечката компанија Сава Ре од кога стана Сава пензиско друштво.

Од МАПАС велат дека со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »