Промовирани огласи »

Земајќи ги предвид комуникациските потреби на корисниците за што повеќе интернет, телекомуникациската компанија Vip со задоволство ја најавува најновата промотивна понуда наменета за сите пост пејд корисници на мобилната телефонија со која овозможува неограничено користење мобилен интернет за омилените социјални мрежи без при тоа да го трошат месечниот интернет предвиден во претплатата.

Ова е единствена можност за сите резидентни корисници кои ќе склучат нов или ќе го обноват веќе постоечкиот договор во Vip Neo M тарифниот модел да ги искористат погодностите на новата промоција и  бесплатно да го добијат Vip Go Social, пакет со неограничен интернет со кој корисниците можат да ги користат омилените социјални мрежи Facebook, Instagram, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp.

“Vip повторно ја докажува својата посветеност за обезбедување најдобра понуда за неограничена комуникација согласно со навиките и потребите на корисниците во дигиталната ера. Со Vip Go Social корисниците можат опуштено да споделуваат фотографии, видеа, да се допишуваат со пријателите, да гледаат и да постираат на инстаграм и фејсбук сторис без притоа да го трошат интернетот вклучен во нивната месечна претплата“, изјави Елена Панова маркетинг директорка во Vip.

Дополнително, со склучувањето нов договор корисниците добиваат можност да изберат меѓу атрактивните смарт телефони меѓу кои и Samsung Galaxy J4+ 2018 за 169 денари месечна рата.

Сите постоечки корисници, пак, ја добиваат можноста да станат корисници на пакетот Vip Go Social со едноставна активација преку СМС или апликацијата Mojot Vip со месечен надоместок од 199 денари.

За повеќе информации јавете се во Контакт центар на 077 1234.

Промовирани огласи »

Најновите податоци од статистика покажуваат дека вработените во секторот на воздухопловството земаат најголеми плати . 

Имено, според официјалната статистика од ДЗС,  84 656 денари  е сумата на просечната нето плата исплатена во јануари во сектрот на воздухопловен транспорт.

Веднаш потоа следат програмерите со просечни нето плати од 56.664 денари а толкава плата во јануари земале и вработените во консултантски и сродни дејности.

На трето место највисоки просечни нето плати во јануари се исплатени во секторите складирање и помошни дејности во превозот или 45.068 денари .

Четвртото и петото место им припаѓаат на вработени во  производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати кои земале 43.859 денари просечна нето плата, и вработени во финансиско-услужни дејности чија нето плата во јануари била 42.259 денари.

Статистиката пресмета дека просечната исплатена нето пораснала за два отсто и изнесува 24.517 денари.

Промовирани огласи »

Нова трета компанија доби дозвола да основа друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС соопшти дека дала дозвола на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија.

Друштвото ќе има дозвола да собира пари и во задолжителниот втор пензиски столб но и во доброволниот односно третиот пензиски столб. Досега, а уште од времето кога се воведе двостолбниот пензиски систем пред повеќе од 12 години постоеја само две пензиски друштва кои управуваа со фонд во вториот столб - КБ Прво и НЛБ Нов Пензиски фонд кој на крајот на 2017 година беше продаден на словенечката компанија Сава Ре од кога стана Сава пензиско друштво.

Од МАПАС велат дека со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови.

Промовирани огласи »

Властите во неколку градови во САД предложија закон со кој ќе се забрани продажбата на електронски цигари, сѐ додека нивниот ефект врз здравјето на луѓето не биде испитан од страна на американската Влада.

Ова е прв ваков случај во САД. Сан Франциско, Чикаго и Њујорк испратиле заедничко писмо во кое бараат Државната агенција за храна и лекови да го утврди влијанието на електронските цигари врз човековото здравје.

Главниот обвинител на Сан Франциско, Денис Херера, еден од авторите на предлог-законот, изјави дека електронските цигари мора прво да се испитаат.

Тие компании може да се кријат зад маската на помала штета, но јасно е дека и нивните производи предизвикуваат зависност, изјави тој.

Според критичарите на предлог-законот, тоа повторно ќе значи потешко откажување од цигарите кај луѓето што го сакаат тоа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »