Промовирани огласи »

Во Македонија органската храна се означува со сонце околу кое има фиданка, само производите со ваква ознака се органски производ. ЕУ пак, има сопствена ознака за органски производи која има облик на лист составен од ѕвезди. Оваа ознака потрошувачите можат да ја сретнат на производи кои се увезени. За разлика од ЕУ каде веќе не се употребува ознаката "органски во преод" во Македонија поради малото органско производство се користи и оваа ознака.

Македонските потрошувачи се генерално запознаени со органското производство, но се уште не знаат точно како да препознаат дали некој производ е органски или не, во кои региони може да се одгледува органски зеленчук или да се пчелари на органски начин.

Еден од начините потрошувачите можат да се информираат за тоа каде може да се купи сертифицирана органска храна, како да се препознае националната ознака за органска храна, како и други информациите кои се поврзани со производството и обележувањето на оваа храна е преку веб-страница за органска храна www.органскисвет.мк.

Секој органски производ, без разлика дали е во свежа состојба или е преработен, треба да е јасно означен со ознаката за "органски производ", кој гарантира дека ги задоволува стандардите за органско производство. Доколку на производот ја нема оваа ознака, тој не е органски произведен производ.

Во Македонија органската храна се означува со сонце околу кое има фиданка, а потрошувачите треба да го препознаваат овој знак. Потрошувачите кога ќе наидат на производ со ваква ознака треба да бидат сигурни дека се работи за органски производ. ЕУ пак, има сопствена ознака за органски производи која има облик на лист составен од ѕвезди кои се преземени од знамето на ЕУ. Оваа ознака потрошувачите можат да ја сретнат на производи кои се увезени на нашиот пазар од Унијата.

За разлика од ЕУ каде веќе не се употребува ознаката "органски во преод" во Македонија поради малото органско производство се користи и оваа ознака.

Во ЕУ зборовите органско, еко и био се дозволени за употреба од причина што во различни земји се користи различни зборови за да се означи органското производство. Во Македонија официјално се употребува зборот "органско", додека употребата на зборовите "био" и "еко" на етикетите е дозволено само ако органски производи се увезуваат и се продаваат во оригинални пакувања.

Правилата за органско производство одредуваат преоден период од најмалку една година, но понекогаш неколку години, пред производството да добие статус на "органско производство". Причина е тоа што, можат да бидат потребни и неколку години за резидуите од употребуваните хемикалии потполно да исчезнат од почвата. За време на периодот на преод производителите се наоѓаат во неповолна позиција. Не им е дозволено да користат пестициди или хемиски ѓубрива а истовремено, тие се уште немаат предност на продажба на нивните производи како органски.

Голем дел од земјите а до скоро и ЕУ за да им помогнат на производителите да остварат доволни приходи за време на тешкиот преоден период, овозможуваат производителите да ги обележат и продаваат своите производи, како "органски во преод". Потрошувачите притоа имаат можност да купат "органски производи во преод" и да платат малку повисока цена за производи кои не се произведени со употреба на пестициди и вештачки ѓубрива.

Со оглед дека Македонија е во рана фаза на развојот на органското производството и домашниот пазар за органски производи, "органските производи во преод" може да се продаваат и како такви да бидат означени.

Побарувачката на органски производи на светско ниво постојано расте. Се повеќе потрошувачи ги препознаваат придобивките од органската храна. Како резултата на ова, пазарот на органски производи е пораснат од 15 милијарди долари во 1999 година, на 72 милијарди долари во 2013 година. 

Промовирани огласи »

Универзитетите во прекрасната Канада се преполни со интернационални студенти од целиот свет.

Истите веќе планираат да останат во земјата откако ќе дипломираат и ако имаат можност да добијат канадско државјанство.

Стотици илјади странски студенти денес живеаат во Канада како дел од владината стратегија за преобликување на структурата на населението со интеграција на високо образовани млади луѓе од целиот свет. Тоа би било одговор на забрзаното стареење на канадското население.

Владата во ноември донесе низа измени во имиграционата политика се со цел на странските студенти да им се овозможи полесно останување во земјата и добивање на државјанство.

На Канада и се потребни талентирани имигранти за да заменат старото население. Имигрантите веќе сочинуваат 75 проценти од растот на работната сила.

Во текот на академската 2015/16 година популацијата од странски студенти во Канада порасна за осум проценти, односно  на над 350 илјади луѓе што е околу еден процент од канадското население.

Удрени се темелите на нашиот образовен систем кој што е познат по квалитетот, нашата земја има репутација на толерантна и безбедна а образованието е релативно евтино, вели Кален Мекбрајд  претседателка на канадското биро за меѓународно образование

Промовирани огласи »

Во тек се подготовките за пуштање на првите пластични пари на македонскиот пазар. Се работи за банкнотите од 10 и 50 денари, кои ќе бидат пластични и кои доколку се се одвива според предвидената динамика, во оптек се планира да бидат пуштени кон крајот на годинава, пишува Вечер.

Лабораториските тестови покажале дека полимерните банкноти се деформираат и топат на температура од 120 степени Целзиусови, што значи дека тие без оштетување можат да преживеат во машините за перење, почисти се и потешки за фалсификување.

Банкнотите од десет и педесет денари или во народот по популарно наречени книжни пари, требаше сукцесивно да се повлекуваат од оптек и да се заменат со кованите или т.н. железни пари во апоени од 10 и 50 денари. Од тие причини од 2013 година веќе не се ни печатат книжните банкноти во овие апоени.

Замената на книжни со ковани пари беше од една единствена причина: бидејќи тие се најупотребувани во платниот промет, најбрзо и се изабуваат, па со цел да се намалат трошоците за нивно често печатење, се отиде на замена на банкотите со ковани десетки и педесетки.

Промовирани огласи »

Оскарот оди кај ‘La La Land’… ау, не грешка, оскарот оди кај ‘Moonlight’, утнавме малце де, се извинуваме.

Најверојатно единствена ваква грешка во 89-те години во кои што се оддржува доделувањето на Оскарите. Откако Дејмијан Шазел заедно со целиот тим од “La La Land“ излегоа на сцена и ги оддржаа своите говори заблагодарувајќи се за наградата, им беше кажано дека всушност имало грешка и дека тие не ја добиваат наградата за филм на годината.

Актерот Ворен Бити, кој ја презентираше оваа категорија заедно со актерката Феј Данавеј, се обиде да објасни како се случила оваа грешка – најверојатно му бил даден погрешен коверт. Тој изјави: “Го отворив ковертот и таму пишуваше ‘Ема Стоун, La La Land’, затоа и ми требаше толку време за да го кажам победникот, не сакав да се шегувам“.

Ема Стоун неколку минути претходно го доби Оскарот за најдобра женска улога, па најверојатно бил даден истиот коверт по втор пат.

Како и да е, добитник на Оскарот за филм на годината е филмот „Moonlight“… барем сега за сега, доколку се премислат уште еднаш, ќе бидете во тек.

Погледнете го видеото како се случи оваа брука на Оскарите.

Извор на веста: http://biditaka.mk/bidi_vo_tek/bruka-na-oskarite-go-utnaa-filmot-na-godinata/

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »