Промовирани огласи »

Nokia долг период беше гигант и ги имаше најпродаваните телефони. Сепак со излегувањето на првиот iPhone и паметните телефони на Samsung започна и падот на компанијата. Иако по продажбата на Microsoft, финската компанија и целосно пропадна, голем број на фановите не го заборавиле квалитетот на телефоните на Nokia.

Nokia веќе не произведува телефони, дури и новите телефони за кои пишуваме се произведени од HMD Global кој ги има правата на името. Иако 3310 излезе пред 17 години, најавата за нов уред со исто име и издржливост возбуди голем дел од љубителите. Телефонот е без можност да биде сериозен паметен телефон, но може да биде „feature“ уред што ќе и помогне на компанијата да направи чекор во вистинска насока.

Заедно со Nokia 3310, компанијата претстави уште 3 нови уреди: Nokia 3, Nokia 5 и Nokia 6. Сите уреди се од ниска или средна класа, како по хардверот така и по цената.

„Батеријата трае 1 месец, има змија и Nokia рингтон.“, ова беше презентирањето на Nokia 3310 од Арто Нумела.

Новата верзија на 3310 e потенка, пластиката е мазна и телефонот е значително помал од денешните уреди. Новиот телефон доаѓа со 2MP камера, LED блиц и колор дисплеј со резолуција 320х240. Едно полнење на батеријата е доволно за 22 часа разговор. Телефонот има и Opera прелистувач кој овозможува преглед на интернет содржини. Nokia 3 е телефон со 5-инчен дисплеј изработен од алуминиум, доаѓа со 8 MP камера и 720р дисплеј. Цента на уредот е 150 долари. Nokia 4 доаѓа сo 5.2-инчен дисплеј со 720р резолуција, 13 MР камера и Snapdragon 430 процесор, јави Wired. Цената на Nokia 5 е 200 долари.

Nokia 6 е најскапиот телефон на листата, 315 долари. Телефонот има 5.5-инчен дисплеј, 1080р и 16MP камера. Телефонот одамна е достапен на дел од пазарите, но нова најава е дека телефонот е веќе достапен и глобално.

Трите уреди доаѓаат со Android Nougat оперативен систем.

Промовирани огласи »

Младиот  менаџер за бренд стратегии  од агенцијата Ogilvy & Mather Philippines почина минатиот викенд откако наводно работел  прекувремено додека во исто време бил болен од пневмонија.

Mark David Dehesa работел околу една година во PR дивизијата на Ogilvy’s Manila. Претходно работел на бројни проекти со Publicis, JWT и BBDO. Неговата смрт во неделата веќе ја поттикна дебатата за балансот помеѓу приватноста и работата во агенциите и преголемата прекувремена работа, посебно нагласена тема во Азија.


Со голема тага ја потврдуваме ненадејната смрт на нашиот Mark Dehesa кој почина од компликации од пневмонија во недела, 19.02,2017 изјави генералниот директор на Ogilvy Philippines CEO- Elly Puyat во изјава на компанијата. Mark беше сакан и важен член на нашиот тим во Филипини, и нашите мисли и молитви ги упатуваме кон него, неговото семејство и пријателите во овие тешки периоди за нив.

Агенцијата не ја продолжи својата понатамошна елаборација на темата, нагласувајќи на сензитивноста и приватноста на семејството во дадениот момент.
Во согласност со поранешен колега, Dehesa работел во раните утрински часови минатиот петок за да се припреми за состанок и подоцна останал до доцните вечерни часови во канцеларијата од каде побарал да биде префрлен во болница каде подоцна починал.

Клиентите секогаш бараат нешто добро copywriter-от  Jeff Stelton од  Ogilvy напиша во објава на Facebook , откако била најавена смрт на неговиот колега.   Работата ја работиме до точка на истоштеност, жртвувајќи го притоа слободното време и драгоценото време со нашето семејство, партнерите, нашите сакани а пред се и нашето здравје.

Stelton, кој претходно работел со Dehesa исто така изјави: “со прераната смрт на уште еден млад колега, сметам дека е време да  кажеме не на оваа ситуација, време е да кажеме не за станување за презентација во 9 наутро откако сме работеле напорно до 4 наутро.”

Тој исто така повика клиентите и агенциите да бидат поразумни и да започнат да се грижат околу луѓето од нивниот тим. Тој подоцна го измена текстот во објавата додавајќи дека прераната смрт на колегата се должи на преголемата работа.’’

Други лица во индустријата исто така го споделија своето сочуство на Facebook, а еден од неговите поранешни колеги напиша: ‘’Збогум Марк.’’
Луѓето кои работеа со тебе и те познаваа исркено жалат за твојата загуба, ќе им недостигаш. Со надеж, твојата смрт ќе ги води луѓето од рекламната, маркетинг, продукциската и комуникациската индустрија да размислат за барањата и работниот импакт на физичкото и менталното здравје кои работата ги има при постигнување на крајните рокови.

Феноменот на преголема работа во Јапонија попознат како “karoshi” , стана популарен во светските медиуми во декември,2015 кога Tadashi Ishii ја напушти позицијата на генерален директор на Dentsu, 5тата најголема светска холдинг агенција. Најавата се појави во медиумите откако федералните власти најавија поднесување на тужба за самоубиството на млад менаџер од компанијата кој на социјалните медиуми пишувал објави за неговите шефови и најавил дека поминувал повеќе од 100 прекувремени часови во работа во еден месец. Ова не беше првата ненадејна смрт во маркетинг индустријата која се појави во бројни наслови во медиумите. Во декември, 2013, 24 годишниот копирајте на Y&R Indonesia колабирал, паднал во кома и починал. Во последниот негов твит напишал’’30 часа активна работа и сеуште одлично се држам.’’

Извор - marketing365.mk

Промовирани огласи »

Народната банка на Република Македонија ги објави најновите податоци за состојбата на банкарските сметки на македонските граѓани и фирми од кои може да се види дека заклучно со декември, 2016 година во Македонија биле блокирани сметките на 117.602 граѓани и фирми.

Од вкупниот број блокирани депоненти, 35.339 се компании односно правни лица, а 82.263 се физички лица.

Историските податоци на НБРМ, покажуваат дека во последниот месец од 2016 година има зголемување на бројот на граѓани со блокирани сметки споредено со декември, 2015 година кога биле блокирани сметките на 77.005 граѓани.

Промовирани огласи »

Самсунг (Samsung) вчера на Светскиот Конгрес за Мобилна Технологија во Барселона го претстави Samsung Galaxy Tab S3, новиот таблет со елегантен дизајн и напредна технологија, кој овозможува врвно искуство во работата во движење. За обожавателите на дигиталните содржини, Galaxy Tab S3 нуди врвно уживање во видео снимките и игрите како и многу други функционалности кои ги обезбедува Galaxy технологијата. Новиот Tab S3 пристигнува со:

Видео содржина во HDR (High Dynamic Range) квалитет: Супер AMOLED екранот поддржува видео снимки во HDR квалитет (10битни бои), за реалистични бои и живописна дигитална содржина.

Samsung Flow: Оваа технологија овозможува непречена работа во движење. За безбедно и сигурно пријавување на системот, Samsung Flow користи биометриска идентификација за пријавување на корисникот и обезбедува пристап на мрежата со сите компитабилни уреди, како и пренос на документи од мобилни уреди на таблет. Исто така, врши и синхронизација на пораките и известувањата што е гаранција дека корисниците никогаш нема да пропуштат важна порака, без разлика дали моментално користат “паметен” телефин или таблет.

Напредно S Пенкало: За природно чувство на пишување, S Пенкалото има0,7 mm потенок врв и напредна чувствителност на притисок. Ова пенкало ги опфаќа практичните функции, како што се Screen Off Memo за брзо запишување на кратки белешки кога е исклучен екранот,PDF Annotationфункција за едноставна измена на PDF документи и цртање на професионално ниво, со помош на напредната алатка за цртање - Advanced Drawing Tools.

 Овој таблет уред ја наследил иновативната Galaxy технологија на Самсунг, вклучувајќи ја и задната камера од 13 мегапиксели со авто-фокус и предна камера од 5 мегапиксели за висококвалитетни фотографии. Tab S3 овозможува и проширување на капацитетот за сочувување на податоците, поддржува брзо полнење, а овозможува и до 12 часовна репродукција на видео материјали.

Посветени сме на поместување на постоечките граници на искуството во користењето на компјутерите, така што обезбедуваме производи кои се најдобри во својата класа и кои ги задоволуваат различните потреби и барања на нашите корисници. Без оглед на тоа дали потрошувачот е во потрага по одлична забава или уживање во дигитални содржини, или пак бара повеќенаменски уред кој ја помага и зголемува продуктивноста за работа и учење, нашата палета на таблет уреди е изработена на база на врвна технологија и е дизајнирана за да можат корисниците да ја носат секаде со себе. – изјави ДЈ Кох, Претседател на Дивизијата за Мобилна Комуникација, Самсунг Електроникс.

Samsung Galaxy Tab S3 носи едно потполно ново ниво на забава во движење, обезбедувајќи уживање во видео содржините, наликувајќи на оние во кината – со репродукција на содржините во 4К квалитет. Покрај тоа, Galaxy Tab S3 е првиот таблет на Самсунг кој се одликува квад-стерео звучници, кои донесуваат супериорен квалитет на звукот. Со партнерствата со компании од индустријата за видео содржини, како што е Амазон, корисниците може да уживаат во моменталниот пристап до оригинални HDR видео содржини.

Оптимизиран за играње игри, Galaxy Tab S3 вклучува Vulkan API, кој овозможува супериорна графика, како и функција за покренување на играта, Game Launcher, која носи напреден кориснички интерфејс и уживање во видео игрите – целосно прилагодено индивидуално на секој корисник. Таблетот овозможува и различни програми на работа – на пример:Do Not Disturb ("Не Вознемирувај") – за уживање во игрите без прекинување. Без оглед на тоа дали корисникот ужива во филмски маратон или во својата омилена игра, Galaxy Tab S3 може да ги замени системите за играње игри, телевизорите и десктоп компјутерите – се спакувано на префинет и потполно пренослив дизајн.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »