Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Владата донесе одлука за преименување на стадионот „Филип Втори“ во Национална Арена „Тоше Проески“

Владата на денешната седница донесе одлука за преименување на стадионот „Филип Втори“.

Владата на денешната седница донесе одлука за преименување на стадионот „Филип Втори“ во Скопје во Национална Арена „Тоше Проески“.

Утрово на редовната 129. седница на Влада донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја, соопшти Владата.

Најголемиот спортски објект кај нас, оригинално познат како Градски стадион, во 2009 година беше преименуван во Национална Арена „Филип Втори“, а во 2016 и 2017 година беше познат како „Телеком Арена“ поради спонзорството на Македонски Телеком.

Промовирани огласи »

Од наредната недела се очекува зголемување на цената на горивата

Цените на нафтата уриваат рекорди.

Цените на нафтата на светските берзи минатата седмица се зголемија петта недела по ред, достигнувајќи највисоко ниво лани од ноември.

На Лондонската берза цената на барел нафта минатата недела порасна за 2,8 отсто на 70,34 долари, додека на Волстрит барелот е со повисока цена од 4,9 отсто и достигна 63,08 долари.

Цените на нафтата, откако во првото тримесечие се зголемија за 30 отсто, пораснаа и во првата недела од вториот квартал, достигнувајќи највисоко ниво од почетокот на ноември минатата година.

Растот на цените е предизвикан и од зголемениот број новоотворени работни места. Во март во САД се отворени 196.000 работни места, повеќе од што се очекуваше и многу повеќе од пред еден месец.

Цените растат и поради очекувањата на инвеститорите дека САД и Кина ќе постигнат трговски договор, со што ќе заврши трговската војна, што минатата година негативно влијаеше на двете најголеми светски економии.

Исто така, зголемувањето на цените е предизвикано и од намалувањето на производството на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Русија, кои се придржуваат на договорот за намалување на производството за 1,2 милиони барели дневно.

Промовирани огласи »

Почитувани компании, на ваши забелешки го подобривме дизајнот и корисноста на KARIERA.mk. Сега полесно ќе може да ги најдете апликантите на вашите огласи. Додаден е линк Апликанти во хедерот на сајтот и поставен е линк до апликантите во самиот оглас.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »