Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека дефектот на затворач од ф-80мм на ул.Македонија 11 е саниран.
Водоснабдувањето е нормализирано на 11.04.2019 во 10:40 часот.

Промовирани огласи »

Април и мај полни со неработни денови - следи продолжен викенд

За кратко ќе имаме продолжен викенд.

Оваа година губиме неработни денови, но иста така и за возврат на тоа добиваме неколку споени викенди.

Еден од изгубените празници беше Бадник.

Неработни денови во 2019 година се:

За сите граѓани на РМ

  •  29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (среда), Ден на трудот,
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители,
  •  4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 2 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
  •  11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  •  23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
  •  8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),
  •  26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  •  22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  •  1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  •  22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  •  27 јануари (недела), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  •  23 мај (четврток), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Исклучителните шефови може да бидат поретки од просечните, но сите тие ги имаат барем овие седум особини.

Големите шефови нè менуваат на подобро. Тие гледаат повеќе во нас отколку што ние гледаме во себе, и тие ни помагаат да научиме да го видиме истото. Тие сонуваат големи работи и ни ги покажуваат сите тие големи работи што можеме да ги постигнеме.
Доброто раководство може да биде тешко да се утврди и да се разбере. Доброто раководство е динамично; таа ги спојува различните уникатни вештини во
интегрирана целина.

Едно е сигурно - постапките на лидерот се водени од неговите верувања.

Јас сум само обичен човек кој е верен на неговите верувања (Џон Вудн)

Големите лидери инспирираат доверба и восхит преку своите постапки, а не само нивните зборови. Многу лидери велат дека интегритетот е важен за нив, но само оние лидери кои навистина веруваат дека одат по својот говор, демонстрираат интегритет секој ден.

Според овие прекрасни шефови, овие се тие 7 основни верувања:

1.     Разновидноста, а не истомисленоста, носи плод

2.     Мотивацијата доаѓа од инспирација, а не од агонија

3.     Промената е можност, а не проклетство

4.     Спроведување на сето тоа заедно

5.     Растот треба да Ве поттикнува, а не да Ве плаши

6.     Вработените се поединци, а не клонови

7.     Вработените се еднакви, а не потчинети

Ако сте моментално шеф, дали ова е тоа како вашите вработени ќе ги опишат вашите верувања? Ако не, Вие само трошите пари, напор и продуктивност што само лежат на маса. Вие веројатно губите и добри работници а и тие што работат за Вас со тек на времето губат интерес за постигнување добри резултати кои ке Ви бидат од голем професионален корист.

Промовирани огласи »

Најголеми плати во Европа имаат земјите што се надвор од ЕУ

Германија на врвот, а Македонија на дното во Европа според висината на минималецот

Можеби некому ќе му звучи малку парадоксално (а не треба), ама на Стариот континент, највисоки примања имаат жителите кои живеат во земјите што не се членки на Европската унија.

Од друга страна, балканските земји се наоѓаат речиси на самото дно според платите во европски контекст. Вакви податоци донесоа резултатите од истражувањето на „Еуростат“.

На самиот врв се Швајцарија со просечна месечна плата од 4.370 евра, втор е Исланд со 3.568, а трета Норвешка со 3.310 евра. Од земјите членки на ЕУ, просечната плата е највисока во Данска – 3.309 евра, следува Луксембург со 3.159, па Шведска со со 2.570… Германците, пак, имаат просечна плата од 2.270 евра.

Најниски плати во Европа имаат Молдавците – 212 евра, а малку пред нив се Украинците со 240 и Белорусите со 337. Според тие податоци, на Балканот убедлив лидер е Словенија со просечна плата од 1.077 евра, следува Грција со 917, Хрватска со 827, Романија со 535, Црна Гора со 512, Србија со 460, Бугарија со 457, БиХ со 445, Албанија со 378, Македонија со 376 евра.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »