Промовирани огласи »

Масовните убиства и терористички напади, крвавите пресметките по верска и друга линија, присилната милитаризација на децата, корупцијата... сè се тоа теми кои можат да бидат оставени за другпат. Земјата си ги знае проритетите. 

Ирачкиот клерик Моктада ал-Садр кој е шеф на шиитската милиција и е дел од владеачката коалиција во ирачкиот парламент, напиша писмо со кое бара да се забранат игрите како Фортнајт и ПУБГ (PlayerUnknown’s Battlegrounds), бидејќи предизвикувале зависност и имале негативно влијание на младите. 

„Тоа не е игра за развивање на интелигенцијата ниту пак е воена игра која ќе те научи како правилно се војува,“ пресуди во својата рецензија ал-Садр.

Во образложението на забраната се наведуваат и здравствени, морални, културни и безбедносни закани по ирачкото општество кои ги носат ваквите електронски игри.


 

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 26 април Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.

Промовирани огласи »

За нормален живот во Македонија се потребни најмалку 32.854денари за просечно четиричлено семејство, да може во нормални услови да го помине месецот.

Tака барем пресметале во извештајот на Сојузот на синдикати на Македонија за минималната потрошувачка кошница за месец март . 

Според тоа најмногу пари граѓаните потрошиле за храна или 13.798 денари, додека за сметки минатиот месец македонците платиле минимим 10.414 денари.

За чистење на домот и за лична хигиена на едно просечно семејство биле потребни најмалку 2.324 денари, за превоз 2.154. Додека за облека и обувки биле потребни 2.154 денари, а за културни настани просечно четричлено семејство во Македонија за месец март издвоило 1.070 денари. 

Промовирани огласи »

Долгите викенди им овозможуваат на сите да имаат дополнителен ден да се релаксираат и да ги наполнат батериите. Но, подеднакво важно, какви грешки треба да внимаваме и да ги избегнуваме кога доаѓа викендот? На крајот на краиштата, не сакате вашето слободно време да го губите така безпотребно.

Еве 7 работи неуспешни луѓе што ги прават во текот на долгите викенди:

  1. Ги занемеруваат своите сакани
  2. Полни се со стрес- Сите ние треба да се одмориме и да ги надополниме нашите батерии од време на време. Неуспешните луѓе не можат да го направат тоа, дури и во текот на долгите викенди. Ова води кон мизерија за време што треба да се исполни со релаксација и среќа.
  3. Тие трошат многу пари- Неуспешните луѓе не знаат како да се контролираат преку долгите викенди и како резултат можат да завршат со празни паричници.
  4. Тие не престануваат да работат- Неуспешните луѓе го трошат своето време со тоа што одговараат на работните е-пораки и фаќаат работа.
  5. Постојано мислат на работа- секој може да работи и за време на викендите, но да мислите постојано на работата, тоа е знак дека сте слаб и дека не можете да се релаксирате.
  6. Тие не планираат ништо за викендите- Некои луѓе слободното време го поминуваат без никаков план, а тоа време денеска е многу драгоцено, затоа користете го правилно
  7. Тие не си го заштитуваат времето- Вашето време е драгоцено, тоа успешните луѓе го знаат, затоа и го прават распоред според она што е најдобро за нив.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »