Промовирани огласи »

Во денешно време тешко се доаѓа до работа, па така оние кои имаат работа не се откажуваат од неа, се додека не најдат нешто подобро.

Меѓутоа, постојат ситуации каде навистина е потребно да дадете отказ, а ние ви претставуваме кои се тие ситуации. Ако се пронајдете во некоја од нив, можеби е вистинското време да ја напуштите работата.

1. Непочитување и омаловажување

2.Нереален притисок да се постигнат краткорочни резултати на штета на долгорочната стратегија

3. Нееднаквост, нефер однос, фаворитизам и неправда

4. Било какво малтретирање или силеџиство

5. Недостаток на сочувствителност, ценење или поддршка

6. Претерана контрола

7. Морално сомнителни средини, недостаток на интегритет и охрабрување на неискреност

Промовирани огласи »

Според извештајот на Европската комисија, една третина од вкупната актива на Европската унија е во рацете на странски компании, а 9,5% од европските компании имаат сопственици со седиште во Кина, Хонг Конг или Макао.

Споредено со 2007 година, кога овој процент изнесуваше само 2,5 отсто, ова е значително зголемување, иако вкупно во кинески раце сѐ уште е релативно мал дел од европскиот бизнис, се вели во извештајот на BBC.

Кинеските инвестиции во Европа достигнаа врв во 2016 година, кога вкупната вредност изнесуваше 37,2 милијарди евра. После тоа следеше застој.

Ова е во голема мера резултат на построгите контроли на капиталот што доаѓа од Кина, но исто така и промени во глобалната политичка клима кога станува збор за кинески инвестиции, изјави Агата Крац од групацијата „Rhodium“ за BBC.

Од 2000 до 2018 година, кинезите најмногу инвестирале во најголемите европски економии, како што се Велика Британија, Германија, Италија и Франција. Во топ 10 листата се вклучени и Холандија, Финска, Шведска, Португалија, Шпанија и Ирска.

Според минатогодишната анализа на Блумберг, Кинезите поседуваат имот или имаат удел на четири европски аеродроми, шест пристаништа и 13 фудбалски клубови.

Кинезите спроведуваат нова голема програма наречена “свилен пат”, исто така и позната како иницијатива “Еден појас, едно време”, во која кинезите планираат да инвестираат многу во европската инфраструктура, со цел да ги зајакнат трговските врски помеѓу Кина и Европа. Речиси и сите републики од поранешна Југославија се најдоа на тој пат.

Промовирани огласи »

Централната банка на Германија (Бундесбанка) и Централната банка на Австрија до петок (26. Април) ќе ја издаваат банкнота од 500 евра, со што ќе престане издавањето на оваа банконота. Претходно во јануари годинава, 17 централни банки во еврозоната го запреа издавањето на оваа банкнота по одлука на Европската централна банка (ЕЦБ).

Германската и австриската банка беа избрани да продолжат со печатење на банкнотата поради непречена транзиција и од логистички причини.

Постоечките банкноти во апоени од 500 евра ќе продолжат да бидат законско платежно средство, што значи дека граѓаните и понатаму ќе можат да ги користат за плаќање или за штедење. Банките, менувачниците и другите комерцијални странки, како што соопшти ЕЦБ, ќе можат да ги зачуваат во оптек постоечките банкноти од 500 евра.

Банкнотата од 500 евра секогаш ќе ја задржи својата вредност и ќе може во секој момент да се замени во која било банка во еврозоната.

Европската централна банка во 2016 година одлучи да го запре издавањето на банконотата откако утврди дека поради вредноста и лесниот транспорт се користи за перење на пари, но  и за финанисрање на тероризам.

Лани над 30 отсто од 1.000 милијарди евра готовина во оптек биле во апоени од 500 евра.

Промовирани огласи »

Службениците во град Скопје ќе возат шест нови електрични возила од марката „Тојота“. Град Скопје преку постапка за јавна набавка склучи договор со Тојота Авто Центар за набавка на нови возила.

Според техничката спецификација на возилата службениците на Градот ќе се возат во возила кои ќе бидат минимум 90 КС и ќе работат на комбиниран погон, електричен и бензин. Возилата ќе имаат зафатнина на моторот од минимум 1400 м³ и минимум 4 цилиндри.

Договорот е склучен на вредност од 100 илјади евра, а освен набавка на возила тој вклучува и нивно сервисирање во период од 2 години.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »