Промовирани огласи »

Марк Даглас е директор за маркетинг во компанијата StilHaus. Тој вели дека има дава сума на пари на неговите вработени да одат на одмор. Според она кое што можевме да го најдеме на Бизнис Инсајдер, на овој начин, неговите вработени биле доста помотивирани и продуктивни за работа.

Компанијата на вработените им нуди некаде околу 1700 евра годишно како би можеле да заминат некаде на некоја дестинација која ја посакуваат. Тие парите можат да ги потрошат на неколку повеќе дестинации или на една, но тоа Мак го остава на вработените.

Културата на компанијата која ја води Марк Даглас е едноставна и се базира на доверба и амбиција.

Голем дел од вработените, на почетокот не сакале да одат на одмор, па ги барале парите да им бидат понудени како бонус, но Марк не го дозволувал тоа.

Преку овој метод, само 5 лица од 250 вработени ја напуштеле компанијата во последните три години.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 1 мај, среда, Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на трудот.

Промовирани огласи »

Граѓаните исклучени од системот за парно греење ќе заглават со бирократски работи во обид да се ослободат од обврската да плаќаат паушал. Од граѓанското здружение “Но Пасаран” стравуваат дека снабдувачот ќе најде начин како и натаму да наплаќа фиксен надоместок. Со цел исклучените од парно да се заштитат од можни манипулации, предлагаат потребните документи наместо до БЕГ да ги достават до Регулаторната комисија за енергетика.

“Веруваме дека повторно ќе праќа сметки на граѓаните, таа ќе најде еден куп начини да продолжи со испраќање на сметки и со испраќање на опомени и со судење. Таму се кажува дека граѓаните треба со лична карта и со имотен лист да докажат дека живеат во тој стан, меѓутоа таму не пишува на кого треба да му докажат. Ние ги насочивме граѓаните, оние кои што не сакаат да имаат работа со БЕГ, кои што не сакаат своите лични податоци да си ги остават во БЕГ, ги насочивме во Регулаторна. Регулаторна треба да работи според правилата кои што сама си ги донела. Треба овие барања да ги прими и да ги процесуира. Треба да ги извести снабдувачот, во овој случај БЕГ, и самите луѓе кои ги поднеле барањата дека повеќе нема да плаќаат”, вели Маријан Ненов од “Но Пасаран”.

Регулаторната комисија за енергетика ќе посредува доколку настане проблем меѓу снабдувачот и граѓаните кои според новите правила не треба да плаќаат паушал. Оттаму уверуваат дека ако ги достават потребните документи, валиден имотен лист и лична карта, сите кои до сега плаќаа паушал, ќе бидат ослободени од обврската. Ова се однесува за сите станови и деловни простории што се користат за сопствени потреби или се издаваат под кирија. Празните станови и деловни локали ќе продолжат да плаќаат фиксен надомест.

До исклучените од парно веќе пристигнуваат писма со инструкции од БЕГ. Рокот за доставување на документите е до крајот на мај, во спротивно нивното барање за ослободување ќе се разгледа, но за наредната грејна сезона.

“Барањата поднесени по 31.05.2019 ќе бидат земени во предвид за одобрување на статус на исклучен потрошувач кој нема обврска за плаќање на надоместок за ангажирана топлинска моќност веќе за следната грејна 2019/2020 сезона”, пишува во писмото од БЕГ.

Неодамна Регулаторна донесе одлука со што конечно, по речиси 7 години, исклучените од системот за греење ги ослободи од обврската да плаќаат паушал.

Промовирани огласи »

На 7 мај, во Скопје, доаѓа Папата Франциск во Апостолска посета на Република Северна Македонија. Во продолжение прочитајте како да добиете влезница, а прочитајте ги и посебните правила:

Секој оној кој ќе сака да присуствува на светата литургија на плоштадот Македонија во Скопје, е потребно да се регистрира и да добие влезница. Влезниците се бесплатни за сите.

1. Напоменуваме дека би било добро автобусите и личните автомобили да бидат обележани со плакат или некаков знак за распознавање (препорачуваме тоа да биде официјалното лого за посетата). На влезовите во градот ќе има полиција која ќе ве насочува кон паркингот каде ќе ве дочекаат волонтери кои ако имате потреба ќе насочат кон плоштадот каде ќе се одржува Светата миса со папата Франциск. Освен на паркингот, личните автомобили ќе може да се паркираат и на местата кон кои ќе ве насочат полицајците.

2. Учесниците треба да пристигнат во Скопје најдоцна до 6 часот. Потребно е да се пристигне во ова време заради безбедносните прегледи кои ќе се вршат на патиштата, а од 7 часот улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени за сообраќај.

3. Влезот во литургискиот простор ќе биде отворен од 6 часот, а до 9 часот сите пријавени учесници треба да се наоѓаат на плоштадот.

4. Во литургискиот простор на плоштадот „Македонија“ ќе може да влезат само пријавените учесници со приложени влезници кои предходно ги добиле при регистрацијата или од водачот на групата.

5. Пред влезот во литургискиот простор ќе биде извршен полициски преглед. По влегувањето, секој присутен треба да ги почитува следните правила на однесување.

Забрането е:

  • носење на експлозивни направи, пиротехнички средства (запалки, петарди, факли, „бенгалки“ и сл.), запаливи смеси и течности, спрееви и шишиња со компримиран воздух, огнено и ладно оружје (ножеви, сите видови метални предмети, шипки, палки, ланци, ножици, жилети, комплети за маникирање, метални прибори за јадење и сл.);
  • предмети погодни за повредување и самоповредување;в) храна и пијалоци во метална и стаклена амбалажа;
  • сите видови на алкохолни пијалоци и чадори;
  • транспаренти и големи знамиња.

Сите учесници со себе треба да имаат:

  • влезница и личен документ (свештени лица и верници):
  • лична карта (за учесниците од Македонија) или пасош (за учесниците надвор од Македонија);
  • здравствена книшка и историја на болеста за хронично болните, како и најпотребните лекови кои ги користат;
  • вода, освежувачки пијалоци во проѕирна пластична амбалажа, а доколку носат храна таа треба да биде во картонска или хартиена амбалажа;
  • препорачуваме мантил за дожд заради можна заштита од дожд.

Правила на однесување за време на светата Литургија

Кога Светиот Отец ќе минува меѓу присутните не е дозволено фрлање на било какви предмети, дури ни цвеќе;
во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање.
Препораки:

  • присутните со себе да не носат поголема количина на пари или предмети со поголема вредност заради можните ограбувања или губења на истите;
  • следење на временската прогноза и носење на облека во согласност со времето и со правилата за облекување на литургиска прослава;
  • почитување на упатствата кои ќе ги даваат водителите на програмата, волонтерите и полицијата;
  • доколку некој има потреба од здравствена помош, да се обрати до најблискиот волонтер, кој ќе биде означен со препознатлива ознака.

Организаторите замолуваат да се одржува хигиената на просторот каде ќе се движат граѓаните!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »