Промовирани огласи »

На 7 мај, во Скопје, доаѓа Папата Франциск во Апостолска посета на Република Северна Македонија. Во продолжение прочитајте како да добиете влезница, а прочитајте ги и посебните правила:

Секој оној кој ќе сака да присуствува на светата литургија на плоштадот Македонија во Скопје, е потребно да се регистрира и да добие влезница. Влезниците се бесплатни за сите.

1. Напоменуваме дека би било добро автобусите и личните автомобили да бидат обележани со плакат или некаков знак за распознавање (препорачуваме тоа да биде официјалното лого за посетата). На влезовите во градот ќе има полиција која ќе ве насочува кон паркингот каде ќе ве дочекаат волонтери кои ако имате потреба ќе насочат кон плоштадот каде ќе се одржува Светата миса со папата Франциск. Освен на паркингот, личните автомобили ќе може да се паркираат и на местата кон кои ќе ве насочат полицајците.

2. Учесниците треба да пристигнат во Скопје најдоцна до 6 часот. Потребно е да се пристигне во ова време заради безбедносните прегледи кои ќе се вршат на патиштата, а од 7 часот улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени за сообраќај.

3. Влезот во литургискиот простор ќе биде отворен од 6 часот, а до 9 часот сите пријавени учесници треба да се наоѓаат на плоштадот.

4. Во литургискиот простор на плоштадот „Македонија“ ќе може да влезат само пријавените учесници со приложени влезници кои предходно ги добиле при регистрацијата или од водачот на групата.

5. Пред влезот во литургискиот простор ќе биде извршен полициски преглед. По влегувањето, секој присутен треба да ги почитува следните правила на однесување.

Забрането е:

  • носење на експлозивни направи, пиротехнички средства (запалки, петарди, факли, „бенгалки“ и сл.), запаливи смеси и течности, спрееви и шишиња со компримиран воздух, огнено и ладно оружје (ножеви, сите видови метални предмети, шипки, палки, ланци, ножици, жилети, комплети за маникирање, метални прибори за јадење и сл.);
  • предмети погодни за повредување и самоповредување;в) храна и пијалоци во метална и стаклена амбалажа;
  • сите видови на алкохолни пијалоци и чадори;
  • транспаренти и големи знамиња.

Сите учесници со себе треба да имаат:

  • влезница и личен документ (свештени лица и верници):
  • лична карта (за учесниците од Македонија) или пасош (за учесниците надвор од Македонија);
  • здравствена книшка и историја на болеста за хронично болните, како и најпотребните лекови кои ги користат;
  • вода, освежувачки пијалоци во проѕирна пластична амбалажа, а доколку носат храна таа треба да биде во картонска или хартиена амбалажа;
  • препорачуваме мантил за дожд заради можна заштита од дожд.

Правила на однесување за време на светата Литургија

Кога Светиот Отец ќе минува меѓу присутните не е дозволено фрлање на било какви предмети, дури ни цвеќе;
во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање.
Препораки:

  • присутните со себе да не носат поголема количина на пари или предмети со поголема вредност заради можните ограбувања или губења на истите;
  • следење на временската прогноза и носење на облека во согласност со времето и со правилата за облекување на литургиска прослава;
  • почитување на упатствата кои ќе ги даваат водителите на програмата, волонтерите и полицијата;
  • доколку некој има потреба од здравствена помош, да се обрати до најблискиот волонтер, кој ќе биде означен со препознатлива ознака.

Организаторите замолуваат да се одржува хигиената на просторот каде ќе се движат граѓаните!

Промовирани огласи »

Триесет и први мај е датумот до кога граѓаните ќе треба да направат корекција ако има потреба во годишните даночни пријави кои Управата за јавни приходи треба да ги испрати до нив.

Околу 80 000 даночни пријави треба да завршат на адресите на граѓаните за една недела кои ќе треба да направат увид во претпополнетите годишни даночни пријави и доколку има потреба истите да ги корегираат. Досега од УЈП испратиле над 600 000 пријави.

Сите оние кои сакаат да ги проверат даночните пријави тоа може да го направат на овој ЛИНК.

Постапката е лесна и едноставна а она што треба да го направите е да го отворите линкот да ги внесете Лозинката и емаилот со кој сте регистрирани и да си проверите се што ве интересира.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk учествуваше на Саемот на кариера и алумни и на свеченото доделување на дипломи за 12-та генерација дипломци и постдипломци на Првиот Приватен Универзитет ФОН, во среда, на 16ти април.

Оваа дружба беше добра можност за сите потенцијални работодавци да се сретнат и да разговарат со студентите за можностите за практична работа и за вработување во иднина.

На овој настан присуствуваа десетици компании кои на своите штандови ги изложија своите активности, студентите имаа можност да поставуваат прашања и да ги разгледаат заедно своите CV-a. 

Нашиот KARIERA.mk тим, одблиску се запозна со стотици студенти за можностите за нивното идно вработување но и за можностите за нивната практична работа.

На овој Саем за кариера, KARIERA.mk доделуваше топло кафе за сите учесници и беше доста добра можност да се презентира концептот на KARIERA.mk.

Промовирани огласи »

7-ми мај останува работен ден, одлучи Владата на денешната седница, откако постоеја размислувања специјално овој датум годинава да биде прогласен за неработен по повод пристигнувањето на Папата Франциск во Скопје.

Заради безбедноста поради гостувањето на поглаварот на Римокатоличката црква се размислуваше седми мај да биде  прогласен за неработен ден. Безбедноста ќе биде на високо ниво и мора да се исполнат  протоколите на Ватикан на сите нивоа на целосна контрола на движењето на луѓето каде ќе биде посетата.

Во вакви ситуации постоеше можност дури и здравствените установи да работат само за итни ситуации.

Пред пет дена директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски го посети Ватикан каде се прецизираа безбедносните протоколи.

Посетата на  папата Франциск во Скопје ќе трае 10 часа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »