Промовирани огласи »

KARIERA.mk учествуваше на Саемот на кариера и алумни и на свеченото доделување на дипломи за 12-та генерација дипломци и постдипломци на Првиот Приватен Универзитет ФОН, во среда, на 16ти април.

Оваа дружба беше добра можност за сите потенцијални работодавци да се сретнат и да разговарат со студентите за можностите за практична работа и за вработување во иднина.

На овој настан присуствуваа десетици компании кои на своите штандови ги изложија своите активности, студентите имаа можност да поставуваат прашања и да ги разгледаат заедно своите CV-a. 

Нашиот KARIERA.mk тим, одблиску се запозна со стотици студенти за можностите за нивното идно вработување но и за можностите за нивната практична работа.

На овој Саем за кариера, KARIERA.mk доделуваше топло кафе за сите учесници и беше доста добра можност да се презентира концептот на KARIERA.mk.

Промовирани огласи »

7-ми мај останува работен ден, одлучи Владата на денешната седница, откако постоеја размислувања специјално овој датум годинава да биде прогласен за неработен по повод пристигнувањето на Папата Франциск во Скопје.

Заради безбедноста поради гостувањето на поглаварот на Римокатоличката црква се размислуваше седми мај да биде  прогласен за неработен ден. Безбедноста ќе биде на високо ниво и мора да се исполнат  протоколите на Ватикан на сите нивоа на целосна контрола на движењето на луѓето каде ќе биде посетата.

Во вакви ситуации постоеше можност дури и здравствените установи да работат само за итни ситуации.

Пред пет дена директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски го посети Ватикан каде се прецизираа безбедносните протоколи.

Посетата на  папата Франциск во Скопје ќе трае 10 часа.

Промовирани огласи »

За многу менаџери, личните квалитети имаат огромна тежина при изборот на вистинскиот кандидат за одредено работно место. Покрај совршеното CV, на многу работодавачи им е важно каква личност е кандидатот и што сè има да понуди ако застане на конкретната работна позиција.

Па, за да оставите силен прв впечаток, обидете се да ги покажете следниве квалитети:

  • Точност. Во деловниот свет времето е пари. Доцнењето и одложувањето можат само да ѝ донесат загуба на компанијата, па тие се непосакувани. Никогаш не доцнете на интервју за работа.
  • Самодоверба. Не е тешко да се препознае личноста која верува во себе. Исправете се и смирете го своето тело. Зборувајте убедливо за своите квалификации и вештини. На работодавачите им е многу полесно да веруваат во некого кој верува во себе. Самоиницијативност и самомотивираност. Многу е важно да ја убедите личноста која ве интервјуира дека умеете да работите самостојно и да ги извршувате задачите, без некој постојано да ви дише во вратот.
  • Љубопитност. Важно е да покажете дека сте во тек со најновите настани и трендови во сферата во која функционира компанијата во која аплицирате, дека сте љубопитни и заинтересирани да учите. Поставувајте прашања.
  • Флексибилност. Во динамичната ера во која живееме, флексибилноста е квалитет кој мора да го истакнете на интервју за работа. Зборувајте за ситуации од минатото кога успешно сте се адаптирале на промените.
  • Претставителен изглед. Некои личности навистина ѝ судат на книгата по нејзината корица. Колку и да повторуваме дека изгледот не е сè, факт е дека тој може да го подобри или уништи првиот впечаток. Со помош на облеката можете да изгледате повозрасно или помладо, позрело и помудро. Сè е ментална игра со перцепцијата, па пред да одите на интервју, направете свое истражување како најдобро да играте.
  • Енергичност. Високата енергија е јасен доказ дека можете да работите долго и напорно. Не, ова не значи дека треба да бидете хиперактивни за да го добиете работното место, но потребно е да покажете дека сте енергична личност која ќе направи сè за да успее. Амбициозност. Успешните луѓе сакаат покрај себе да имаат вработени кои ја делат нивната жед за успех. Со неколку реченици раскажете за вашите досегашни успеси и потенцирајте дека секогаш целите повисоко и повисоко.
  • Ентузијазам. Колку и да сте изморени од одење на интервјуа, во моментот кога ќе се упатите на интервју, „наоружајте“ се со ентузијазам. Ентузијазмот кажува дека сте личност која ужива во она што го прави.

Промовирани огласи »

Неодамна објавените резултати од едно глобално истражување покажаа дека на прво место на најсигурни земји за жените е Австралија. Листата настана на основа на податоците на консултантската куќа New World Wealth, и оваа година покажа дека некои европски градови не се веќе толку сигурни за жените, како што беше случај претходно, пишува Дејли Мејл.

Повеќето земји кои се наоѓаат во топ петте најсигурни на оваа листа претставуваат и популарни земји за емиграција. 

Ова се петте најсигурни земји за жените во светот:

1. Австралија

2. Малта

3.Исланд

4. Нов Зеланд

5. Канада

По истражувањето минатата година, докажано е дека Австралија има убедливо најголема стапка на екононски раст по глава на жител. Високите минимални плати се дел од поважните причини поради кои Австралија го задржува статусот на економска сила. 

Европските метрополи како Лондон и Париз значајно отскокнуваат.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »