Промовирани огласи »

По повод претстојните Велигденски празници од 26.04.(петок) до 29.04.2019 година (понеделник) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.М., стои во нивното соопштение.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 30.04.2019 година (вторник) со вообичаено работно време.

Промовирани огласи »

Папата Франциск ќе ја одржи мисата на плоштадот Македонија во Скопје во 11:30 часот на 7 ми мај.

Во литургискиот простор ќе можат да влезат само граѓаните со обезбедена влезница од Католичката црква и документ за лична идентификација и тоа само во периодот од 6 до 9 часот, по што пристапот на плоштадот ќе биде забранет. Ова се само дел од деталите за историската прва посета на Папата во земјава, кои денеска ги соопштија премиерот Зоран Заев, бискупот Киро Стојанов и државниот секретар во МНР Виктор Димовски.

Учесниците на мисата треба да пристигнат во Скопје најдоцна до 6 часот. Потребно е да се пристигне во ова време заради безбедносните прегледи кои ќе се вршат на патиштата, а од 7 часот улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени за сообраќај. Влезот во литургискиот простор ќе биде отворен од 6 часот, а до 9 часот сите пријавени учесници треба да се наоѓаат на плоштадот. Пред влезот во литургискиот простор ќе биде извршен полициски преглед, се вели во соопштението на сајтот за официјалната посета на папата Фрањо на Скопје papa.mk.

Присутните на литургијата не смеат да носат експлозивни направи, запалки, петарди…а забрането е внесување и на храна и пијалоци во метална и стаклена амбалажа, алкохол, чадори и знамиња.

Сите учесници со себе треба да имаат влезница и личен документ лична карта или пасош, здравствена книшка и историја на болеста за хронично болните, како и најпотребните лекови кои ги користат. Потоа вода и освежувачки пијалоци во проѕирна пластична амбалажа, а доколку носат храна таа треба да биде во картонска или хартиена амбалажа. Доколку врне бидејќи нема да биде дозволено внесување на чадори препорачуваме мантил за дожд, стои во правилата објавени од координативното тело.

Кога папата Фрањо ќе минува меѓу присутните не е дозволено фрлање на било какви предмети, дури ни цвеќе, а во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање.

Промовирани огласи »

169 милиони деца на глобално ниво не се вакцинирани против мали сипаници, тврди УНИЦЕФ. Ова се деца кои не примиле прва доза од вакцината помеѓу 2010 и 2017 година,пишуваат европските медиуми.

Според УНИЦЕФ, погрешните информации, скептицизмот во врска со имунизации и недостиг на пристап до вакцини довеле до ниско ниво на вакцинација на глобално ниво.

Според последниот извештај на УНИЦЕФ,САД се на врвот на листата меѓу високоразвиените земји каде 2 593 000 деца не се вакцинирани против мали сипаници. Во Франција нивниот број е 600 илјади,додека на трето место е Велика Британија со 527 илјади деца без имунизација. Во Нигерија бројката изнесува 4 милиони, а во Индија 2,9 милиони деца се невакцинирани против морбили.

Уште полоша е ситуацијата со втората доза од вакцината, тврди УНИЦЕФ. 20 држави во Африка воопшто ја немаат запишана оваа вакцина во календарот за имунизација, што значи дека повеќе од 17 милиони деца годишно се изложени на ризик од заразување.

Во исто време, податоците на УНИЦЕФ покажуваат дека во САД има рекорден број на заболени лица од мали сипаници. Во 2019 година бројот на пациенти бил највисок досега во однос на последните  25 години. Во Њујорк само за една недела се регистрирани 61 нови случаи, со што бројот на болните од почетокот на годината достигнал 667 лица. Во САД од неодамна вакцината против мали сипаници е задолжителна. Лекарите очекуваат бројот на пациенти да продолжат да растат. Малите сипаници се многу заразна болест која лесно се шири. Симптомите се јавуваат во рок од 12 дена.

За да бидат целосно заштитени, децата треба да добијат две дози од вакцината МРП. Првата доза од вакцината се прима по редовниот календар за имунизација кога детето има наполнето 13 месеци, втората доза од вакцината се прима кога детето ќе наполни 6 години.

Меѓутоа, во нашата земја поради прогласувањето на епидемија од морбили, се препорачува родителите да ги вакцинираат децата на шест месеци за да бидат заштитени.

Промовирани огласи »

Ви се случило ли некогаш да ја гледате фискалната сметка и да се чудите зошто повторно потрошивте толку многу пари во супермаркет? Има е ден трик кој ќе ви помогне да пазарите поразумно.

Станува збор за нешто лесно - кога ќе ја наполните количката и одите кон касата, застанете за момент, погледнете ги внимателно производите и вратете меѓу три и пет нешта кои не ви се толку потребни, советуваат експерти од оваа тематика за CNBC.

Така ќе заштедите помеѓу 5-10 долари.

Кога пазариме за подолг временски период и особено ако немаме список, е лесно во количката да ни се најдат и производи кои не ни требаат , а едноставно не искушиле во тој момент. Затоа и паузата пред касата е многу ефективна - дава време да размислиме повторно за нештата.

Ако се навикнете да го купувате само тоа што ви е потребно, брзо ќе почувствувате позитивен ефект за вашиот буџет.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »