Промовирани огласи »

На медицински факултет во Скопје секоја година околу 400 студенти се запишуваат со надеж дека еден ден ќе станат лекари. Но, по дипломирањето повеќе од половина решаваат професионално да се реалзираат надвор од Македонија. Една од тие студенти е и Надица од Скопје. 

Надица ги завршува студиите по општа медицина. Млада, амбициозна и образована. Но, наместо да се подготвува да работи во некоја од клинките, таа подготвува документи за во странство. Вели дека ниските плати, партиското вработување како и лошите услови за работа во јавното здравство се причините поради кои не се гледа себеси тука.

Во последниве неколку години македонските медицинари, лекарите и другиот стручен персонал масовно заминува на работа во западните земји. Проблемот не е само се нашава земја. Иселувањето е карактеристично за сите земји од регионов а најпосакуваните дестинации каде што има работа за лекарите и сестрите се Германија, Австрија, Белгија, Словенија и нордиските земји. Проблемите со иселувањето на стручниот медицински персонал од нашите болници и поликлиники најдиректно ја погодува заштитата на здравјето на граѓаните.

Во Лекарската комора на Македонија која е надлежна да издава потврди за стручноста со кои лекарите можат да работа во странство се немоќни.

Промовирани огласи »

На крајот на минатата година во двата отворени задолжителни фонда од вториот пензиски столб – КБ Прв пензиски фонд и Сава пензиски фонд членуваа вкупно 490.035 идни пензионери на кои од личниот доход им се издвојуваат средства во задолжителните пензиски фондови. На крајот на 2018 година тие управуваат со безмалку 1 милијарда евра средства на своите членови колку што се собрани во 13те години, односно од почетокот на пензиската реформа во 2006 година. Иако на самиот почетокот на реформата, стартната позиција на двете друштва беше иста, сепак КБ Прв пензиски фонд сега има повеќе членови, поголемо пазарно учество и управува со повеќе средства во споредба со другиот фонд, односно управува со портфолио кое е поголемо за околу 62 милиони евра.

Средствата со кои управуваат фондовите се вложуваат со цел  да се оствари принос за членовите, којшто директно се распределува на нивните индивидуални сметки. На овој начин пензиските друштва на идните пензионери им ги оплодуваат средствата со кои задолжителните пензиски фондови управуваат, а висината на приносот е променлива. Според податоците на МАПАС  за последните 7 години (од 2012 до 2018 година) членовите на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд оствариле просечен годишен принос на своите средства од 6,01%  што е повисок во однос на конкуренцијата за истиот период и значително повисок од, на пример, висината на каматите на банкарските депозити.

Портфолијата на пензиските фондови се диверзифицирани и содржат државни обврзници, депозити, акции во домашни компании, удели во инвестициски фондови, акции во најпознатите светски компании и друго. На пример, преку инвестициите, членовите на пензиските фондови имаат сопственост во Алкалоид, Амазон, БМВ, Самсунг, ИБМ, Сименс, Нестле и многу други познати светски и домашни компании.

Со последните измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување,од бруто платата за идна пензија се издвојуваат 18,4% како придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, со тоа што кај членовите во вториот столб, од овие средства 12,4% одат во државниот пензиски фонд (ФПИОСМ), а 6 отсто во некој од приватните задолжителни пензиски фондови.

Сликовито кажано, ако просечната бруто плата во јануари годинава, според Државниот завод за статистика, изнесуваше 36.386 денари од нив 18,4% или 6.695 денари се издвоиле во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Од оваа сума државниот фонд за приватните префрлил 6% или од просечната бруто плата во јануари, околу 2.183 денари. Останатите средства остануваат во државниот фонд.

Колку заработил секој член најдобро покажува вредноста на сметководствената единица која на први јануари 2006 година беше 100 денари. На крајот на декември лани таа изнесуваше 193,1 денари во Сава, односно 196,7 денари во КБП. Низ пример, ако членот има вкупна уплата од 30.000 денари во јануари 2006 година како придонес, со оглед дека вредноста на единицата е 100, тој тогаш поседува 300 единици. Вкупната вредност на тие 300 единици, ако се земе предвид дека вредноста на една единица сега е во просек 195 денари, е 58.500 денари. Или поедноставно кажано, на неговата уплата од 30.000 денари фондовите му заработиле 28.500 денари.

Осигурениците кои задолжително членуваат во вториот столб, веднаш по вработувањето времено се распределуваат од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во задолжителен пензиски фонд по случаен избор, со цел да се обезбеди оплодување на нивните средства од самиот почеток на членството. Осигурениците имаат рок од 3 месеци да одберат во кој задолжителен пензиски фонд ќе членуваат. Доколку по истекот на тој рок не одлучат каде ќе членуваат, тогаш остануваат членови во фондот во кој биле времено распределени.

Секој член на почетокот на календарската година од пензиските друштва добива информација за тоа колку средства се собрани на неговата сметка, колкав е приносот и вредноста на сметководствената единица, како и информации за тоа каде се вложувани средствата. Информациите се испраќаат и по имејл со цел навремена и брза проверка на податоците, а исто така до нив може да се пристапи и електронски  на веб страната на друштвото. Кога, на пример, корисникот на КБ Прв пензиски фонд сака да ја следи состојбата на својата индивидуална сметка, при посета на интернет страната на друштвото го одбира полето со годишниот извештај и се согласува истиот да го добива по пошта или на имејл, по електронска пошта.

Средствата од задолжителниот пензиски фонд секој осигуреник ќе може да ги повлекува во месечни ануитети, програмирани повлекувања или комбинирано откако ќе ги исполни условите за пензионирање според годините на старост и 15 години работен стаж. Во случај ако осигуреник не го исполнува условот за пензиски стаж ќе може со наполнети 65 години старост да ги подигне средствата под услови уредени со закон. Во случај на смрт на осигуреникот, средствата се наследни.

Промовирани огласи »

Во 5тото коло Лото7, одржано вчера на 8ми мај 2019та, не израдува првата 7ка од играта Лото 7. Извлечените броевите 9, 11, 13, 21, 23, 25, 32 донесоа 7ка вредна 29.293.930,00 денари.

Ова е до сега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. 7ката во своите досегашни посети, беше по еднаш  во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Мапата на среќни добитници на 7ка се збогати со нов град каде од денес е поголема вербата во среќата. Првата 7ка на Лото 7 е прва 7ка во Кавадарци и 22рата 7ка од почетокот на приредување на играта на среќа Лото.

Во очекување да го запознаеме среќниот добитник, со надеж за негова скора посета на нашите простории, ви пренесуваме податоци од системот, според кои среќниот добитник уплатил пет комбинации Лото 7, од кои добитна е третата. Уплатата со вкупна вредност од 100 денари, ја извршил на 6ти мај, во понеделник, во продажното место Браво Нутс, во близина на старата автобуска станица во Кавадарци.

Очекуваме повеќе интересни податоци од средбата со добитникот.  До сега дел од нашите среќни добитници на 7ка со задоволство ги споделија своите лото искуства и пренесоа пораки до играчите. Сите ни потврдија дека премиите им го промениле животот на подобро и им помогнале да остварат голем дел од своите планови и желби. Се надеваме дека наскоро ќе ја споделиме среќната приказна на првиот добитник на 7ка од играта Лото 7, кој со 100 денари и верба во среќата дојде до премија вредна 29.293.930,00 денари. За сега по контактите со нашето продажно место во Кавадарци, дознавеме дека во Кавадарци веќе се слави. А има и зошто. Во Кавадрци до сега се освоени бројни премии од инстант лотарија и веќе се возат автомобили добиени на инстант лозови, но ова е прв пат Кавадраци да слави за 7ка на лото со која нивен сограѓанин застана под среќна ѕвезда. 

Промовирани огласи »

Доколку аплициравте за зелена карта, од денес можете да проверите дали сте извлечени.

Резултатите се објавени на официјалниот сајт пред неколку часа и можете да ги проверите ОВДЕ.

Откако ќе се вклучите, само внесете го вашиот регистарски број и проверете дали сте избрани.

Како да дознаете дали сте квалификувани за лотаријата за американска „ЗЕЛЕНА КАРТА“?

Дали сум квалификуван/а за зелена карта ако сум избран/а во лотаријата?

Избирањето на лотарија не гарантира дека кандидатот ќе добие зелена карта; кандидатите мораат да ги исполнат сите стандарди за да можат да бидат обработени нивните зелени карти во рамките на деденото време. Членовите на потесното семејство на успешните апликанти имаат право на зелена карта, доколку ги исполнат истите стандарди. Поединци кои се избрани и се квалификувани за една од 50.000 виза броеви може или да си обезбедат имигрантска виза во амбасада или конзулат или ако се во Америка, да го прилагодат нивнито статус преку поднесување пријави и документација во услугите за американско државјанство и имиграција.

Кои земји се квалификувани?

Лотаријата е распределена на странски државјнаи кои ги повикуваат сите шест географски региони: Африка, Азија, Европа, Северна Америка, Океанија и Јужна Америка, Централна Америка и Карибите. За да се квалификувате мора да ја потврдите вашата националност или државата во која сте родени во земја која е квалификувана и мора да имате одредено образование или работно искуство. Целта на програмата е да се прошири и поттикне имиграцијата од земјите кои испраќаат помал број на имигранти во Америка.

Како да знам дека сум избран/а во лотаријата?

Официјалните известувања за избор се прават преку Entrant Status check, достапен на самата страна на Стејт департментот за лотаријата.

Потребно е да знаете дека Стејт Департментот не испраќа никакво известување или писмо по редовна пошта или меил за избирањето. Секое известување кое ќе ви стигне во ваква форма треба да знаете дека е нелигитимно.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »