Промовирани огласи »

Училиштата ќе примаат пријави за првачиња, но ќе се запишат само оние деца кои ги имаат примано задолжителните вакцини.

Министерот за образование Арбр Адеми ги повика родителите кои оваа година треба да запишат првачиња во основно училиште да поднесат пријава до училиштата. Но, според него доколку родителот до септември не приложи и вакцинален картон со примени вакцини првачето  нема да започне со училиште во септември.

Здравствените власти категорични во својот став потврдуваат дека невакцинирани деца на почетокот од учебната 2019/2020 година нема да се примаат ниту во градинка, ниту  во училиште.

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук профил напиша дека на вчерашната седница на Влада, одлучиле да се запишат во училиште само деца кои се вакцинирани.

На вчерашната 135 седница, Владата на Република Северна Македонија, донесе заклучок во било кое училиште да можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда. Во сите училишта да се примаат пријавите за упис во училиштата и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите се додека не биде приложен соодветен документ/потврда за вакцинација “,пишува ресорниот министер.

Тој во објавата исто така, напиша и дека само со стапка на вакцинација на населението над 95 %  ќе можеме да обезбедиме колективен имунитет.

Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни.

Фото Фејсбук

Промовирани огласи »

Замислете земја која светската економска криза не ја ни почувствувала, во која неделната плата изнесува илјада и пол долари, а месечниот минималец е 2500 евра.

Тоа е земја во која јавнот долг е на ниско, а невработеноста на историско ниско ниво.

Таква земја постои. Се вика Австралија и таа денес е 12 најсилна економија во светот.

27 години немала рецесија - три пати подолго од што тоа и тргна на една Германија. Австралија и по солидни стапки - расте.

Неколку се причините за овој позитивен резултат. Пред се Австралија е богата со руди, во прв ред железо и јаглен. Има и големи залихи на гас, злато, алуминиум, никел, дијаманти и опал. Колку и да и е далеку европскиот и американски пазар, толку и е поблизок азискиот - најдинамичниот на светот.

Во Кина, Индија, југоисточна и Јужна Азија живее половина од светското население. И тоа има свои потреби. Покрај тоа, Австралија е близу до Кина, со својата најбрзо растечка светска економија. А како таа рапидно расте, расте и побарувачката за она од кое Австралија има вишок.

Таа земја е високо развиена демократија во која се почитува приватната сопственост и во која се негува владеењето на правото.

И ги има едни од најдобрите образовни системи во светот.

Секако, животот во Австралија има и друга, помалку бајковита страна. Луѓето кои ја поминале 60-тата и таму тешко добиваат работа. Невработените кои живеат со сопружник , немаат право на надомест за невработени.

ИТ екторот, градежништво, земјоделие, сточарство и прехрамбена инустрија и понатаму бележат висок раст, па до работа во тие сектори е лесно да се дојде.

Промовирани огласи »

Поевтини бензинот, поскапе дизелот. Драстична разлика или ценовни шокови на горивата нема, како и што препорача Регулатораната комисија за енергетика. Бензинските што ги посетивме се со идентични суми како и другите. Бензинот еуросупер 95 чини 71 денар, додека еуросупер 98 е два денари поскап. Дизелот вреди 64 денари по литар.

На повеќето бензински пумпи коишто ги посети екипата 1ТВ, дизелот е поскап за половина денар. Голем дел од купувачите на горивата за иста сума точат гориво. Така што, ако еден возач за 500 денари плати дизел, ќе вози 7,8 литри.

Цените за кои нафтените компании се решија се по методолигијата којашто се преиминуваше. За економскиот вицепремиер Кочо Анѓушев, има коректен пристап бидејќи не се зголемени цените на горивата, иако пазарот е либерален. Државата, ветува Анѓушев ќе постави највисок праг сума за продажба на горивата, за да се заштитат граѓаните од евентуално монополско здружување.

„Компаниите коректно го поставија своите центи. Ние како влада им сме благодарни, видовме дека имаат чувство за пазарот. Оттука и ние како Влада нема да бидеме ригорозни во регулирање пазарот, ќе оставиме колку што може тој да биде либерален. Но, мораме да го кажеме и фактот дека во моментот 80% од продажбата на големо на нафтени деривати на нашата држава се одвива во Окта којшто главен тровец на големо во државата и сега тука би требало да пристапиме со внимание како не би на крај цената ја платат граѓаните на нашата држава“, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

До нов закон, секој понеделник со цените на горивата можат да си „играат“ самите нафтени компании. Граѓаните на бензинска ќе одат со калкулатор.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »