Промовирани огласи »

Оваа година неколку празници се паѓаат во неработни денови, но исто така неколку се со споени викенди, како што беше за Велигден. Наскоро, односно на 24 мај, ќе имаме уште еден споен викенд, бидејќи Денот на сесловенските просветители се паѓа во петок.

Неработни денови кои следуваат до крајот на 2019 година се:

За сите граѓани на РМ

  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители,
  • 4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 2 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
  • 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),
  • 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
  • За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
  • 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,
  • За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
  • 27 јануари (недела), Свети Сава,
  • За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
  • 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите,
  • За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
  • 23 мај (четврток), Национален ден на Власите,
  • За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
  • 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
  • За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,
  • За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Во Скопје денеска ќе се одржи Бизнис форум за жени претприемачи од Западен Балкан на кој ќе биде промовирано женското претприемништво.

Настанот ќе овозможи водечките жени претприемачи од Западен Балкан да се вмрежат и да разменат искуства. Споделени ќе бидат и резултатите од Програмата за жени претприемачи за Западен Балкан (ПЖПЗБ) и најдобрите меѓународни пракси за финансирање на жените, а ќе бидат доделени и награди за најуспешните жени претприемачи и најдобрите службеници за кредитирање на бизнисите управувани од жени.

Регионалниот бизнис форум за жени претприемачи ќе трае денеска и утре, а е организиран од Програмата на ЕБОР за жени претприемачи од Западен Балкан,.

Програмата почна во октомври 2014 година со цел да го промовира женското претприемништво, да го подобри пристапот до финансирање и консултантски услуги, како и да даде поддршка на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) од Западен Балкан кои се управувани од жени. Програмата е финансирана од ЕБОР, Луксембург, Шведска и Италија со интегриран пристап кој ги таргетира жените од микро, малите и средни претпријатија во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Досега, Програмата обезбеди 40 милиони евра преку кредити достапни во седум партнерски банки во регионот и пристап до знаење за да им се помогне на компаниите управувани од жени да станат поконкурентни. Обуки, менторство, коучинг и можности за вмрежување се исто така дел од Програмата со цел да им се овозможи на жените претприемачи да изградат мрежи за соработка, да ги зајакнат своите вештини и да споделат искуства со нивните колешки. Досега, вкупно 5.000 жени биле поддржани од оваа Програма. 

Промовирани огласи »

Овој септември, Скопје ќе биде по втор пат домаќин на интернационалниот Media Innovation Forum, голем настан посветен на медиумите, адвертајзингот и контент креаторите, со цел развивање на концептите на домашните протагонисти и нивна поголема независност. Локацијата е хотелот Хилтон, а датумот 12-ти септември.

Се најавуваат звучни имиња од регионот и светот, а настанот ќе вклучува два дела: Форум каде присутните ќе чујат размена на пракси и споделување успешни приказни, и Buyers Salon каде бизнисите ќе можат да се претстават пред интернационални купувачи за можно партнерство и соработка. Поканети се сите контент креатори, медиски професионалци или куќи и продукции кои сметаат дека имаат производ што може да се продаде или развие регионално, да пријават интерес за учество со аплицирање за презентација (pitch) на www.mediainnovationforum.com.

Запрашан за минатогодишното искуство Влатко Огњановски од Good Mood Media ни го сподели следното: “Единствен настан од овој тип и топло го препорачувам учеството. Имавме уникатна можност да добиеме фидбек за нашиот проект Фчерашни Новости од луѓе кои значат многу во светот на медиумите. Оттогаш ги развиваме контактите и ги шириме, со што ни се отвараат нови можности за развивање на овој и други проекти.”

Секако, може да се пријавите и само како учесници во Форумот и да ги чуете регионалните и интернационални гости со кои ќе имате шанса да размените мислења и искуства преку пријавување за учество (attend) на www.mediainnovationforum.com.

Џулијан Робертс, маркетинг директор на гигантот за сајбер безбедност ESET, беше еден од интернационалните гости на минатогодишниот настан, искуство кое тој вели било исклучително пријатно.

Минатата година ги слушавме челните луѓе на компании како Omnicom, ESET, Друи План - продукцијата која работи со HBO и Netflix во регионов, Time.mk, Fx3x, Vertigo Visual, IWM и други. Присутни беа речиси 100 учесници кои со гостите отворија многу теми. Годинава одиме чекор понатаму и имаме отворен повик за учество и презентација на своите бизниси. Ги охрабруваме сите да аплицираат за учество на www.mediainnovationforum.com и да ја искористат оваа навистина уникатна шанса, велат од маркетинг агенцијата Еден на Еден, организациски партнер на настанот.

Промовирани огласи »

Училиштата ќе примаат пријави за првачиња, но ќе се запишат само оние деца кои ги имаат примано задолжителните вакцини.

Министерот за образование Арбр Адеми ги повика родителите кои оваа година треба да запишат првачиња во основно училиште да поднесат пријава до училиштата. Но, според него доколку родителот до септември не приложи и вакцинален картон со примени вакцини првачето  нема да започне со училиште во септември.

Здравствените власти категорични во својот став потврдуваат дека невакцинирани деца на почетокот од учебната 2019/2020 година нема да се примаат ниту во градинка, ниту  во училиште.

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук профил напиша дека на вчерашната седница на Влада, одлучиле да се запишат во училиште само деца кои се вакцинирани.

На вчерашната 135 седница, Владата на Република Северна Македонија, донесе заклучок во било кое училиште да можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда. Во сите училишта да се примаат пријавите за упис во училиштата и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите се додека не биде приложен соодветен документ/потврда за вакцинација “,пишува ресорниот министер.

Тој во објавата исто така, напиша и дека само со стапка на вакцинација на населението над 95 %  ќе можеме да обезбедиме колективен имунитет.

Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни.

Фото Фејсбук

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »