Промовирани огласи »

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје , кое беше формирано со стартот на пензиската реформа во државата, речиси една ипол деценија управува со парите на  нивните членови кои се издвојуваат од нивната бруто плата или самостојно за посигурни пензионерски денови.

Притоа, КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд, кој работи во рамки на вториот пензиски столб и во кој средства за идна пензија се издвојуваат од бруто плата, со парите на своето членство управува веќе 14 години, додека КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд 10 години управува со парите кои се одвојуваат на доброволна основа за да се обезбеди поголема пензија.

Средствата со кои управуваат фондовите се вложуваат се со цел  да се оствари принос за членовите и секогаш на прво место е интересот на членовите. Остварениот принос директно се распределува на нивните индивидуални, доброволни индивидуални и/или професионални сметки.

Портфолијата на пензиските фондови се диверзифицирани и содржат државни обврзници, депозити, акции во успешни домашни компании, акции во најпознатите светски компании преку инвестиции во удели од инвестициски фондови и друго.

Кб Прв отворен задолжителен пензиски фонд, според податоците од МАПАС, има остварено приноси кои се далеку поповолни од  банкарските депозити.

Средствата од задолжителниот пензиски фонд секој осигуреник има можност да ги повлекува преку програмирани повлекувања или комбинирано откако ќе ги исполни условите за пензионирање според годините на старост и 15 години работен стаж. Можноста за исплата преку месечни ануитети ќе биде достапна по лиценцирање на друштва за осигурување. Во случај ако осигуреник не го исполнува условот за пензиски стаж ќе може со наполнети 65 години старост да ги подигне средствата под услови уредени со закон. Во случај на смрт на осигуреникот, средствата се наследни.

Последниве години сé повеќе расте свеста и интересот за штедење на доброволна основа, односно за одвојување дополнителни средства за посигурна старост.  Ова особено станува сé поактуелно поради фактот дека многу млади денес работат преку интернет, па издвојувањето средства на сопствена сметка може да им обезбеди сигурност во староста.

Во третиот столб може да издвојуваат и компании или здруженија на граѓаните кои преку професионални пензиски шеми можат да организираат и финансираат дополнително пензиско осигурување за своите вработени, односно членови, што е вообичаена практикa во многу европски земји.

Условите за стекнување право на пензиски надоместок и начинот на исплата на пензискиот надоместок од третиот столб можат да се повлечат најрано десет години пред возраста за стекнување право на старосна пензија, што во моментов би значело најрано на возраст од 54 години за мажи, односно 52 години за жени. Средствата може да се исплатат со еднократна или повеќекратна исплата, како пензиски ануитет, со програмирани повлекувања обезбедени од друштвото кое управува со доброволен пензиски фонд, или со комбинација од овие опции.

КБ Прво пензиско друштво од неодамна е во нови простории лоцирани на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 6 во Скопје кои се одраз на растот на друштвото и одговор на потребатаза уште поголема комуникација со членството кое во секое време може да има увид во своите средства и нивното оплодување.

Промовирани огласи »

Имаш занает или диплома, имаш работодавач – можеш во Германија. Вака би требало да изгледа законот од следната година. Додека бизнисмените се радуваат, политичката дебата во Бундестагот за оваа тема се вжештува.

Секоја година престој им се одобрува на повеќе од 100.000 странци. Наспроти тоа, Германија изминативе децении себеси не се сметаше за доселеничка држава.

Но, од почетокот на идната година, тоа би требало да се промени. Со новиот закон за доселување стручна работна сила, што сега се наоѓа во законодавна процедура, доаѓањето на работниците од земјите што не се членки на ЕУ би требало да се олесни.

Ако тој закон стапи во сила, во Германија ќе може да се доселат сите оние кои имаат договор за работа и стручна квалификација за тоа работно место.

Повеќе нема да се проверува дали на пазарот на трудот евентуално постои некој Германец или државјанин на ЕУ, кои имаат право на првенство при вработување.

Значи, секој кој има некаква квалификација или работодавач – може да дојде во Германија.

Може да се дојде во земјата и без никаков договор, но на шест месеци, за да се бара работа на самото место. За тој период дојденецот треба сам да се издржува.

Вакво право досега имаа само факултетски образованите, но сега ќе го имаат и сите останати независно кој степен на стручна подготовка го имаат.

На германската економија ѝ недостигаат околу 1,2 милион работници, посебно во секторите за нега на стари и болни лица, како и во градежништвото.

Со новите прописи би требало да биде решен и проблемот на барателите на азил, кои засега смеат да останат само привремено, на пример ако во нивната земја има граѓанска војна. Сега тие би требало да добијат можност да го легализираат својот статус.

Промовирани огласи »

Оваа година неколку празници се паѓаат во неработни денови, но исто така неколку се со споени викенди, како што беше за Велигден. Наскоро, односно на 24 мај, ќе имаме уште еден споен викенд, бидејќи Денот на сесловенските просветители се паѓа во петок.

Неработни денови кои следуваат до крајот на 2019 година се:

За сите граѓани на РМ

  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители,
  • 4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 2 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
  • 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),
  • 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
  • За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
  • 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,
  • За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
  • 27 јануари (недела), Свети Сава,
  • За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
  • 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите,
  • За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
  • 23 мај (четврток), Национален ден на Власите,
  • За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
  • 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
  • За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,
  • За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Во Скопје денеска ќе се одржи Бизнис форум за жени претприемачи од Западен Балкан на кој ќе биде промовирано женското претприемништво.

Настанот ќе овозможи водечките жени претприемачи од Западен Балкан да се вмрежат и да разменат искуства. Споделени ќе бидат и резултатите од Програмата за жени претприемачи за Западен Балкан (ПЖПЗБ) и најдобрите меѓународни пракси за финансирање на жените, а ќе бидат доделени и награди за најуспешните жени претприемачи и најдобрите службеници за кредитирање на бизнисите управувани од жени.

Регионалниот бизнис форум за жени претприемачи ќе трае денеска и утре, а е организиран од Програмата на ЕБОР за жени претприемачи од Западен Балкан,.

Програмата почна во октомври 2014 година со цел да го промовира женското претприемништво, да го подобри пристапот до финансирање и консултантски услуги, како и да даде поддршка на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) од Западен Балкан кои се управувани од жени. Програмата е финансирана од ЕБОР, Луксембург, Шведска и Италија со интегриран пристап кој ги таргетира жените од микро, малите и средни претпријатија во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Досега, Програмата обезбеди 40 милиони евра преку кредити достапни во седум партнерски банки во регионот и пристап до знаење за да им се помогне на компаниите управувани од жени да станат поконкурентни. Обуки, менторство, коучинг и можности за вмрежување се исто така дел од Програмата со цел да им се овозможи на жените претприемачи да изградат мрежи за соработка, да ги зајакнат своите вештини и да споделат искуства со нивните колешки. Досега, вкупно 5.000 жени биле поддржани од оваа Програма. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »