Промовирани огласи »

За една недела доколку послужат временските услови ќе се заврши оградната мрежа која што недостига на новиот автопат Миладиновци-Штип. Автопатот е готов според план, останало уште 47 километари во должина да се постави заштитна мрежа.

Ова го потврдил за МИА, директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.

Исто така, директорот потврдил дека и последната пречка се отстранува за пуштање на автопатот.  Потенцирал дека првично по автопатот ќе се вози со времен режим во близина на натпатникот кај Севи Нииколе кадешто треба да се градат спојници.

Китанов за МИА дообјаснил дека на крајот од минатата година, во декември добиле известување од кинескиот изведувач „Синохидро“ дека автопатот е готов, но оти при надзорот било утврдено дека нема сервисни патишта  и оти недостига 35 проценти од заштитната мрежа.

Тој вели дека констатирале дека ја нема како фактура за плаќање.

Се даде казнен налог на Синохидро да ја довршат мрежата. Останата работа за уште седум осум работни дена  но тие да бидат без дожд. Надзорот утврди дека не е завршен делот со заштитната мрежа, околу 35 проценти-потенцира Китанов за МИА. 

Минатата недела директорот на ЈПДП ја извести јавноста дека за петнаесетина дена би требало да се пушти официјално во употреба автопатот.

Промовирани огласи »

Билетот за влез во скопската Зоолошка градина ќе поскапи и наместо 50 денари ќе биде 80. Влезот за деца до 3 години и натаму останува бесплатен. Оваа одлука за промена на цената за влез во Зоолошката ќе се најде на дневен ред на утрешната седница на Советот на Град Скопје и доколку биде усвоена треба да стапи на сила на почетокот на јуни.

Во образложението на градоначалникот Петре Шилегов се вели дека поскапувањето се должи на зголемениот број содржини и нови животни во градината.

Цената за влез во Зоолошката градина не е коригирана од 2007 година. Во меѓувреме градината е комплетно ревитализирана, изградени се нови живеалишта, патеки, огради, збогатена е со нови видови животни и се нудат нови содржини за забава и едукација, па потребно е корегирање на цената. Цената за билет во Зоолошка беше на ниво на цените во кино салите, но во изминатиов период тие се зголемија, а влезот во Зоолошка остана непроменет, се вели во образложението на градоначалникот Петре Шилегов.

Според новиот ценовник се воведуваат и нови цени за содржините кои летово треба да бидат отворени и за кои ќе се плаќа плус дополнителна влезница. Влезот во паркот на диносауруси  ќе чини 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни посетителите ќе треба да платат плус 20 денари.

Промовирани огласи »

Од ноќеса на полноќ горивата и кај нас ќе мора да имаат нови повисоки цени, со покачувањето на цената на нафтана на светски берзи. Останува одлуката дека трговците и оваа недела сами ќе може да ја формираат цените на нафтените деривати.

Од Макпетрол информираат дека вечерва од полноќ цената на бензинот ќе поскапи за еден денар, а цената на нафтата ќе оди нагоре за два денари.

Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;
Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 74,00 денари за литар;
Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 66,00 денари за литар;
Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 67,00 денари за литар;
Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,50 денари за литар.

Промовирани огласи »

Ќе се радуваат ли македонските туристи на поевтин роаминг од соседна Грција и обратно ќе треба да одлучи грчката страна до која од АЕК е пратен предлог за да се намали цената на роамингот за околу 70%.

Намалувањето на цените би требало да стартува за два месеци но се чека на одговор од грчките оператори .

АЕК чека известувње од грчкиот регулатор за електронски комуникации кога од нивна страна ќе бидат завршени националните процедури и ќе се исполнат предусловите за да може да се реализира најавата од потпишувањето на меморандумот на 19 февруари годинава од ресорните министри Никос Папас и Дамјан Манчевски.

Со Меморандумот се предвидува за негова примена да бидат одговорни националните регулаторни тела од двете држави (Агенцијата за електронски комуникации и Hellenic Telecommunications and Post Commission), а намалувањето на цените на роаминг услугите да биде со динамика и до ниво исто како цените на роаминг услугите дефинирани во Регулативата за роаминг услуги на европско ниво бр. 531/2012.

Според АЕК, 0,29 евра би изнесувала цената на појдовниот повик од јули годинава, додека таа цена во јули 2021 би била 0,19 евра.

СМС пораките би чинеле 0,009 евра од јули оваа година, а во 2021 цената би била 0,06 евра.

Македонија беше првата држава од Западен Балкан на која Бугарија ѝ предложи билатерално укинување на роамингот. 

Сепак, ова прашање се уште е само на хартија. Најавата беше во 2017 година кога Владите на Македонија и на Бугарија го одобрија меморандумот за разбирање меѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија и македонското Министерство за информатичко општество и администрација за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги.

Согласно меморандумот министерствата се обврзуваат да ги поттикнат мобилните оператори да склучат меѓусебни спогодби кои ќе доведат до трајно намалување на цените на мало на роаминг услугите за крајните корисници.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »