Промовирани огласи »

Се наплаќа влез во некои од верските објекти во Скопје, се жалат туристите.

Последниве неколку денови, низ социјалните мрежи се прошири една слика, каде јасно се гледа, дека за влегување во црквата Св.Андреј на Матка, се наплаќа влез од 60 денари.

Верниците револтирани велат дека разбирливо е по музеите и културно историските знаменитости да се наплаќа, но несфатливо е како може да се наплаќа по цркви каде луѓето самоволно доаѓаат.

Со овој начин луѓето наместо да се привлекуваат да одат по верските објекти се прави истите да се оддалечуваат од нив.

Ова не е пример само во оваа црква, бидејќи во поголемиот дел од црквите во Охрди се наплаќа влез, а особено за странците, каде картата е дупло поголема. Пример ако за домашни гости карта е 30 денари, за странците картата чини едно евро.

Промовирани огласи »

Исклучените од системот на парно греење што добиле сметки за април да не ги плаќаат, бидејќи тие ќе бидат сторнирани, потврдија од Регулаторната комисија. Исклучените од парно граѓани кои доставуваат барања до БЕГ за ослободување од обврската за плаќање, во случаите кога компанијата нема да ги прими, да поднесат претставка до Регулаторната комисија за енергетика.

Цените коишто ќе бидат одобрувани од Регулаторната комисија за енергетика ќе бидат пониски од цените коишто биле определени со претходната метеодологија. Реално, трошокот за транспорт низ државата кој што бил утврден низ 90-те години сега е далеку повисок. Ние добивме барање од компаниите да изнесува 0,8 или 0,85 денари. Ова е бизнис кој ние не го регулираме, но во изминатиот период правевме сериозни анализи и нема да биде прифатено ниту едното, ниту другото барање. Во однос на маржата добивме барање од 6,2, 6,5 итн. Ова се однесува на малопродажната маржа, која ќе биде под 5 денари - кажа Марко Бислимовски.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека во тек е активноста за генерирање и доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година.

Даночните обврзници – физички лица кои се регистрирани на системот „е-Персонален данок“ преку своите кориснички профили може да извршат увид во Годишните даночни пријави за 2018 година. Крајниот рок за доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година од страна на Управата за јавни приходи до граѓаните беше до 30.04.2019 година.

Граѓаните имаат можност најдоцна до 31.05.2019 година да ја потврдат или коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава. До истекот на крајниот законски рок, граѓанинот може да го менува статусот на пријавата, односно да ја потврдува или коригира се до истекот на крајниот рок 31.05.2019 година.

По истекот на законскиот рок на 01.06.2019 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.

На 01.06.2019 година, службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави, кои од страна на граѓанинот не се ниту потврдени, ниту коригирани.

Годишната даночна пријава која граѓанинот ја коригигирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.

Воедно, апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а сеуште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги во предвид бројните придобивки на користењето на системот е-Персонален данок, како на пример заштеда на време кое досега се губело пред шалтерите и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи, соопштуваат од УЈП.

Промовирани огласи »

Изградбата на адреналинскиот парк кој ќе се протега на вкупна површина од 6.500 м2, се очекуваше да започне во мај годинава, но се уште се прават подготовки. 

- Верувам дека во текот на летото ќе почне да се поставува паркот имајќи предвид дека и самиот проект е ограничен со рокови, односно треба до одреден период да биде целосно завршен и да се пушти во употреба. Имајќи предвид дека не се работи за некоја градба, тоа е поставување урбана опрема, реквизити, детски игралишта, нови скверови, многу повеќе зеленило, практично целиот простор кај вештачката карпа којшто сега е на некој начин депонија се оплеменува, така што имајќи предвид какви зафати ќе има, мислам дека ќе оди брзо и дека многу скоро граѓаните на Карпош и граѓаните на Скопје и на државата, ќе имаат едно уникатно катче какво што досега немало во државата, кое ќе го користат за дружење, рекреација и дополнително зеленило што ќе придонесе во борбата за чист воздух и здрава животна средина, изјави градоначалникот Богоев во интервју за Слободен печат. 

Ќе биде реконструирано детското игралиште на површина од 480 м2,  скејт-паркот на 1.100 м2, ќе биде изградено ново игралиште за одбојка и фудбал на песок, а атрактивниот адреналински парк за возрасни и деца ќе биде изграден на три нивоа, кој ќе се позиционира на површина од 1.600 м2.

Богоев очекува адреналинскиот парк да биде готов до крајот на годината, а подготовките да започнат летово. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »