Промовирани огласи »

Изградбата на адреналинскиот парк кој ќе се протега на вкупна површина од 6.500 м2, се очекуваше да започне во мај годинава, но се уште се прават подготовки. 

- Верувам дека во текот на летото ќе почне да се поставува паркот имајќи предвид дека и самиот проект е ограничен со рокови, односно треба до одреден период да биде целосно завршен и да се пушти во употреба. Имајќи предвид дека не се работи за некоја градба, тоа е поставување урбана опрема, реквизити, детски игралишта, нови скверови, многу повеќе зеленило, практично целиот простор кај вештачката карпа којшто сега е на некој начин депонија се оплеменува, така што имајќи предвид какви зафати ќе има, мислам дека ќе оди брзо и дека многу скоро граѓаните на Карпош и граѓаните на Скопје и на државата, ќе имаат едно уникатно катче какво што досега немало во државата, кое ќе го користат за дружење, рекреација и дополнително зеленило што ќе придонесе во борбата за чист воздух и здрава животна средина, изјави градоначалникот Богоев во интервју за Слободен печат. 

Ќе биде реконструирано детското игралиште на површина од 480 м2,  скејт-паркот на 1.100 м2, ќе биде изградено ново игралиште за одбојка и фудбал на песок, а атрактивниот адреналински парк за возрасни и деца ќе биде изграден на три нивоа, кој ќе се позиционира на површина од 1.600 м2.

Богоев очекува адреналинскиот парк да биде готов до крајот на годината, а подготовките да започнат летово. 

Промовирани огласи »

Во законодавниот дом денеска ќе се носат пакет закони по скратена постапка.

Продолжуваат двете седници на кои пред пратениците се пакетот социјални закони во кои спаѓаат предлог законот за социјална заштита, за социјална сигурност за старите лица и за заштита на децата.

Како што беше презентирано овие закони би требало да воведат гарантиран минимален приход кои ќе овозможи да се зголеми помошта која ја добиваат корисниците во државата.

Овие закони исто така би требало да го олеснат и достапот до детски и образовен додаток.

Промовирани огласи »

Од 1 Јуни 2019 година, согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, забрането е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции. 

Истото ќе мора да се изврши преку платежна картичка или со уплатница преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Согласно наведеното, од 1 јуни 2019 година, трговците кои вршат наплата во готовина ќе можат да вршат продажба и наплата до 500 евра при поединечна трансакција. 

  

Промовирани огласи »

За една недела доколку послужат временските услови ќе се заврши оградната мрежа која што недостига на новиот автопат Миладиновци-Штип. Автопатот е готов според план, останало уште 47 километари во должина да се постави заштитна мрежа.

Ова го потврдил за МИА, директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.

Исто така, директорот потврдил дека и последната пречка се отстранува за пуштање на автопатот.  Потенцирал дека првично по автопатот ќе се вози со времен режим во близина на натпатникот кај Севи Нииколе кадешто треба да се градат спојници.

Китанов за МИА дообјаснил дека на крајот од минатата година, во декември добиле известување од кинескиот изведувач „Синохидро“ дека автопатот е готов, но оти при надзорот било утврдено дека нема сервисни патишта  и оти недостига 35 проценти од заштитната мрежа.

Тој вели дека констатирале дека ја нема како фактура за плаќање.

Се даде казнен налог на Синохидро да ја довршат мрежата. Останата работа за уште седум осум работни дена  но тие да бидат без дожд. Надзорот утврди дека не е завршен делот со заштитната мрежа, околу 35 проценти-потенцира Китанов за МИА. 

Минатата недела директорот на ЈПДП ја извести јавноста дека за петнаесетина дена би требало да се пушти официјално во употреба автопатот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »