Промовирани огласи »

Од 1 Јуни 2019 година, согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, забрането е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции. 

Истото ќе мора да се изврши преку платежна картичка или со уплатница преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Согласно наведеното, од 1 јуни 2019 година, трговците кои вршат наплата во готовина ќе можат да вршат продажба и наплата до 500 евра при поединечна трансакција. 

  

Промовирани огласи »

За една недела доколку послужат временските услови ќе се заврши оградната мрежа која што недостига на новиот автопат Миладиновци-Штип. Автопатот е готов според план, останало уште 47 километари во должина да се постави заштитна мрежа.

Ова го потврдил за МИА, директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.

Исто така, директорот потврдил дека и последната пречка се отстранува за пуштање на автопатот.  Потенцирал дека првично по автопатот ќе се вози со времен режим во близина на натпатникот кај Севи Нииколе кадешто треба да се градат спојници.

Китанов за МИА дообјаснил дека на крајот од минатата година, во декември добиле известување од кинескиот изведувач „Синохидро“ дека автопатот е готов, но оти при надзорот било утврдено дека нема сервисни патишта  и оти недостига 35 проценти од заштитната мрежа.

Тој вели дека констатирале дека ја нема како фактура за плаќање.

Се даде казнен налог на Синохидро да ја довршат мрежата. Останата работа за уште седум осум работни дена  но тие да бидат без дожд. Надзорот утврди дека не е завршен делот со заштитната мрежа, околу 35 проценти-потенцира Китанов за МИА. 

Минатата недела директорот на ЈПДП ја извести јавноста дека за петнаесетина дена би требало да се пушти официјално во употреба автопатот.

Промовирани огласи »

Билетот за влез во скопската Зоолошка градина ќе поскапи и наместо 50 денари ќе биде 80. Влезот за деца до 3 години и натаму останува бесплатен. Оваа одлука за промена на цената за влез во Зоолошката ќе се најде на дневен ред на утрешната седница на Советот на Град Скопје и доколку биде усвоена треба да стапи на сила на почетокот на јуни.

Во образложението на градоначалникот Петре Шилегов се вели дека поскапувањето се должи на зголемениот број содржини и нови животни во градината.

Цената за влез во Зоолошката градина не е коригирана од 2007 година. Во меѓувреме градината е комплетно ревитализирана, изградени се нови живеалишта, патеки, огради, збогатена е со нови видови животни и се нудат нови содржини за забава и едукација, па потребно е корегирање на цената. Цената за билет во Зоолошка беше на ниво на цените во кино салите, но во изминатиов период тие се зголемија, а влезот во Зоолошка остана непроменет, се вели во образложението на градоначалникот Петре Шилегов.

Според новиот ценовник се воведуваат и нови цени за содржините кои летово треба да бидат отворени и за кои ќе се плаќа плус дополнителна влезница. Влезот во паркот на диносауруси  ќе чини 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни посетителите ќе треба да платат плус 20 денари.

Промовирани огласи »

Од ноќеса на полноќ горивата и кај нас ќе мора да имаат нови повисоки цени, со покачувањето на цената на нафтана на светски берзи. Останува одлуката дека трговците и оваа недела сами ќе може да ја формираат цените на нафтените деривати.

Од Макпетрол информираат дека вечерва од полноќ цената на бензинот ќе поскапи за еден денар, а цената на нафтата ќе оди нагоре за два денари.

Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;
Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 74,00 денари за литар;
Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 66,00 денари за литар;
Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 67,00 денари за литар;
Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,50 денари за литар.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »