Промовирани огласи »

КАРИЕРА.мк разговара со доц. д-р Зорица Силјановска, професор по Трговско право и Корпоративно управување на Факултетот за правни науки на ФОН Универзитет. Со неа зборуваме за корпоративното управување, општествената одговорност на компаниите, можностите за вработување на студентите од правен факултет, проектот „Фабрика на знаење“...

Што претставува корпоративното управување?

Корпоративното управување е патот кој на компаниите им дава насоки како да направат пари на транспарентен, сериозен и чесен начин. Политиката и корпоративното управување се поврзани како "сијамски близначки". Не постои земја во која едното функционира без другото. Степенот на демократија во една земја и начинот на функционирање на политичкото управување во голема мерка ги детерминира климата и условите за работа на компаниите. На компаниите што се натпреваруваат на глобален план, императив им е корпоративното управување, при што постојат општо познати и прифатени правила и стандарди. Оние што не ги почитуваат и не ги применуваат, се  надвор од натпреварот. За Република Македонија, и за сите земји од регионот, најдобар пат за излез од ситуацијата во која што се наоѓаат нивните економии е преку поинтензивна примена на корпоративното управување што гарантира квалитет и транспарентност во функционирањето на една компанија.

Што значи развивањето на корпоративна општествена одговорност?

Корпоративната општествена одговорност (corporate social responsibility - CSR) е еден од основните постулати на доброто корпоративно управување. Концептот и дефиницијата за корпоративна општествена одговорност се развивале во текот на повеќе децении и денес се тесно поврзани со многу иницијативи и правци кои претставуваат врска меѓу придонесот на компанијата и владата кон одржлив општествен развој. Со концептот корпоративна општествена одговорност се поврзуваат следните процеси: корпоративно управување, етички принципи во бизнисот, општествено одговорни инвестиции, корпоративен граѓанин, одржлив развој, корпоративна одржливост, стејкхолдери, како и односот меѓу компанијата и општеството и компанијата и владата. Менаџментот во системот на корпоративно управување ја прифаќа општествената одговорност како битен фактор за клучните бизнис-активности и ја смета за правилна инвестиција во создавањето услови за сигурно и долготрајно деловно дејствување. Развивањето на корпоративна општествена одговорност значи развивање на можностите на компанијата, поголемо учество во општествените активности, подобар рејтинг и значајна предност во однос на конкурентите.

Колку македонските компании се општествено одговорни?

Последните истражувања потврдуваат дека имаме напредок во развојот на корпоративната општествена одговорност во нашата земја, но за жал сеуште сме далеку од очекуваните параметри. Постојат компании кои се ангажираат за воспоставување на ефективна соработка со општествената заедница, но сето тоа е површно и недоволно. Кај најголем дел од македонските компании, максимизирањето на профитот сеуште е основна и најзначајна цел и затоа развојот на корпоративната општествена одговорност ќе биде долг и макотрпен процес. Деловните субјекти и бизнис заедницата мора да станат свесни за  потребата и значењето на општествената одговорност, затоа што тоа е единствениот начин за градење и развивање квалитетен систем на корпоративно управување.

Вие сте активно вклучени во проектот „Фабрика на знаење“ кој претставува општествено одговорен проект. Колку овој проект им помага на студентите и компаниите?

Проектот „Фабрика на знаење“ е наставно-научен и апликативен проект на ФОН Универзитет преку кој се поврзуваат студентите со бизнис заедницата и јавните институции. Со проектот се унапредува квалитетот на наставата преку еден практичен и оригинален пристап, се вклучуваат студентите во научно истражувачка работа, ги имплементираат знаењата стекнати во текот на студирањето и се стекнуваат со потребните практични вештини. Креативните и применливи решенија на студентите го направија проектот исклучително атрактивен, а ФОН Универзитет горд на својот капацитет и потенцијал.

Проектот е конципиран интердисциплинарно, односно учество земаат студенти од сите факултети кои се во состав на Универзитетот. Ваквиот концепт со оглед на разновидноста на едукацијата која ја имаат сите студенти кои се дел од проектот овозможува комплетна анализа и реализација на поставените цели и задачи.

„Фабрика на знаење“ се обидува за првпат кај нас да ја конкретизира соработката меѓу високообразовните институции и деловниот свет. Тоа од една страна им помага на студентите да се стекнат со практични вештини кои им се неопходни, а од друга страна им дава можност на компаниите и работодавците да ги препознаат соодветно кавалификуваните високо квалитетни кадри.

Позади нас се 5 успешни години на реализација на проектот, соработка со над 30 компании и институции и учество на околу 1000 студенти менторирани од 100тина наставници и соработници. Со задоволство сакам да ве информирам дека преку проектот се вработени 20 студенти во нашите партнерски компании и сето ова дополнително не мотивира да продолжиме со негова реализација согласно потребите на пазарот на труд. Убедена сум дека „Фабрика на знаење“ претставува важна алка во општеството базирана исклучиво врз знаењето, науката и искуството.

Овој проект е потврда за корпоративно општествената одговорност на ФОН Универзитет како прва приватна високообразовна институција, но и поттик за подигнување на свеста кај деловните субјекти да бидат одговорни спрема сите конституенти во општествената заедница.

Колку образовните институции може да одговорат на потребите на компаниите?

Знаењето, вештините и вредностите кои студентите ги стекнуваат за време на студирањето во голема мера ги одредуваат нивните лични капацитети и интегритет кои се потребни за успешно да одговорат на предизвиците на своите работни места. Образованието и едукативниот процес се особено значајни во профилирањето на младите кадри. Стекнувањето на квалитетно теоретско знаење е битно, но не и доволно. Исправени пред предизвиците на 21век, брзиот процес на глобализација, технолошкиот развој и информатичката револуција, спојот на теоретско знаење и практично искуство, не е веќе избор туку неопходност.

Вештините кои ги поседуваат младите невработени се критични за деловниот сектор, но и за општеството во целост. И покрај високата стапка на невработеност тешко се наоѓа соодветно квалификувана работна сила. Имаме високо квалифицирани кадри преку формално образование, на кои им недостигаат технички вештини кои се стекнуваат преку неформално образование и соодветна пракса. Според мене платено практиканство и обука на работното место е добар пристап, но и алатка за усогласување на потребите на пазарот на труд.

Реформи во образованието се повеќе од неопходни и тие мора да соодветствуваат на потребите на деловниот сектор. Ова е уште една потврда дека соработката меѓу образовните институции и бизнис заедницата мора да се интензивира, зајакне и продлабочи. Потребни ни се студенти кои имаат знаење и моќ да ги менуваат нештата.

„Успешната економија зависи од образованието и вештините на човекот“

Вие се професор на Правниот факултет, што се може да работат вашите студенти?

Првиот допир со правото сите правници го имаат за време на студирањето на правните факултети. Тогаш се запознаваат со основните принципи и вредности на правото и го започнуваат својот професионален развој за идни судии, обвинители, адвокати, нотари, извршители, арбитри, стечајни управници и многубројни други правнички професии.

Независен и професионален правосуден систем е невозможен без доброорганизирано и квалитетно високо правно образование. На општеството му се отребни професионални правници кои совесно, одговорно и стручно ќе си ја вршат  својата професија. Како ќе ги едуцираме е особено важно за правниот систем, владеењето на правото и развојот на државата.

Ме радува фактот што последните години расте интересот за насоката бизнис право, еден интересен спој на правото и економијата како категории и соодветен предизвик за студентите. Изучувањето и познавањето на правната регулатива со која се регулираат и уредуваат односите во деловниот свет е важно во сите јурисдикции во светот, но и на глобално ниво.

И покрај стагнирањето на бројот на работни места на пазарот на труд интересот за општествените науки и понатаму е доминантен и во континуитет секоја година има пораст на бројот на запишаните студенти. Сето тоа се должи на широкиот спектар на правнички професии инкорпорирани во сите пори на општественото живеење.

Не постои економски развиена, силна и правна држава без професионален, автономен, ефикасен и ефективен правосуден систем. Од тоа какви правници едуцираме зависи каков правосуден систем ќе имаме.

Промовирани огласи »

Кој и до кога треба да пополни даночна пријава?

Датумот за физички лица е до 15 март. Данокот се пријавува во Управата за јавни приходи, којашто има подрачни единици во сите општини.На даночниот обврзник за сторен прекршок ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност, ако не поднесе Аконтативна даночна пријава во пропишаниот рок.

Како се пополнува даночна пријава?

Во УЈП ви даваат образец што се нарекува ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА или попознати како документи наречени ПДД-ГДП. Во него ги внесувате вашите лични податоци на горниот дел од документот. Времетраењето на даночната пријава во редовна постапка е од 1 јануари до 31 декември, а се внесуваат приходите што ви се исплатени заклучно со тие денови. Во делот наречен „остварени приходи“ се наведени 20 параграфи, од кои секој носи посебно име.

Преземете гo интерактивното упатство каде практично е објаснето пополнувањето и начинот на поднесување на Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“).

За приходите кои сте ги оствариле во изминатата 2014 година и за кои имате обврска да ги пријавите во УЈП, поднесете ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА (образец ПДД-ГДП) до даночните канцеларии или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk

  • Преземете го образецот ПДД-ГДП од веб страницата на УЈП
  • (кликни тука)
  • Како да ја пополните Годишната даночна пријава? (преземи видео)
  • Зошто, Кој, Кога, Каде и Како треба да ги пријави приходите во УЈП?
  • (преземи брошура)

Доколку имате дополнителни прашања контактирајте не преку Инфо центарот на бесплатната телефонска линија 0800 33 000.

Задолжително поднесете Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, доколку во текот на 2011година:

  • сте издавале под закуп (кирија) или подзакуп: станбен или деловен простор, гаража, земјиште, викендица, опрема, превозни средства или друг вид на имот;
  • сте склучиле авторски договор, односно сте оствариле приход од авторски права и права од индустриска сопственост;
  • ви била исплатена дивиденда или камати по основ на заем кој сте го дале на физичко или правно лице;
  • сте оствариле капитална добивка од продажба на хартии од вредност на берза, учество на капитал и недвижен имот;
  • сте оствариле добивка од игри на среќа, од спортско обложување, од лото, од ТВ наградни игри;
  • имате лични примања од странство;
  • работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, односно имате лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ или пак остварувате лични примања кај претставници и службеници на претставништва кои уживаат дипломатски имунитет; и сте оствариле и “други приходи”.

ВАЖНО: Не поднесувајте Годишна даночна пријава доколку имате остварено само приход од плата, од пензија, од земјоделска дејност или од самостојна дејност.

Промовирани огласи »

Во четвртото тримесечје од минатата година во Македонија имало 6.470 слободни работни места, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, најмногу слободни работни места има во прехранбената индустрија (2.108), по што следува трговијата на големо и на мало и поправката на моторни возила и моторцикли со 1.379 слободни места. Најмалку слободни работни места има во дејностите поврзани со недвижниот имот (2).

Гледано по занимања најмногу слободни работни места има за работници во услужните дејности и продажбата, а најмалку како за членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.

Најмногу слободни работни места може да се најдат во компаниите со 10 до 49 вработени, а најмалку шанси да се најде слободно работно место има во компаниите со 3 до 9 вработени.

Во однос на бројот на слободни работни места по региони, најмногу шанси за вработување има во Скопскиот регион каде според статистичките податоци, има слободни 3.121 работни места, а најмалку во Полошкиот регион каде се слободни 180 работни места.

Промовирани огласи »

Во Македонија има над 8 илјади слободни работни места – покажуваат податоците на Агенцијата за вработување. Во исто време, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека без работа се 221 илјада 959 луѓе. Од една страна, на пазарот на труд има слободна работна сила, а од друга страна, компаниите имаат потреба од работници со соодветни вештини. Недостига стручен кадар, а со овој проблем се соочуваат и домашните и странските компании. 

Повеќе никој не сака да работи во земјава, сите сакаат да студираат и тоа станува голем проблем за нас. Ова не е само македонски проблем, слична е состојбата и во Австрија и во Германија. Вие имате добро средно стручно образование, но тоа мора да се прилагоди на потребите на бизнисот и потоа да има вработувања“ – вели првиот човек на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер.

Слична е состојбата и во градежниот сектор, каде е веќе предизвик да се најдат слободни и квалитетни работници.

Има работа за градежниците, но се соочуваме со еден реален проблем, немаме квалификувана, мајсторска работна сила“ – вели градежниот бизнисмен Гордан Бошкоски.

Најмногу слободни работни места во Скопје!

Државниот завод за статистика објави дека во последниот квартал од минатата  година, стапката на слободни работни места изнесувала 1,32 процента. Стапката на слободни работни места е највисока во секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“.

Според последните податоци на Заводот, во фирмите со до 9 вработени (микропретпријатија) има 1.354 слободни работни места, а 88.547 се пополнети. Во малите фирми до 49 вработени има 1.978 слободни работни места, а 106.871 се пополнети. Кај средните компании (од 50 до 249 вработени) има 1.532 слободни работни места и 134.392 пополнети. Кај големите компании, пак, односно кај оние фирми со над 250 вработени, има 1.606 слободни работни места, а 153.219 се пополнети.

Анализирано по региони, најмногу слободни работни места има во Скопскиот регион (вкупно 3.121 работно место), следува Пелагонискиот регион со 1.105 слободни места, а најмалку слободни работни места има во Југозападниот, Вардарскиот и во Североисточниот регион. Токму овие региони, како најмалку развиени во земјава, со новата програма за рамномерен регионален развој ќе добијат и најмногу пари. Во Североисточниот ќе отидат 21,5 милиони денари, во Вардарскиот 19,5 милиони денари, а во Југозападниот 17,6 милиони денари.

Унапредувањето на планските региони преку реализација на проекти е одлична можност за јакнење на конкурентноста и за поголем раст на локалната економија, за создавање нови работни места, подобрување на условите за образование, поттикнување на културниот и рекреативниот дух, како и обезбедување подобар животен стандард – вели вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Без работа и доктори на науки

Според податоците на Агенцијата за вработување, заклучно со 31 декември 2016 година, во земјава имало 32 доктори на науки кои се без работа. Уште 541 магистер на наука седат дома и не го применуваат стекнатото знаење. И над 12 илјади и 600 луѓе со комплетирано високо образование седат дома, а состојбата е најлоша кај оние без никакво образование или со завршено основно училиште (44.129 невработени), како и кај оние со завршено средно (над 31 илјада невработени).

Практиканство за стекнување вештини

Еден од начините како да се надмине јазот меѓу понудата и побарувачката на работна сила е континуирано да се прават реформи во образованието за да се профилираат кадри што се потребни на пазарот на труд, а важни се и практиканството и волонтерството уште во фазата на образовниот процес.

Вештините што се добиваат на училиште и факултет генерално не одговараат со она што го бараат работодавците на пазарот на труд. Има долг период на адаптација. На работодавците не им се допаѓа она што го гледаат кај младите кога првпат ќе ги вработат. Тие веднаш сакаат готов кадар, а на младите им е потребно искуство за да можат да станат готов продукт, тоа е еден магичен круг – вели Дамјан Николовски, претседател на Националниот младински совет.

Младите мислат дека веднаш по завршувањето на факултетот ќе можат да се вработат, но не е така. Тие секогаш мора да се дообучуваат за одредени работни места. Младите и додека се на факултет треба да се дообучуваат преку практики и волонтирања за да ја зголемат својата цена на пазарот на труд – вели Александар Трпковски од невладиниот сектор.

Новиот Оперативен план ќе ја топи невработеноста

Почна реализацијата на новиот Оперативен план. Предвидено е да се отворат 10 илјади нови работни места, половината преку проектот „Македонија вработува 2“. Стапката на невработеност до 2020 година е предвидено да се намали до ниво меѓу 17 и 18 проценти.

Малите и средните компании имаат голема можност да продолжат на долг рок да вработуваат луѓе, но и на некој начин да ја обезбедат својата долгорочност или водење бизнис на подолг рок. Со проектот се намалија трошоците за водење бизнис, бидејќи секое вработување намалено за социјалните придонеси е своевидна директна помош – објаснува Миле Бошков од Бизнис -конфедерацијата на Македонија.

Се надевам дека до крајот на оваа година ќе ги постигнеме сите предвидени таргети и не само што ќе ја оствариме бројката од минимум планирани 10 илјади, туку ќе оствариме најмалку 5.000 повеќе вработувања – вели директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »