Промовирани огласи »

Во четвртото тримесечје од минатата година во Македонија имало 6.470 слободни работни места, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, најмногу слободни работни места има во прехранбената индустрија (2.108), по што следува трговијата на големо и на мало и поправката на моторни возила и моторцикли со 1.379 слободни места. Најмалку слободни работни места има во дејностите поврзани со недвижниот имот (2).

Гледано по занимања најмногу слободни работни места има за работници во услужните дејности и продажбата, а најмалку како за членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.

Најмногу слободни работни места може да се најдат во компаниите со 10 до 49 вработени, а најмалку шанси да се најде слободно работно место има во компаниите со 3 до 9 вработени.

Во однос на бројот на слободни работни места по региони, најмногу шанси за вработување има во Скопскиот регион каде според статистичките податоци, има слободни 3.121 работни места, а најмалку во Полошкиот регион каде се слободни 180 работни места.

Промовирани огласи »

Во Македонија има над 8 илјади слободни работни места – покажуваат податоците на Агенцијата за вработување. Во исто време, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека без работа се 221 илјада 959 луѓе. Од една страна, на пазарот на труд има слободна работна сила, а од друга страна, компаниите имаат потреба од работници со соодветни вештини. Недостига стручен кадар, а со овој проблем се соочуваат и домашните и странските компании. 

Повеќе никој не сака да работи во земјава, сите сакаат да студираат и тоа станува голем проблем за нас. Ова не е само македонски проблем, слична е состојбата и во Австрија и во Германија. Вие имате добро средно стручно образование, но тоа мора да се прилагоди на потребите на бизнисот и потоа да има вработувања“ – вели првиот човек на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер.

Слична е состојбата и во градежниот сектор, каде е веќе предизвик да се најдат слободни и квалитетни работници.

Има работа за градежниците, но се соочуваме со еден реален проблем, немаме квалификувана, мајсторска работна сила“ – вели градежниот бизнисмен Гордан Бошкоски.

Најмногу слободни работни места во Скопје!

Државниот завод за статистика објави дека во последниот квартал од минатата  година, стапката на слободни работни места изнесувала 1,32 процента. Стапката на слободни работни места е највисока во секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“.

Според последните податоци на Заводот, во фирмите со до 9 вработени (микропретпријатија) има 1.354 слободни работни места, а 88.547 се пополнети. Во малите фирми до 49 вработени има 1.978 слободни работни места, а 106.871 се пополнети. Кај средните компании (од 50 до 249 вработени) има 1.532 слободни работни места и 134.392 пополнети. Кај големите компании, пак, односно кај оние фирми со над 250 вработени, има 1.606 слободни работни места, а 153.219 се пополнети.

Анализирано по региони, најмногу слободни работни места има во Скопскиот регион (вкупно 3.121 работно место), следува Пелагонискиот регион со 1.105 слободни места, а најмалку слободни работни места има во Југозападниот, Вардарскиот и во Североисточниот регион. Токму овие региони, како најмалку развиени во земјава, со новата програма за рамномерен регионален развој ќе добијат и најмногу пари. Во Североисточниот ќе отидат 21,5 милиони денари, во Вардарскиот 19,5 милиони денари, а во Југозападниот 17,6 милиони денари.

Унапредувањето на планските региони преку реализација на проекти е одлична можност за јакнење на конкурентноста и за поголем раст на локалната економија, за создавање нови работни места, подобрување на условите за образование, поттикнување на културниот и рекреативниот дух, како и обезбедување подобар животен стандард – вели вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Без работа и доктори на науки

Според податоците на Агенцијата за вработување, заклучно со 31 декември 2016 година, во земјава имало 32 доктори на науки кои се без работа. Уште 541 магистер на наука седат дома и не го применуваат стекнатото знаење. И над 12 илјади и 600 луѓе со комплетирано високо образование седат дома, а состојбата е најлоша кај оние без никакво образование или со завршено основно училиште (44.129 невработени), како и кај оние со завршено средно (над 31 илјада невработени).

Практиканство за стекнување вештини

Еден од начините како да се надмине јазот меѓу понудата и побарувачката на работна сила е континуирано да се прават реформи во образованието за да се профилираат кадри што се потребни на пазарот на труд, а важни се и практиканството и волонтерството уште во фазата на образовниот процес.

Вештините што се добиваат на училиште и факултет генерално не одговараат со она што го бараат работодавците на пазарот на труд. Има долг период на адаптација. На работодавците не им се допаѓа она што го гледаат кај младите кога првпат ќе ги вработат. Тие веднаш сакаат готов кадар, а на младите им е потребно искуство за да можат да станат готов продукт, тоа е еден магичен круг – вели Дамјан Николовски, претседател на Националниот младински совет.

Младите мислат дека веднаш по завршувањето на факултетот ќе можат да се вработат, но не е така. Тие секогаш мора да се дообучуваат за одредени работни места. Младите и додека се на факултет треба да се дообучуваат преку практики и волонтирања за да ја зголемат својата цена на пазарот на труд – вели Александар Трпковски од невладиниот сектор.

Новиот Оперативен план ќе ја топи невработеноста

Почна реализацијата на новиот Оперативен план. Предвидено е да се отворат 10 илјади нови работни места, половината преку проектот „Македонија вработува 2“. Стапката на невработеност до 2020 година е предвидено да се намали до ниво меѓу 17 и 18 проценти.

Малите и средните компании имаат голема можност да продолжат на долг рок да вработуваат луѓе, но и на некој начин да ја обезбедат својата долгорочност или водење бизнис на подолг рок. Со проектот се намалија трошоците за водење бизнис, бидејќи секое вработување намалено за социјалните придонеси е своевидна директна помош – објаснува Миле Бошков од Бизнис -конфедерацијата на Македонија.

Се надевам дека до крајот на оваа година ќе ги постигнеме сите предвидени таргети и не само што ќе ја оствариме бројката од минимум планирани 10 илјади, туку ќе оствариме најмалку 5.000 повеќе вработувања – вели директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Промовирани огласи »

Во рамки на пролетниот дел од најголемиот вински натпревар во Германија „Мундус Вини“, сите пет пријавени вина од винарската визба „Тиквеш“ освоија медали и се закитија со три златни и два сребрени медала.

Оваа година, златни медали на овој престижен светски вински натпревар освоија црвените вина: „Вранец Спешл Селекшн“ и „Барово“ од бербата во 2015-та, како и „Домен Лепово Пино Ноар“ од бербата 2014-та. Доделени се и два сребрени медали за црвеното „Каберне франк Спешл Селекшн“ и белото „Домен Лепово Шардоне“, и двете од бербата во 2016-та година.

Од поширокиот регион, покрај петте медали за вината на „Тиквеш“, наградени се уште дополнителни четири вина од Македонија, исто толку со потекло од Хрватска, како и две вина од Србија.

Среќни сме и горди на овој најнов успех на нашите врвни вина. Бројот и квалитетот на добиените медали, како и фактот што тие се освоени во исклучително голема и остра конкуренција на вина од целиот свет, јасно покажува дека сме на регионална водечка позиција и уште еднаш ја потврдува нашата репутација како најрепрезентативен производител на автентични врвни вина од целиот регион“, истакна генералниот директор на „Тиквеш“ Игор Илиевски.

Винарската визба „Тиквеш“ секоја година освојува и по повеќе од 50 признанија, високи оценки од светски познати критичари и медали на најпознатите светски вински натпревари со што го потврдува епитетот најнаградувана винарница од земјава, но и од целиот регион на Југоисточна Европа.

Промовирани огласи »

Вкупната вредност на увозот на облека минатата година достигна 830,4 милиони евра и е за 86,8 милиони евра поголем споредено со претходната 2015 година кога за увоз на облека сме платиле 743,6 милиони евра.

Според последните статистички податоци на Народната банка на Македонија во исто време се намалил извозот на облека од Македонија.

Така во 2016 година на странските пазари сме продале облека во вредност од 464,6 милиони евра што е за 12,5 милиони евра помалку споредено со претходната 2015 година кога извозот изнесувал 477,1 милион евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »