Промовирани огласи »

Вкупната вредност на увозот на облека минатата година достигна 830,4 милиони евра и е за 86,8 милиони евра поголем споредено со претходната 2015 година кога за увоз на облека сме платиле 743,6 милиони евра.

Според последните статистички податоци на Народната банка на Македонија во исто време се намалил извозот на облека од Македонија.

Така во 2016 година на странските пазари сме продале облека во вредност од 464,6 милиони евра што е за 12,5 милиони евра помалку споредено со претходната 2015 година кога извозот изнесувал 477,1 милион евра.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Работите во компанија околу една година и доаѓа време за преглед на извршените задачи. Знаете дека кога станува збор за унапредување, особено кај жените, секогаш постои бариера и разлика во плата, па затоа сте решени да преговарате.

Сакате да се движите кон следното ниво, но вашиот шеф ве гледа како некој кој едвај започнал да работи пред некој месец. Па, како да се преговара иако немате основа за тоа?
 

Еве еден пример кога една ваква ситуација кога амбицијата го надминува искуството:

Работев во една организација околу две години, кога наеднаш се отвори нова позиција за работа во мојот тим. Тоа беше на повисоко ниво, но исто така во различна струка. Решив да се пријавам за разговор иако немав директно искуство во таа струка. Беше катастрофа. Бев премногу самоуверен и немав со што да се докажам. Не бев добро подготвен бидејќи се надевав дека мојата работа зборуваше за мене, и искрено затоа што мислев дека ќе дознаам за што поточно се работи во текот на разговорот. Можеби ке дознаев, но на потпретседателот му беше се потешко да ми каже ”да”.

Ако сте подготвени за нов предизвик, но вашиот шеф не ве зима во предвид, еве неколку примери кои ги дава еден млад професионалец за тоа како можете да се подготвите да се вовлечете во проговори наредниот пат кога ќе се отвори нова прилика.

Разјаснете ја својата цел
Од примерот кој го споделив јас, можете да заклучите дека јас требало подобро и осмислено да ги преиспитам своите цели и да разјаснам со себе си кој ќе беше мојот следен чекор. Ова може полесно да се каже отколку да се направи, во зависност од вашата ситуација, но сепак може да го искористите времето така што ќе го пренесете она што го знаете на оние кои ве поддржуваат.

Без изненадувања
Не разочарувај некој кој ви значи или пак некој од кој ти треба нешто, како унапредување или зголемување на платата. Покажете му на вашиот претпоставен дека имате поставено поголеми цели. На пример, кажете му на шефот дека наредната година очекувате унапредување. Можеби во прв момент ќе бидете уплашени. Доколку сте возбудени, пробајте однапред да го кажете тоа на ваш пријател. Сега вие и вашиот менаџер знаете кон што целите и можете заедно да работите за да утврдите како тоа ќе се случи.

Работете на случајот
Дури и ако вашиот менаџер вели дека не сте подготвени за унапредување, можете да преговарате веднаш за други корисни искуства. Ова најверојатно нема да го чини многу вашиот менаџер, а на вас само ќе ви помогне да напредувате кон целта. Направете план со сите информации кои ги имате за да можете да превземете можности кои ќе ви користат. Тоа може да биде можност за професионален развој како тимски проект, управување со директни извештаи или пак да истакнување пред вашата конкуренција и учење од искуствата на вашиот менаџер. Доколку ви треба вештина која треба да ја знаете, побарајте средства за часови или пак работилница, а потоа најдете начин да го искористите и покажете вашето искуство преку зададените задачи на работното место.
 

Промовирани огласи »

Подигнување на свеста за безбедноста и здравјето при работа на релевантните чинители за унапредување на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа во Република Македонија и како да се најде заеднички дијалог и соработка меѓу граѓанските организации, државните институции и социјалните партнери.

Ова се целите на националната конференција за „Функционирање на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа во компаниите“. Организатори се Македонското здружение за заштита при работа и Сојузот на синдикатите на Македонија.

Конференцијата е последна активност од проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина – Основно човеково право“.

Проект менаџерот од Македонското здружение за заштита при работа Весна Ристовска информира дека во рамки на проектот биле организирани десет информативни состаноци во десет града низ државата, со граѓански организации, државни институции, претставници на работадавчите и работниците.

Од ситуацијата на терен може да се види дека работниците и работодавачите се соочуваат со проблеми во својата работна средина. Работниците не се информирани за правата и обврските во однос на безбедноста и здравјето при работа, права кои произлегуваат од Законот за безбедност и здравје при работа, Колективниот договор и општите акти на работодавачот. Постои ниска свест во однос на безбедноста и здравјето при работа и имаме недоследна примена на Законот за безбедност и здравје при работа, изјави Ристовска.

Таа појасни дека виделе компании кои максимално се залагаат за безбедноста и здравјето при работа на своите вработени, но, како што рече, има и компании кои сметаат дека инвестирањето е трошок.

Според неа, во Македонија треба да се спроведе формирање БЗР одбори во рамки на компаниите, кои функционираат во многу европски држави и доследна примена на законската регулатива.

Големите компании веќе ја имаат препознаено придобивката од инвестирањето во БЗР и треба да се фокусираме на малите и средните претпријатија. Повеќе сектори се засегнати, текстилната индустрија, земјоделскиот и градежниот сектор, рече Ристовска.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски истакна дека без безбедни и здрави работни места нема напредок во општеството, нема обезбедување профит и сигурни работни места.

Основното човеково право за здрави и безбедни работни места мора во Република Македонија на максимално ниво да биде имплементирано. Имплементирано е само ако се реализира преку едно заедничко дејствување на социјалните партнери, преку синдикатите, работодавачите со активно партиципирање на сите оние инструменти и механизми кои и стојат на располгање на државата да го спроведе тој закон и во претпријатијата, рече Митревски.

Според него, без постоење синдикат во работните средини многу потешко работниците можат да дојдат, да ја обезбедат својата безбедна и здрава и работна средина.

Непостоењето колективно договарање, преговарање и имплементирање на дел од овие законски основи за здрави и безбедни работни места во колективните договори исто така претставува аномалија, која треба да се надмине. Без едуцирање, без подигнување на свеста за значењето и безбедноста за работа на работодавачите, работниците, на сите оние кои треба да го спроведуваат законот, не можеме да зборуваме за здрави и безбедни работни места, истакна Митревски.

Претседателот на Македонското здружение за заштита при работа Милан Петковски потенцира дека во Македонија уште треба да се работи на оваа тема и да се работи на култура на превентивно делување, односно сите заинтересирани страни да работат.

Доколку ние стратешки заедно не пристапиме кон решавње на овој проблем, а тоа е губење на способната работна сила во Македонија реално ќе се соочиме со горката вистина дека им понатаму ќе тонеме во бездната на сиромаштија, на неедуцираност, на безизлезност, рече Петковски. Додаде дека трендот од еден загинат на работното место и понатаму продолжува. Најави дека на 28 април ќе го објават Годишниот извештај за 2016 година.

Претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров појасни дека формално-правно сите компании имаат направено проценка на ризик, проверка на условите за работење…

И покрај тоа ни се случуваат несреќи. Законот треба да се имплементира директно на работното место. Залудно ќе бидат направените финансиски трошоци за сите проценки, ако тие не дадат резултат на самото работно место. Тие треба да се спуштат на работното место и да се имплементираат, да не останат само на хартија, рече Димитров.

На конференцијата присуствуваат повеќе од 80 учесници од Македонија и од регионот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »