Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Подигнување на свеста за безбедноста и здравјето при работа на релевантните чинители за унапредување на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа во Република Македонија и како да се најде заеднички дијалог и соработка меѓу граѓанските организации, државните институции и социјалните партнери.

Ова се целите на националната конференција за „Функционирање на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа во компаниите“. Организатори се Македонското здружение за заштита при работа и Сојузот на синдикатите на Македонија.

Конференцијата е последна активност од проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина – Основно човеково право“.

Проект менаџерот од Македонското здружение за заштита при работа Весна Ристовска информира дека во рамки на проектот биле организирани десет информативни состаноци во десет града низ државата, со граѓански организации, државни институции, претставници на работадавчите и работниците.

Од ситуацијата на терен може да се види дека работниците и работодавачите се соочуваат со проблеми во својата работна средина. Работниците не се информирани за правата и обврските во однос на безбедноста и здравјето при работа, права кои произлегуваат од Законот за безбедност и здравје при работа, Колективниот договор и општите акти на работодавачот. Постои ниска свест во однос на безбедноста и здравјето при работа и имаме недоследна примена на Законот за безбедност и здравје при работа, изјави Ристовска.

Таа појасни дека виделе компании кои максимално се залагаат за безбедноста и здравјето при работа на своите вработени, но, како што рече, има и компании кои сметаат дека инвестирањето е трошок.

Според неа, во Македонија треба да се спроведе формирање БЗР одбори во рамки на компаниите, кои функционираат во многу европски држави и доследна примена на законската регулатива.

Големите компании веќе ја имаат препознаено придобивката од инвестирањето во БЗР и треба да се фокусираме на малите и средните претпријатија. Повеќе сектори се засегнати, текстилната индустрија, земјоделскиот и градежниот сектор, рече Ристовска.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски истакна дека без безбедни и здрави работни места нема напредок во општеството, нема обезбедување профит и сигурни работни места.

Основното човеково право за здрави и безбедни работни места мора во Република Македонија на максимално ниво да биде имплементирано. Имплементирано е само ако се реализира преку едно заедничко дејствување на социјалните партнери, преку синдикатите, работодавачите со активно партиципирање на сите оние инструменти и механизми кои и стојат на располгање на државата да го спроведе тој закон и во претпријатијата, рече Митревски.

Според него, без постоење синдикат во работните средини многу потешко работниците можат да дојдат, да ја обезбедат својата безбедна и здрава и работна средина.

Непостоењето колективно договарање, преговарање и имплементирање на дел од овие законски основи за здрави и безбедни работни места во колективните договори исто така претставува аномалија, која треба да се надмине. Без едуцирање, без подигнување на свеста за значењето и безбедноста за работа на работодавачите, работниците, на сите оние кои треба да го спроведуваат законот, не можеме да зборуваме за здрави и безбедни работни места, истакна Митревски.

Претседателот на Македонското здружение за заштита при работа Милан Петковски потенцира дека во Македонија уште треба да се работи на оваа тема и да се работи на култура на превентивно делување, односно сите заинтересирани страни да работат.

Доколку ние стратешки заедно не пристапиме кон решавње на овој проблем, а тоа е губење на способната работна сила во Македонија реално ќе се соочиме со горката вистина дека им понатаму ќе тонеме во бездната на сиромаштија, на неедуцираност, на безизлезност, рече Петковски. Додаде дека трендот од еден загинат на работното место и понатаму продолжува. Најави дека на 28 април ќе го објават Годишниот извештај за 2016 година.

Претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров појасни дека формално-правно сите компании имаат направено проценка на ризик, проверка на условите за работење…

И покрај тоа ни се случуваат несреќи. Законот треба да се имплементира директно на работното место. Залудно ќе бидат направените финансиски трошоци за сите проценки, ако тие не дадат резултат на самото работно место. Тие треба да се спуштат на работното место и да се имплементираат, да не останат само на хартија, рече Димитров.

На конференцијата присуствуваат повеќе од 80 учесници од Македонија и од регионот.

Промовирани огласи »

Кој не ако Evan Blass! Популарниот твитерџија кој ги протекува сите уреди во супериорни детали, сега ни го претстави најочекуваниот смартфон за овој месец, Galaxy S8. Него веќе го видовме во неколку протечени фотографии и видеа досега, но оваа е со убедливо највисока резолуција и јасност и може уште отсега да заклучиме – Galaxy S8 сигурно ќе биде бестселер. Бонус – одлични протечени фотографии и од BGR.

Сега, скоро и да нема нешто што не е познато за двете нови S8-ки. Стандардниот модел ќе има 5,8 инчен дисплеј, додека S8+ ќе има 6,2 инчен дисплеј. Ви се чинат премногу големи? Како и LG G6 и тие ќе имаат висок и тесен сооднос на страните од 18,5:9, што значи дека ќе бидат полесни за држење со една рака.

Околу дисплејот рамката ќе биде минимална. Таа е особено намалена во горниот и долниот дел, додека страните ќе бидат закривени како кај “Edge” моделите досега. Поради малата рамка, читачот за отпечатоци ќе биде поставен назад до камерата, додека навигационите Android копчиња ќе бидат заменети со виртуелни во самиот оперативен систем.

Galaxy S8 ќе биде вистински ѕвер од смартфон, со освежена камера, нови моќни процесори, подобрен софтвер со нов Bixby дигитален асистент и DeX можност за користење на смартфонот како десктоп компјутер итн. Galaxy S8 ќе биде официјално претставен на посебна промоција во Њујорк на 29 март, но сигурен сум дека до тогаш ќе имаме уште по некоја информација, фотографија или видео.

Промовирани огласи »

Доколку отсекогаш ви било желба да го посетите (или да се преселите во) Нов Зеланд, сега ви е шансата!

Технолошката индустрија во Велингтон, Нов Зеланд, регрутира експерти од целиот свет, и нуди еднонеделно бесплатно патување за 100 кандидати! Има само една мала финта – морате да докажете дека ја сакате работата и заслужувате интервју.

Овој проект го нарекоа “Глобална програма за привлекување на таленти”, и на 100 потенцијални кандидати ќе им биде платено патувањето и сместувањето во Нов Зеланд цела недела. Се бараат софтвер-девелопери, креативни директори, продукциски менаџери, аналитичари и дигитални стратези.

Доколку мислите дека вредите, или едноставно сакате да си ја испробате среќата, можете да аплицирате до 20 Март на www.wellingtonnz.com/work/looksee-registration/, а до тогаш еве ви видео за мотивација:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »