Промовирани огласи »

Нептун Македонија ја лансираше првата бесплатна мобилна апликација во Македонија за онлајн шопинг на апарати за домаќинство, бела техника, телевизори, смартфони, компјутери и останати апарати кои се во нивното портфолио.

Онлајн купувањето никогаш не било полесно! Преку вашиот смартфон може да ги погледнете сите производи, да ги изберете и платите и истите да ви бидат доставени до вашиот дом или пак да ги подигнете од 25-те Нептун продавници ширум Македонија.

Придобивка плус и голем напредок во онлајн купувањето во државава е овозможувањето на купувачите кои се дел од лојалната програма “haPPy” да можат да ги користат бенефициите и онлајн. Тоа се: повластените “haPPy” цени (цените со попуст), добивање и користење на наградните поени и стекнувањето на нивоа на лојалност. Со најавувањето на вашиот “haPPy” акаунт ќе имате увид во: набавените производи, добиените поени, нивото на лојалност и вашата "haPPy" картичка во дигитална форма.

Со мобилната апликација бидете секогаш во тек со промоциите на Нептун. За секоја голема промоција ќе добивате нотификација на вашиот смартфон! Симнете ја NEPTUN мобилната апликација на линковите:

Play Store: https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.neptun.neptunapp

App Store: https://itunes.apple.com/us/app/neptun-makedonija/id1459509929?mt=8

Со NEPTUN - Мобилната апликација потрошувачите ќе може:

• да ги разгледуваат производите и брзо и едноставно да купуваат онлајн

• да се информираат за акции и промоции

• да добиваат Push нотификации за новости, акции, промоци и за стекнат нов “haPPy”ваучер

• преку вграден “barcode reader” во апликацијата ќе може со скен на баркод на одреден производ од портфолиото да го разгледаат детално и во дигитална форма

• да имаат увид во својот online haPPy акаунт: haPPy поени за ваучери и haPPy поени за нивоа на лојалност

• во својот online haPPy акаунт членовите на haPPy лојалната програма ќе ја имаат својата “Дигитална happy картичка”

Нептун Македонија е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника, апарати за домаќинство, телевизори, компјутери, лаптопи, телефони, производи за нега и убавина, апарати за ладење и греење. Нептун 20 години е присутна на македонскиот пазар и е застапена со 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, Нептун долго време е апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија е дел од групацијата „Балфин" која во Македонија е актуелна со изградбата на трговскиот центар “East Gate”.

Промовирани огласи »

HAPPY WEEK акција во „Нептун" со големи попусти и до 48 рати без камата на сите производи! Од 27.05-03.06, потрошувачите ќе може да купуваат по промотивни – haPPу цени со големи попусти и до 48 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и со синдикална продажба.

Во неделата на големи попусти и рати без камата потрошувачите може да најдат најголем избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, електрични тротинети, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta. Целокупната понуда за HAPPY WEEK може да се разгледа на https://www.neptun.mk/.

„Нептун" има и широка палета на услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, разни типови на достава, онлајн продажба, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

Овој месец „Нептун" ја лансираше својата нова мобилна апликација NEPTUN за онлајн шопинг која може да ја симнете на App Store или Play Store. Покрај онлајн купување, мобилната апликација на клиентите им овозможува да се информираат за сите тековни акции и промоции на лесен и едноставен начин. На овој начин, потрошувачите во Нептун добиваат најдобро можно купувачко искуство преку одбрана селекција на производи со докажан квалитет и услуги кои креираат дополнителна вредност.

„Нептун" најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника и апарати за домаќинство е присутна 21год. на македонскиот пазар, и е застапена со 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун" е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. „Нептун" е дел од групацијата „Балфин" која во Македонија е актуелна со изградбата на трговскиот центар “East Gate”.

Промовирани огласи »

Ексклузивно за KARIERA.mk, Коста Петров го сподели своето искуство од ЕВРОСОНГ 2019, ни раскажа за приказната што стои за песната "PROUD", зад-сценските случувања и дека иако сме мала земја можеме да направиме големи работи и како се победува.


✔️

Промовирани огласи »

По раѓањето на вашето бебе, враќањето на работа претставува уникатен предизвик. Некои од тие предизвици се;

  •  АНКСИОЗНОСТ ПРЕДИЗВИКАНА ОД РАЗДЕЛБА.

Кога ќе дојде денот да се вратите на работа, бидете цврсти и сигурни во себе. Вашето бебе внимателно ќе ги набљудува вашите емоции. Можете да плачете додека возите, но не пред Вашето бебе. Тоа може да потрае неколку дена (или повеќе!), Но ќе го поминете чувството на "напуштање" на вашето дете и ќе го цените толку многу кога ќе се вратите повторно заедно.

  •  ОЧЕКУВАЈТЕ ТЕШКИ ДЕНОВИ.

Не плашете се да побарате помош. Ние сме луѓе, а не роботи. Однесувајте се кон себе со простување.

  •  ПРИФАТЕТЕ ГИ ДОБРО ВАШИТЕ ПРОМЕНИ.

Потсетете се на сите дополнителни вештини што сте ги стекнале преку родителството. Ти си веројатно подобар мултитаскичар, точно знаеш како да извлечеш максимум од се и веќе имаш поширока перспектива на битките што вредат да се борат. Секако дека ќе има многу нови предизвици кога ќе се вратите на работа, но сметајте ги новите квалитети што ги имате.

  •  САКАЈТЕ СЕ СЕБЕСИ.

Планирајте нешто што ќе го направите за себе, и секој ден правете го тоа 20 минути; 10 е премногу кратко време за да ги почувствувате придобивките, а 30 минути е премногу долго за да се почувствува дека е остварливо. Не дозволувајте да паднете на грб на вашата листа на приоритети.

Среќна мајка, среќно бебе, среќен бизнис.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »