Промовирани огласи »

Во летниот период посебно во јуни, јули и август,  пред шалтерите на управните служби на МВР каде што се издаваат патни исправи врие како во кошница.

Догите колони ги прават гатербајтерите кои се враќаат во земјава и престојот го користат да ги заменат старите со нови патни исправи, како и летните одмори. 

 Дневно како што велат од МВР се издаваат 1.200 до 1.500 пасоши, а потребите се околу 2.500.па поради тоа се создаавт нервози кај граѓаните. 

Промовирани огласи »

Цената на биткоинот надминала 9000 долари во неделата, под влијание на извештаите дека Фејсбук наскоро ќе покрене сопствена криптовалута.

Вредноста на биткоинот во изминатите 24 часа достигнала ниво од дури 9381,82 долари, според ценовниот индекс CoinDesk, пренесе CNBC, и потсетува дека последен пат кога биткоинот достигнал цена од 9 000 долари било во мај 2018 година.

Од почетокот на тековната година, вредноста на оваа дигитална валута скокнала за 140 отсто. Биткоинот, меѓутоа денес забележал благ пад од 1,5 отсто, на 9 157,59 долари.

На скокот од криптовалутите влијаела веста дека Фејсбук наводно веќе утре ќе лансира сопствен крипто токен, додека неколку медиуми пренесоа дека вработените во таа компанија ќе можат да примаат плата во новата валута.

Биткоинот направи воодушевувачки пресврт во оваа година, по тешката 2018 кога за таа валута е регистриран пад од преку 70 отсто.

Експертите тврдат дека вклучување на големите компании, како Фејсбук и AT&T, во крипто просторот им помага подигање на довербата бидејќи дава одреден степен на легитимност на таа индустрија која долго ја оптеретуваат приказната за илегални активности, шпекулатувна трговија и регулаторна контрола.  AT&T минатиот месец соопштил дека ќе почне да прифаќа крипто плаќања низ партнерство со БитПеј.

Промовирани огласи »

Потсетување до сите граѓани на Град Скопје дека акцијата за плаќање на заостанатите сметки за смет и вода без камата трае до 28 јуни.

ЈП Водовод и канализација - Скопје и ЈП Комунална хигиена - Скопје ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање се до 28 јуни.

Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.

Промовирани огласи »

Expat Explorer е сајтот кој ги објави резултатите од анкетата направена со иселеници за тоа која земја е најдобра за живеење.

Сингапур го зазема првото место, како најдобра земја за оние кои сакаат да се отселат и вработат. Германија каде мигрираат голем број луѓе, сепак е на последно место од избраните земји. 

Листа на десет најдобри земји за имигранити:

Сингапур

Нов Зеланд

Канада

Чешка

Швајцарија

Норвешка

Австрија

Шведска

Бахреин

Германија

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »