Промовирани огласи »

Expat Explorer е сајтот кој ги објави резултатите од анкетата направена со иселеници за тоа која земја е најдобра за живеење.

Сингапур го зазема првото место, како најдобра земја за оние кои сакаат да се отселат и вработат. Германија каде мигрираат голем број луѓе, сепак е на последно место од избраните земји. 

Листа на десет најдобри земји за имигранити:

Сингапур

Нов Зеланд

Канада

Чешка

Швајцарија

Норвешка

Австрија

Шведска

Бахреин

Германија

Промовирани огласи »

На листата на најсреќни земји на светот, Финска повторно го зазема првото место, додека Македонија се најде на 84 место. Најсреќни балканци се Словенците позиционирани на 44. место, потоа следува Србија на 70. Црна Гора на 73. Хрватска на 75 место, а од Македонците посреќни се дури и жителите на Босна и Херцеговина која на оваа листа се наоѓа на 78 место.

Резултатите од испитувањето на нивото на среќа се објавени на страницата Ворлд Хепинес Репорт, а зад Финска се најдоа Данска, Норвешка, Исланд, Холандија, Швајцарија и Шведска.

Унгарија се наоѓа на 62. Грција на 82, додека меѓу среќни земји се сметаат и Нов Зеланд 8. Канада 9. Австрија 10 Австралија 11 и Луксембург на 14. место.

Велика Британија, Германија и Франција се наоѓаат на 15., 16. и 17 место, Русија на 68., а САД на 19. место.

Најлошо рангирани се Централната Африканска Република на 155., Авганистан на 154. Руанда на 152. и Јемен на 151 место,

Листата на најсреќните земји се прави на основа на тоа колку се задоволни граѓаните на една земја, а го спроведува мрежата на Обединетите нации за одржливи развојни решенија во соработка со Фондацијата Ернесто Или.

Промовирани огласи »

Од минатиот понеделникот за три денари се намалија ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два ипол денари, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 изнесува 66,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/лит. Маопродажната цена на дизелот е 60 ден/лит, додека
на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 49,50 ден/лит.

Цената на мазутот се намали за 1,267 ден/кг така што неговата малопродажна цена сега изнесува 33,851 ден/кг.

Со оваа најнова одлука, се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек
за 4,18 проценти.

По продолжениот викенд нова цена на горивата. Останува да видиме дали денеска РКЕ ќе ги намали или зголеми цените.

Промовирани огласи »

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 22.000 денари е објавен денеска и ќе трае до 30 август, а користењето на годишниот одмор ќе може да се реализира најдоцна до 30 ноември 2019 година.

Документите потребни за аплицирање се објавени на веб-страницата на Министерството за економија, како и деталите за потребната документација, а можат да се обезбедат и преку архивата на Министерството.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, рече дека со оглед на зголемениот интерес на граѓаните, и оваа година ќе продолжи мерката преку која на работниците со ниски примања им се овозможува користење на годишен одмор.

Оваа мерка ги постигна резултатите уште во првата година. Во 2018 година беа издадени над 1.700 потврди, што значи толку семејства искористија одмор во туристичките места низ државата, што резултираше со раст на бројот на домашни туристи во 2018 година за 12 %, во споредба со 2017. Притоа, најпосетени места беа Охрид, Попова Шапка, Маврово и Берово. Оваа година издвоивме 20.000.000 денари за оваа цел, така што сите вработени кои ги исполнуваат условите месечните примања во семејството да не надминуваат нето приход од вкупно 22.000 денари, ќе имаат право на субвенции од 15.000 денари. Корисниците на овие ваучери ќе имаат на располагање голем број категоризирани хотели во земјата за сместување кои се претходно пријавени во Министерството за економија и со кои имаме склучено договор за соработка, истакна Бектеши.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »