Започна уписот на нови ученици низ средните училишта во земјава. Полуматурантите денес и утре ќе одлучат каде сакаат да го продолжат своето знаење, што ќе изберат.
Во последните неколку години најголем интерес од страна на завршените основци има за гимназииските паралелки, за економија и медицина. Кои струки ќе ги изберат учениците ќе се знае до крајот на овој упис.
Потребните документи кои треба да ги достават учениците за упис во некое од средните училишта во земјава се: Пријава за запишување, оригинални свидетелства од VI до IX одделение, извод од матичната книга на родените и дипломи доколку ученикот има освоено од некои државни натпревари.
Надлежните секоја година ги повикуваат учениците внимателно да ја изберат насоката на образование бидејќи, најмогу на пазарот на труд се бараат медицински лица, техничари, информатичари, занаетчии.
Средните училишта денес и утре ќе ги отворат вратите за своите идни ученици, но сите оние полуматуранти кои нема да успеат во првиот уписен рок да се запишат во средно училиште ќе може да го направат тоа на 24 и 25 јуни годинава.
Дали полуматурантите се запишале во средното образование кое го сакаат и кои се останати места низ средните училипта ќе знаат идните средношколци на 26 јуни.